1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кодот на Нострадамус

Дискусија во 'Канта' започната од Snow-Queen, 3 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Предвидувањата на Нострадамус за некого се неопишлива загатка, дел од неговите книги се протолкувани преку знаци но дел допрва се тумачат.
    Нострадамус пишувал за поплави, потреси, суши, војни,....
    -Лудиот водач го идентификувал како Осама Бин Ладен кој ќе дојде до нуклеарно оружје и со него ке ја нападне Европа.
    -Антихристот кој го контролира светот претставен како " Црниот папа" е идентифиукван со американскиот претседател Барак Обама.
    -Во книгата Кодот се пишува дека Антихристот ке го наведе општеството во трета светска војна.
    -Крајот на светот е претставен со природни катастрофи-поплави, земјотреси.
    Дешифрираните настани не носат ништо добро туку предвидуваат пропаст на медитеранот и целото човештво.Нострадамус поради Шпанската инквизиција морал да ги шифрира своите записи, но затоа сега др.Мајкл Ратфорд ги дешифрирува негите записи.
    - Периодот од 2007 до 2012 година Ратфорд темната личност ја протумачил како Осама Бин Ладен во кој се спомнува и терористичкиот напад врз САД, нуклеарна трагедија во Рим,голем судир меѓу Северна Америка, Иран и Кореја.
    - Сите судири околу нуклеарното оружје ке се свртат кон Медитеранот, наместо на копно да падне атомска бомба ке падне длабоко во Средоземното море со кој ке предизвика катасрофално труење на морскиот свет.
    - Според Нострадамус наскоро Франција и Италија во целост ке бидат уништени, на пат е непозната комета која на земјата со нејзиното доаѓање ке предизвика бројни природни катастрофи, земјотреси, поплави, ерупции од вулкани, заспаните вулкани постепено ке се будат од својот длабок сон.
    - Меѓународен инцидент ке биде предизвикан од воена симулација која според најпознатиот предвидувач ке биде програмирана од Велика Британија. Информатичка грешка ке активира бомби кои ке експлодираат по целиот свет и ке уништат милиони народи.
    - Др.Мајкл Ретфорд ги проучува катрените од 1975 година.
    Предвидувањата на Нострадамус би требало да се случат до 4000 година.
    Нострадамус предвидувал и за Македонија. Живеел во 16 вак а тогаш Македонците биле под турско ропство. Многу истражувачи сметаат дека Нострадамус го предвидел атентатот на Југословенскиот крал Александар Караѓоѓевиќ во Марсеј 1934 година.

    Катрен 7
    Голема битка тие ја подготвуваат за Ненси,
    Македонецот ќе рече: Јас ги покорувам сите.
    Британските острови се вознемирени за вино и сол.
    "Хем.ни" Филип "Две Мец" нема да издржи долго.

    Катрен 35
    Благородниот Фердинанд ќе биде срушен
    Ќе се откаже од цвеќето да ги следи Македонците.
    Во критичниот момент нема да успее,
    А тој ќе настапи против Мирмидонците.
    ( Фердинант - може мисли за бугарскиот цар Фенрдинант. Мирмидонците -се синоним за јужнословенските народи. Дали овде зборува за Фердинанд кој војувал со Србите за првата светска војна?
    Катрен 38
    Влезот во Блеј за Ла Рошел и за Англичанецот
    Великиот Македонец ќе го помине.
    Недалеку од Аген ќе го чека Галиецот(Французинот з.м)
    Преку разговори Нарбон ќе ја избегне заверата.
    Катрен 58
    Во времето на народната жалост невидливиот крал
    ке војува против еден млад македонец.
    Галија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност.
    За Марсеј ќе се зборува на запад.

    Катрен 64
    Македонецот ќе ги помине планините Пиринеи,
    Во март Нарбон нема да се спротистави,
    На земјата и морето тој ќе направи многу сплетки,
    бидејќи Капетијан нема земја за живеење каде ќе биде заштитуван.
    (Пиринеи е планински масив меѓу Франција и Шпанија.Нарбон е француски град блиску Пиринеите)
    Катрен 91
    Страшната чума Перинт и Никополе
    Дали ќе ги потисне Полуостровот и Македонија,
    Таа ќе ја уништи Тесалија и Амфиполис,
    Незнајно зло и одбивање на Антиони.
    ( Во 1915 година, за време на првата светска војна регионите биле зафатени со тифусна треска при што иљадници луѓе починале.

