1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кодот на Да Винчи / The Da Vinci Code (Ден Браун)

Дискусија во 'Книги' започната од SexyLady, 19 март 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Книгава сеуште ја читам, но морам да признаам - ненормално многу ми го привлече вниманието.
    Деталните описи, сликовитите претставувања на настаните, навраќањата, заплетканоста на дејството... едноставно „шифри во шифри“ што би рекол Браун. :inlove:
    Културна, уметничка, религиска, литературна вредност. Иако сеуште не го знам крајот - вреди да се прочита, или барем да се почне - зашто ниедна страна нема да ве остави рамнодушни.

    Ваши впечатоци...? :)
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Една од најпродаваните книги на сите времиња, ја прочитав до крај сакав да ја знам мистеријата едноставно ме влечеше. Го гледав и филмот но сепак ќе речам дека книгата е милион пати подобра од филмот.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.769
    Пол:
    Женски
    Mене од сите негови книги оваа најмалку ми се допадна. Ангели и демони ми беше многу подобра, а исто и Точка на измама :)
     
    На Mygirl и SexyLady им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Книгата почнав да ја читам, но престанав, бидејки некако има преувеличување на некои одредени работи, како симболи, па дел од уметноста : цртежи, скици,слики, трактати, кои се според мене на погрешен начин толкувани.Како за пример, трактатите на Леонардо, кои содржеле некакви скриени информации во врска со Библијата; познатата слика на Леонардо „ Тајната вечера “ со констатација дека апостол Јован, кој е претставен до Исус, дека бил женско итн.
    Целта која Ден Браун сакал да ја постигне, а што му успеало очигледно, а тоа е продажба на книгата во голем број примероци, со самото тоа што тој го напишал во книгата, успеал да промени работи во уметноста, религијата, постигнување слава,без разлика на точноста на информациите наведени во неговата книга.Покрај тоа,привлечно е и дејствието каде што се одвива Франција,познатиот музеј Лувр, па споменување на Италија итн.
    Книгата ја имам дома,ете како што кажав ја почнав, но не ја довршив од таа причина што ја споменав претходно,затоа што кога веќе човек нешто знае од претходно,потоа не му е интересно да чита нешто што се повторува или преувеличува.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Горде зошто се сомневаш во тоа што го напишал за сликата Тајната вечера за Јован? Јас мислам дека е женско тоа на сликата, пред да ја почнам книгава (инаку сум стигната некаде после средината) се интересирав за Да Винчи и неговите дела и без сомнение е тоа дека човекот уживал да вметнува некои свои симболи и дека самата слика Мона Лиза е дво полово суштество, така не ме чуди ни за оваа слика дека всушност тоа до Исус не е Јован туку е Марија Магдалена. Кога би ги споиле Исус и Марија Магдалена на сликата излегува дека таа му лежи на рамото. Незнам сепак, твое мислење е , јас мислам дека има доста вистини во книгата а и доста логика, некако се е со образложение, а и сигурно не ја пишувал самиот врз база на претпоставки, предходно сигурно доста истражувал во врска со настаните од книгата.
     
    На Lella, BV87, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Офи затоа што знам што и како цртал,сликал Леонардо.Начинот на сликање во ренесансниот период ( 14 - 16 век) е таков каде што во претставувањето на потрет на машко,се дава карактеристика на женско.Но, не само во сликата на Леонардо, туку тоа може да се види во било која црква тука низ Македонија, фреската Тајната вечера,начинот на претставување на 12 апостоли е стандард, нешто што е непроменето со векови и неможе да се промени затоа што е иконографија.Леонардо не вовел апсолутно ништо ново во сликата Тајната вечера.Претпоставувам дека и тоа што збунува е дел од ракописот на Леонардо кој го пишувал од десно кон лево т.е. огледало ефект.Сигурно на сликата до Исус е претставен апостол Јован, нема претстава на женско.Затоа и реков претходно за да Ден Браун ја распродаде книгата во голем број примероци, тој мора во неа да вметне нешто што ќе го заинтригира читателот и ќе почне да размислува дали има вистина во тоа или не, инаку без тоа книгата нити ќе има слава, а нити ќе биде распродадена.Меѓутоа ете му текнало на кој начин.Доколку веќе Ден Браун сакал да го потврди тоа што го напишал во книгата, би требало да ги прочитал античките автори кои секако имаат веродостојни податоци за тоа време.Марија Магдалена во сликата не е претставена,затоа што како што кажав претходно,нити во иконографските,а нити во Библијата е спомнато тоа дека за време на Тајната вечера присуствувала Марија Магдалена, па со самото тоа Леонардо се водел според стандарната програма кога се работи за претставувањето на сцени од Библијата.Исто така и не би рекла дека Леонардо уживал да претставува симболи.
    Додека за Мона Лиза Џаконда, некои велат дека не постоела, дека била само измислица,таа секако дека постоела,била жена на познат човек Џаконда ( во моментов не ми текнува на името,само презимето) во ренесансниот период.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Додека ја читав книгата нон-стоп станував за да побарам на интернет било некоја слика, било место, податок спомнат во книгата и се што ќе најдев беше изненадувачки точно. Верувале или не во таа теорија презентирана во книгата и размислувајќи за книгата само како литературно дело , сметам дека оваа книга е бестселер на деценијата.
     
