На возраст над 4 години децата започнуваат со кодошење.Најчесто ги кодошат братот/сестрата и другарчињата во градинка. Сеуште немаат развиено вештина како да се справат со детските конфликти, воедно од таа возраст се јавува и чувството - ривалство. Според некои, кодошењето има позитивни страни, бидејќи јасно претставува како детето ги гледа правилата и дали прави дистинкција меѓу исправното и неисправното. Без разлика на тоа, сите настојуваме што побрзо да ги одвикнеме децата од кодошење, зашто и самиот чин кога се случува често е напорно за родителот. Дали вашите деца кодошат ? Како се справувате со тоа ? Дали се мешате во детските конфликти и се обидувате да ја донесете правдата?
Јака е темава! Ќе пишам подетално кога ќе имам време. Не би сакала детето да ми кодоши, ама сакам да има слобода мене да ми каже се. Во градинка не сакам да оди и да кажува "учителке, учителке, Петра ја удри Трајанка", ама јас сакам да знам ако неа ја удриле.
Моето дете сега почнува. Ако на љуљашката се затрча дете да ја земе и стаса попрво - таа отстапува.Се повлекува од идеата. Ама обавезно ќе се пожала кај мене ,,види, ми ја зеде,, Па следи предавање дека тоа се играчки кои ги користат сите и дека мора да се чека ред. Сум била сведок и на детска расправија каде што ,,кодошот,, е всушност виновен во конфликтот, ама има силна позадина (мајката, според која нејзиното секогаш мора да е прво и во право), што мене ме иритира. Ама несакам да си дозволам да се расправам ради детска игра но, од друга страна си го потиснувам моето дете, му давам чисти пример како нетреба во животот. Општо кажано - ме нервира таа појава кај децата.
Не кодоши моево, а сакам да кодоши.. односно пријавува неправилности. И тоа не само врсници, туку и наставници, и се' живо шо греши. Ко мајка му што пријавува.
Во одредени ситуации е добро. Пример, ако некое дете малтретира друго, убаво е некој да го каже тоа. Ама кај децата, ако некој е кодош може многу да му го смени социјалниот живот. Никое дете не сака да се дружи со кодоши. Но, друг пример, многу е лошо ако сестра ја искодоши другата сестра (си фатила дечко, покасно се вратила дома, ја видела во диско со цигара...). Довербата е многу важна и кај мали и кај поголеми деца. Со кодошење се крши таа доверба и децата се етикетирани и одбегнувани. Во основно препишував на еден тест и ме искодошија. Очи не сакав да му видам на соученикот, што имаше да се меша во нешто што не го засега. Од друга страна, никој не се лутеше кога се пријавуваше насилство.
Интересна тема. Не сум размислувала воопшто на ова. Ама треба да се постапува внимателно и да се направи разлика што се кажува што не се кажува. А и за возраста ми се чини не е исто. Јас како мала, веројатно како и повеќето, кажував сè, мајка ми ме караше, потоа не кажував ништо. Треба постепено некако да се направи преминот и детето да знае што треба да каже, а што не.
Уф какво кодошче имаме меѓу другарчињата, и колку е само оправдано од мајката. Дружиме понекогаш со нив, во парк, во игротека, си одиме по гости. Јас и мајката сме пријателки, децата ни се врсници (5 - 6 години) И ова за седење од 2 саати десетина пати ќе се случи. Дотрчува девојчето: - мамооо, овој на оној така му рече - мамооо, тој се качи таму - тета Х, така направи У - мамоо овој не сака да си играме на принцези И мајката подржува, дофрлува - не такааа... или и кажува на ќеркичката - кажи им дека не треба така да прават/ таму да одат/ тоа да зборат. И детето учителка ги подучува другите. И цееело време не информира што се случува, девојчето има 6 години и е ,,старица'' во зборувањето. Мајката оправдува со муабетов - се грижи за другите деца да не се повредат, затоа ни кажува што прават. Инаку девојчето е воспитано и послушно, ама многу шпионира и оправува ,, старски'' муабети. Искрено не ми се допаѓа. Едно што детето не си игра туку снима и кодоши, друго што ги користи грешките на другите деца за себеси да се издигне, трето што ги манипулира другите деца со -ќе ве кажам! За среќа ќерка ми не е таква. Не сум ја нешто посебно подучувала, едноставно повеќе би се вклучила во играта ( па и бељја правење да е) отколку да искодоши. Е сега, се фаќам и јас некогаш во тесно да не знам како да ја учам ќерка ми. Пример во градинка кога во некоја конфлилктна ситуација не знае како да постапи. Не сакам да биде кодош и веднаш да дотрча до воспитувачката, од друга страна пак не секогаш сама успева да се избори или справи со ситуацијата. Како вие ги учите децата, во кои ситуации да кодошат, кога сами да се справат или пак да бидат попустливи и да отстапат први!
Мојата е 25м па се кажува.. Вака И... паи Вакво има инабет ито е.. Овој плачеше, оној вака викна.. На улица се ѕвери и се ја интересира да види кој што прави... Ако е дете бебе, кажува мама бебето плаче, или го имитира и вика вака паи.. Ја учам дека не е убаво тоа да го прави, така да збори ама не разбира.
Јас и маж ми постојано го караме поголемиот да не кодоши. Дека така не е убаво. Во негово одделение има деца бетер од него. И тоа кога кодошат тоа го прават само за да се ситат. А сето тоа поддржано од родителите кои слушаат што кажуваат нивните деца и не реагираат.