1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кодошење на работа - како се справувате?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 5 февруари 2019.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Научив да го возвраќам на ударот. Тие на шефот скришно за мојата грешка, јас обратно, дирекно за мојата грешката пред шефот и директорот. Човек сум, грешам. Немам што да кријам. Тие ќе му се јавуваат на приватниот број за да се пофалат, јас во фаца, пред сите. Јас го сработив тоа, тоа и тоа. Па нека ме негираат ако можат. Не се китам со туѓи перја, ама со моите и те како ќе се фалам.
    И уште нешто, тие што велат никој ништо лошо за мене не зборува или е кодошот или е најслабата алка во фирмата, па никој не го гледа како потенцијална замена. Друго нема.
     
    Последна измена: 7 февруари 2019
    На VDT2906, Dekorado, baby-star и 11 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не би те советувала да кодошиш ти. Би паднала на исто ниво и ќе те знаат како кодош број 1 а себе си ќе се прикријат. Воедно и би те малтретирале сите.
    Јас би те советувала кога приметиш грешка,или нешто друго да си преќутиш та кога ќе дојде ред да згрешиш ти и да ти префрлат да им го плеснеш во фаца.
    И немој да ќутиш, се што гледаш дека е неправилно, ти направи го правилно. Едноставно биди чекор пред нив.
    Инаку не е до работењето што и како работиш најчесто е до степенот на работењето и колку месеци по нив си дојден во таа фирма. Ако се они 6 месеци,а ти новодојденец ќе ти скинат живци правејќи се газди. На почетокот ти станува интересно,но после ти преоѓа во тестирање нерви, и крајниот степен отвараш уста.
    Затоа остар јазик и живци на игнор.
     
    На Dekorado, baby-star, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Нема спас од такво нешто. Тоа е вирус кој само може да се шири во таква консталација.
    Битно е да си ја гледаш твојта работа , а за рекла - казала ич да не те боли.
    Биди си чиста ти пред себе и пред работата .. другите што сакаат нека прават.
     
    На eliesaab, Liu и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    И кодоши и буцкачи ... нема начин на справување освен игнорирање.
    Ако ги соочиш стануваат безобразни и гласни. Тоа е тактика како животните.
    Јас не се соочувам со нив, јас ги игнорирам до степен да ги боли.
    Многу да ги боли.
    Тоа не се луѓе со интелектуален капацитет и онака.
    И обично се луѓе што водат повторлива, досадна работа.
    На еден ваков лик и гледам еден мејл со милијарда грешки кој постојано го праќа и не обрнува внимание што праќа. Јасно ми е дека капацитетот и е до толку и тоа е.
    Ама први се да се караат за баналности кој што правел, како правел, пенкалото зошто денес 3 пати место 2 пати го кренал. И така на така... Постојано мислат дека они најмногу работат, а се со работа со низок ризик и повторливи активности. Абе... драма од луѓе.
     
    На VDT2906, Dekorado, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Во секоја фирма или работно место има секакви меѓу кои и кодоши, луѓе кои се умилкуваат на шефот. Ако не те засега директно најдобро е да се игнорираат. Ако нападот е директен кон тебе покажи им дека знаеш за нивното делување и дека не можат да те понижуваат пред никој, особено не пред претпоставен. Но немој како нив. Туку со вистинска работа и искреност кон сите. Тие луѓе се потрошен материјал и многу често таа улога се префрла од еден на друг, а трудољубивоста, лојалноста, професионалноста секогаш се исплаќаат. :)
     
    На LanaSGirl, Animali и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    На долги стази можеби се исплаќаат лојалноста и трудот, но треба трпение човек да има.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Види, ако не ти одговара работната околина ќе си бараш друга работи и нема да седиш на таа.
    Тоа е единствено разумно решение.
     
    На Dekorado и Animali им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Во фаза сум кога барам излез за надвор. Ова по македонските фирми е како дежа ву ефект, каде и да одиш горе долу исто е или ќе се појави истото. Затоа што овде, така се научени луѓето, кодошење е на цена.
     
    На Dekorado, Feminka192 и Animali им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ако мислиш дека на секое работно место во Македонија има кодоши, зошто мислиш дека во странските фирми е поразлично?
     
    На BlackNight и Animali им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Сега сум во трета фирма во Македонија, мое трето работно место. Мислев за надвор од Македонија, таму не верувам дека е како овде, еден работи, другите баш им е гајле. Не за џабе ни избега народот од овде, оти е лошо во странство. И да те кодошат таму, барем имаш права, овде не баш.
     
  11. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Едно само не ми е јасно
    Зошто постојат кодоши каде што платата е минималец, за кои пари си ги вадат очите?
    Ајде ќе разберам да се борат за јаки пари ама за 200е плата да се лиже гз.
     
    На Lemon, Dekorado, LanaSGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    За јаки пари секој си ја гледа работата и не го ни интересира да се замара за другите :D
     
    На Dekorado, Ariel, ilyan и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не само кодошење туку на моето работно место сум видела и пострашни обиди како нудење секс на шефовите за повисоко работно место и поголема плата.. Остави тоа мене многу луѓе се обиделе и ме кодошеле ама ништо не добиле и смешни ми се зашто наместо тие јас сум добила повисоки функции затоа што искрено работам и се трудам исто као фирмата да е моја. А кодошите гледаат и се нервираат. Не треба кодошење зашто директорот ја цени вистинската работа а не полната уста со омраза и без работа тоа паѓа у вода. Што ако ги кодоши другите коа ништо не работи на пример? И да се сложувам и колегите кои се дружат и се 'сакаат' највише помеѓу себе се кодошат. А исто така ми ваделе муабети као јас сум ги кодошела. ако ако нели мора на некој да се префрли вината за да им биде полесно нели?Ама ионака само устата им работи па ништо не добиваат со тоа. Само повеќе се нервираат коа мене ме гледаат како успевам пред нив. Хаха.
     
    На Tanjamm и sanji4444 им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Да дознаам дека некој ме кодоши би чекала вистински момент за да возвратам на ударот. Доколку ми се пружи можност ќе соберам и потребни докази за да го средам тој што си го пика носето во работа што не е негова. Нема да дозволам никој да го гази мојот труд, знаење и залагање. За волја на вистината, најголемите кодоши во една фирма се оние кои најмалку вредат како кадри, без добро образование и знаење а желни за власт. Немам сретнато некој со знаење кој одлично си ја работи работата да кодоши други.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Beautymom им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Џабе ти е борбата кога газдите го поттикнуваат и поддржуваат кодошењето. Задржување кодоши на работа повеќе зборува за работната атмосфера во таа фирма, а и такви времиња дојдоа што скоро секој за против услуга или екстра заработка би кодошел и без да е прашан од претпоставен.
    Инаку за справување со кодоши многу е комплицирано. Јас си го имав многу муабетот и близината со колешка-хигиеничарка до тој степен што еден ден ми спомна т.е. и се испушти низ муабет дека газдарицата ја тера да споделува информации за мене кој се дел од мојот приватен живот, а хигиеничаркава би можала да ги знае од видено-слушнато на моето работно место. Тогаш премногу се разочарав и мислам од тогаш со никого повеќе не споделувам било што за мене. До степен и кога ќе ме прашаат кај ќе одиш на одмор им викам не знам, некаде ќе се оди, а каде ќе одлучам пред тргање.
     
    Последна измена: 20 август 2020
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Најдобро е да се молчи и за приватни работи. По тоа каде ќе одиш на одмор, колегите, газдите проценуваат или си прават филм дали ти имаш пари или не. Ако си во незавидна положба, ќе знаат дека си во тесно со пари, и тоа е плодна почва за евентуални уцени за плата и слично. Оваа година дали и воопшто ќе споделам фотографии од одморот, не сакам некако, ми здосади сето тоа.

    Мене газдите ме прашувале дали работам нешто плус и дали од едно мое хоби заработувам. Се ги интересира.

    Убаво си кажа ти, џабе е борбата. Тоа што кодошите успеваат во Македонија покажува на кое ниво сме. Се сретнуваме со една бивша колешка и се чудиме како трета личност, исто бивша колешка стана шеф во друга фирма, без ни малку труд.

    „Јас од таа 6 месеци ништо не видов“, ми вели колешката „еехх јас 3.5 години ништо не видов освен расправање рекла - казала, муабети за децата, кредитите, како се породувала и слично“. Од друга страна доаѓале квалитетни луѓе, културни фини, со познавање на јазици, како да не се од овој свет, па претпоставените ги гледале несигурно, па ги шетале од оддел на оддел. Абе коса на глава да ти се крене.
     
    На babybubu и Idedemja им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Што се подразбира под поимот кодошење? Јас имам одговорност на работа, доколку не можам да се справам со некој проблематичен работник, а не сите соработуваат, да морам да го пријавам проблемот кај шефот. Со тоа се заштитуваат оние работници кои чесно си ја работат својата работа. Кодошење од аспект на лажење за некого не го оправдувам, но доколку сакаш да правиш малверзации, си мрзелив, чекаш друг да го сработи твоето и те како ќе го пријавам веднаш.
     
    На Tanjamm и Mami3 им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А немате точно определени обврски секој вработен? Некој ако е мрзелив тоа ќе во видат претпоставените, зошто ти да го пријавуваш?
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    На мене ми беше интересно со такви. Инает им терав. Многу се нервираа. :D
     
  20. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    идентификувај и одбегнувај.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.