    На Lella, iveflower и SexyLady им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Горде, во книгата пишува дека во Библијата воопшто не биле преставени неколку евангелија кои постоеле истите биле запалени и уништени и многу е логично тоа што низ текот на вековите/годините сеедно за каков временски период станува збор жената е омаловажувана и погазувана. Од таму ми иде таа логика дека евангелието на Марија Магдалена постоело но не е ставено во Библијата со цел да не се наруши сликата за Исус која ни ја претставува самата Црква. За Мона Лиза имам читано дека е можно да е автопортрет на Да Винчи, некаде пишува дека тоа е всушност мајка му. Не се знае точната информација дали постоела и дали е двополово суштество. Се се тоа претпоставки.

    Sanjaeva, и јас цело време пребарувам по интернет за секоја информација што ќе ја најдам. Од таму ми се и заклучоциве дека книгава има доста точни работи. :)
     
    На SexyLady и MiDnIgHtLaDy им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Џабе пребарувате. Си кажа убаво Ден Браун дека местата се вистински, но не и настаните и ликовите. А приказната за светот грал, Марија Магдалена и сл му се превземени од друга книга. Он тоа го нарекол истражување, демек соработувал со тие автори. Нема никакви факти и докази за сите тие мистерии што тој ги открива
    Секоја чест за него што сите тие работи ги склопил на таков начин да биде лесен и интересен за читање. За пушувањето негово немам зборови, си ја завршил работата супер

    Ама да веруваш во овие идеи....мееех
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Да, точно е дека нема факти, но се претпоставки кои имаат и те како логика :) Незнам дали јас забегав, дури наликувам на некој портпарол, ама навистина сум под импресии од книгава, а и може тие претпоставки од другите книги да имаат некој дел вистина. Не се знае, затоа се викаат претпоставки :) Ме интересира како ќе заврши книгава ама не се осудив да читам на крајот, да не го расипам впечатокот и возбудата од текот на настаните :lol:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Аха, ти си во тек на читање, јасно :D и јас бев такава цела под импресии, барав, читав се и сешто. Ама ќе видиш дека колку повеќе информации собираш, појасно ќе ти биде дека книгава е само фикција, и колку многу дупки има. Ама да не навлегувам, читај си ја, и не ѕиркај назад. Стварно вреди да се прочита, макар и што некои не ја сакаат зашто била комерцијала. Како и да е, мене ми беше забавна и неможев да ја оставам додека не ја прочитав цела.
    Незначи дека ако не читаме само Достоевски по цел ден дека ништо не разбираме :) книгава е баш за забава, трилер
     
    На SexyLady, Phyramide, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јес сер :D Да и во моментов ја читам книгата. 299та страна. Седам во темно и ми свети само од мониторов. Ама нема да ја оставам додека не ја дочитам до крај, макар да седам незнам до кога :D
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ја прочитав во еден здив. Лесна литература која според мене е направена за долги одмори.
    Стилот на пишување ми се допаѓа, но крајот ужасно многу ме разочара.
    Холивудски, американски, евтин
    :|
    Сепак контроверзна книга која привлекува читатели, тоа мора да му се признае на Ден Браун.

    Интересен беше периодот кога книгава стана толку многу популарна, што некои одеа специјално во Париз, да ги следат сите места кои беа спомнати во книгата. Се сеќавам токму тој период бевме отидени за Париз со бившиот и тргнавме да ја видиме црквата St. Sulpice, и буквално среќававме групи туристи, со книгата во рака кои итаа кон истата црква |(
    И после ми се скрши филмот :) Немав воља да прочитам уште една негова книга. А Ангели и демони ми ја фалеа повеќемина но ете - еднаш се разочарувам и не давам шанса, а можеби би требало :)
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Пирамид, јас ја читав и Точка на измама од него, ама таа не ми се допадна воопшто, а за Ангели и демони не можам да дискутирам, од причина што, не ми е читана.

    А за Кодот можам да кажам дека ми беше многу интересен додека го читав, типичен трилер кој држи во неизвесност до самиот крај, ама не се врежа длабоко во мојата потсвест како некои други книги ;)
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.203
    Допаѓања:
    56.780
    Пол:
    Женски
    Кодот на Да Винчи е роман фикција, така и ќе го најдете класифициран секаде. Не е историски роман.
    Самиот тој изјавил дека тоа што го прави е зема факти, им додава фикција (многу фикција, би додала), и раскажува приказна.

    Нема потреба некој да го напаѓа поради лагите во неговите книги, затоа што всушност на тоа се темели овој жанр. Но немојте и да верувате во тоа што ќе го прочитате.
     
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Во врска со крајот... не ми се верува кој е Учителот... :o :o :o :o
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Само што ја завршив и уште сум воодушевена. Од толку трагање на крај излезе дека Светиот Грал им бил пред нос :lol:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сепак би било добро да се прочита нешто за Леонардо, колку да се види разликата во тоа што го напишал Ден Браун,секако чисто информативно и за сопствена надградба на знаењето, со самото тоа ќе се види каков тип на книга е, нејзината суштина.Без разлика на вистинитоста во книгава,сепак потикнува човек да размислува, истражува, филозофира :D па и во вакви интересни дебати да учествува, но не заради тоа дека ќе докаже нешто :) меѓутоа на нас останува дали ќе веруваме во тоа што е напишано или не :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dusicka.musicka

    dusicka.musicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Многу ми се допаѓа книгата Кодот на Да Винчи.Ја имам прочитано книгата и го имам гледано филмот...книгата е 100 пати подобро од филмот...и добро е што ја видов темава...пак ќе ја читам...а ако може некој предлог за книга ...нешто мистерии...така...оти ненормално читам книги... (малку се фалам :$ )
     
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Дефинитивно една од најдобрите што ги имам прочитано...Ме остави без здив ;) :up: