Ја имам читано книгава и имам исто така читано дека во оваа книга има многу грешки(неточно напишано) еве неколку од нив... http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=41
Едно време обожавав вакви загодочни, мистериозни и полни со "кодови" книги кои откриваат чудесни тајни кои човештвото демек не ги знае (Сега ми здосадија-Изгледа нема што повеќе да одгатнам ) Убавината е во тоа што авторот доколку е мајстор во својата работа ќе измисли и "вистински факти" кои ќе те натераат да се подзамислиш дали е ова можно или сепак не Оваа дефинитивно ми беше една од поинтересните. Полна со акција, мистерии и прашања што ќе се случи понатаму затоа што ситуациите ретко се предвидуваа. Секако не треба да слепо да се верува на се што ќе прочитаме бидејки кај овој тип книги тоа е пракса. Во секој случај забавен и возбудлив трилер.
Кодот на Да Винчи -книга која ме остави без зборови со многу мисли и неодгатнати дејствија. Доста работи си ги разјаснив но доста останаа да лебдат во мојата глава. Пред се за тоа што го зборите, „ Тајната вечера “ сликите и некој негови објаснувања, имаше документарец пред некое време токму за тие гледишта за „Тајната вечера“ , „ Мона Лиза “ и голем број научници го потврдија тоа дека може личноста која се потпира на Исус да е Марија Магдалена, дека тие мора да имаат деца........ како и да е кој сака нека ја прочита книгата феноменална е па секој нека си даде свој заклучок и размислување за работите.
Одамна ја прочитав, додека читав не ми се оставаше,да видам што следно ке се случи а за оние кои ја побиваат- книгата е трилер а не научен труд па да се фатиме за тоа што е вистина а што не во неа пред некое време на нет ја најдов најновата книга од Ден Браун ама за жал при формат отиде во неврат ако некој го има линкот нека пише
Многу подобра од Ангели и демони. Барем за мој вкус. Комплетно мој тип на книга, иако ми е смачено од тоа да има секогаш некој пар на крајот и оп ќе се бацат на крај. Ама претпоставувам дека и тоа ме привлекува да ја читам книга колку-толку. Ја прочитав прво неа, па Ангели и демони. Првата дури да трепнеш ја имав завршено, а Ангели и демони ја влечкав, ли влечкав. Некој лош, чуден распоред направив. Книга која апсолутно ме поттикна да читам и понатаму, и се уште го паметам моментот кога се заинтересирав за читање. Ја држев во рака како свето нешто.
Една од подобрите книги што ја имам прочитано..има што да научиш ново од неа и посебно ми се допаѓа мистериозноста во неа..ниедно дејствие не е откриено до крај...да работи малку и нашата имагинација.
Ја прочитав доста брзо, затоа што не сакав да ја оставам. Најмногу ме привлече тоа што е мистериозна, читав понатаму и понатаму само за да видам што ќе се случи. Фантастична е според мене и на секого ја препорачувам, мене ме остави без здив.
Книгата е фантастична, се чита во еден здив. А сега дали е точно или не тоа што е напишано во неа - незнам, ама секако те тераат да се подразмислиш малку. Имаше еден дел во книгата во врска со Библијата дека тоа не е книга напишана од Бог ( ја напишал тој па ни ја пратил преку факс ) туку од луѓето, и нормално дека некои податоци се или изменети или испуштени. Ако Исус имал толку следбеници како само да има 4 евангелија?! само четворица ги забележале писмено неговите дела? А во тоа време (па и денес) народот најлесно се контролирал преку религијата така да и да постоеле евангелија кои тврделе нешто поинаку од оние на Марко ,матеј, лука, и јован, сигурно не ми биле објавени. Тоа е логиката - е сега дали е така направено или не, за жал тоа никој не може да го знае со сигурност. А мислам дека информациите во книгата се точни ( бидејќи како што се сеќавам во времето кога е објавена книгата имаше и некои тужби против писателот, да се повлече книгата и кој знае што - не памтам, а чим не е повлечана сигурно неможеле да ги оспорат неговите информации на суд?! )
Kako и повеќето, и мене тоа што најмногу ми се допадна беше мистериозноста во книгата...Иначе ми беше многу лесна за читање, иако кога првпат ја зедов в раце не мислев така.
Книгава ми е многу интересна, крајот (барем мене) ми беше малку чуден, али интересен, впрочем како и целата книга, Деталите, дури и каков е чворот на прекривката се неверојатни Интересна е и Ангели и демони, книга што вреди да се прочита
Книгава е прекрасна, ја прочитав во еден здив! Многу ме привлекуваат мистерии, не застанувам со читање додека не се дознае и разреши се. Описите се точни и прецизни. Пред некое време имав прилика да го посетам музејот Лувр во Париз, и се изненадив се беше онака како што е во книгата
Кажав и во друга тема, книгата ме воодушеви. Најмногу ми се допадна описот на Париз, посебно на Лувр, додека читав се чувствував како да сум таму . Од друга страна, не велам дека треба слепо да се верува во податоците напишани во оваа книга во врска со Исус и Марија Магдалена, но некои работи навистина имаат логика. Леонардо Да Винчи творел во време на ренесансата, а тоа е период кога човекот веќе се изморил од безрезервното верување во црквата која била многу корумпирана и почнал да се врти кон самиот себе, да ги живее благодетите на овој живот, а не на задгробниот. Како ренесансен уметник, а воедно и комерцијалист, Леонардо, по нарачка на црквата, сликал многу дела со религиски мотиви, но во сите тие дела успеал да вметне загадочни и морничави работи. Најголем пример за тоа е Тајната Вечера, а исто така и делото Мадона на карпите...Во оваа книга навистина убаво се објаснати овие работи. Пак велам, не треба слепо да веруваме во она што го пишува во книгава, но барем малку не поттикнува да се интересираме за тајните на христијанската религија
Па ова не е историска книга, ова е роман! Повеќето работи тука се измислени... Значи, баш овој семестар слушав културно наследство и кога на професорот му спомнавме нешто во врска со книгата и тоа што е напишано во неа, само слатко ни се изнасмеа .
Баш би сакала да ја прочитам книгата .. и тоа и ќе го направам во иднина. А инаку филмот сум го гледала 4 пати. Претпоставувам дека филмот и книгата се нешто различни бидејќи нели мора малце да се смени нешто. Хм..ме привлекуваат мистерии и тајни па затоа многу би сакала да ја прочитам..
Па нешто различно, во смисла на темата и нема многу. Темата на книгата и на филмот е истата... Ама, според мене, многу подруго е чувството додека ја читаш книгата, додека самиот си замислуваш... Некако, дава поголема неизвесност... А, и некои детали од книгата се изоставени во филмот, не менуваат многу од приказната, ама во секој случај книгата е поинтересна, барем за мене
Секако дека не треба да ја судиме книгата според филмот. И мене книгава многу повеќе ми се допадна, баш е во мој стил со мистерии а истовремено и научив многу, со секој опис на сликите пред мене на интернет ја отварав сликата на Да Винчи па и научив многу за него, иако не сум се интересирала за ренесансните уметници, Ден Браун ми го привлече вниманието и планирам, да му ги прочитам и другите бестселери
Книгата уште ја читам , интересна е , не ме пушта да ја оставам Пред да ја читам оваа , ги прочитав Дигитална тврдина , Загубениот симбол и Точка на измама исто од него и интересни ми се , некои работи запамтив некои ги мешам бидејки во секоја книга он има премногу податоци(не навлегувам во точноста) и после не знаеш кое од каде доаѓа.