    Катрен 93
    Непријателите се далеку од тврдината,
    крепоста донесена со коли.
    Ѕидините над Бургес се рушат
    кога Херкул Македонецот ќе нападне.

    Катрен 96
    Огнен фаќел ке се види горе на небото,
    близу крајот и почетокот на Рона.
    Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна
    Персија ќе упадне во Македонија.

    Нострадамус за 2010 предвидел - Ќе започне трета светска војна, војната ќе почне во Декември 2010 а ќе заврши во Октомври 2014 година. Ќе започне како војна со конвенционално оружје, ке биде за почеток применето атомско а понатака и хемиско оружје.

    Нострадамус во 2011 година предвидел- Како резултат на радиоактивни одпадоци на северната полутопка нема да останат живи никаков животен и растителен свет.Потоа муслиманите ќе започнат хемиска војна против останатите живи европејци.

    2014 - Повеќето луѓе ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести како резултат од хемиската војна.

    2016- Европа ке биде речиши без население.

    2028- Кина ке стане светска велесила.Земјите во развој од експлоатирани ке се претворат во експлоататори.

    2023- Малку ќе се измени орбитата на земјата.

    2025-Европа сеуште ќе биде малку населена.

    2028- Ке се создаде нов извор на енергија,гладот постепено ќе се надмине.Ќе стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

    2033- Поларните води ке се зголемуваат, луѓето ке тонат.

    2043- Светската економија ке процвета, Европа ја водат муслиманите.

    2046- Ќе се заменуваат сите органи,замената на органи ќе стане најдобар метод на лечење.

    2066 - За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје - климатско.Нагло застудува.

    2076 - Блескаво општество (комунизам)

    2084 - Обновување на природата

    2088 - Стареење за неколку секунди.

    2097 - Брзото стареење е победено.

    2100 - Вештачко "Сонце" ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

    2111- Луѓето ќе станат киборзи-живи роботи

    2123-Војни меѓу мали области,државите нема да се вмешаат.

    2125 - Во Унгарија ке пристигнат гласови од вселената.

    2130-Колонии под вода.

    2164- Животните се претвараат во полулуѓе.

    2167 - Нова религија.

    2170 - Голема суша.

    2183- Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независнот од Земјата.

    2187- Ќе се запре ерупцијата на два големи вулкани.

    2195- Морските колонии целосно ќе снабдуваат со вода и храна.

    2196- Целосно мешање на азијатите со европејците.

    2201 - Термонуклеарниот процес на Сонцето ќе забавува.Ке застуди.

    2221- Во потрага по вонземјани човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

    2256- Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

    2262- Постепено се менуваат орбитите на планетите.На Марс му се заканува комета.

    2271- Повторно ќе бидат изменети физичките "константи".

    2273- Мешање на сите раси-нова раса.

    2279- Енергија од ништо=највероватно од вакуум или црните дупки.

    2288 -Патување во времето, нови контакти со вонземјани.

    2291- Сонцето се гаси пак, се прават обиди повторно да се запали.

    2296- Се изменува силата на тежината, почуваат да паѓаат вселенските бродови и станици.

    2299- Во Франција- партизанско движење против исламот.

    2302- Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на вселената.

    2304- Ќе биде откриена тајната на месечината.

    2341- Нешто страшно се приближува од вселената кон земјата.

    2354- Хаварија- едно од вештачките сонца доведува до суша.

    2370- Голем глад.

    2378-Нова раса што брзо се развива.

    2480 - Ќе има две вештачки сонца, земјата е во самрак.

    3005- Војна на Марс, ќе се наруши траекторијата на планетите.

    3797- Во ова време на земјата ќе загине се живо,но човештвото ќе најде живот во друг ѕвезден систем.

    Сметам, дека се делумно, велам делумно од проста причина што тие се се поврзуваат со други настани кои навистина се случуваат во тие години.Пример:
    Нострадамус во 2011 година предвидел- Како резултат на радиоактивни одпадоци на северната полутопка нема да останат живи никаков животен и растителен свет - земјотресот во Јапонија (се наоѓа на сверната полутопка) а таму им истече радиоактивен материјал
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    благодарам за линкот, но кога побарав и на пребарување не ми ја покажа темата, затоа и ја имав отворено сега
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.