Затоа што е моја одговорност, пишав. Има точно определени обврски за секој, но секогаш ќе се најде некој ,,паметен" кој ќе проба да се извлече, без никаков труд. Во поголеми фирми, постои хиерархија. Ја сум една од претпоставените, но над мене има цел огранок. Јас комуницирам со шеф, кој има друг шеф, над кој стои генерален директор.
Toa не е кодошење, наротив така мора да биде. Секој според заслуга. Кодошите обично не работат, туку кодошат за да привлечат внимание кај газдите.
Ами за кодошење сите се први (читај: неспособните). Ем им помагаш во нивни работни обврски, ем те кодошат.
Видов претходно што сум пишалс во темата. Од лаки до сега исто размислувам. Шушукачи, кодоши и боцкачи заобиколкувам. Плус би додала дека и да знам дека ме кодошеле ( кога-тогаш ќе се рззбере) не им обрнувам внимание. Јавен игнор.
Само игнорирање. Такви има уште од прво одд. Се почнува со наставничката, па професорите, неправди, кодоши.. па мислиш завршило, најлошо е на работа. Ама ич не ми е гајле. Ниту сум блиска со некој, ниту сакам... хаха хихи муабет на пауза и крај, чисто професинално 8 саати...
На почетокот кога се вработив почнав да живеам многу со една колешка, не и требаше многу по промена на раководителското место да се улизува и на моја штета, со кодошење, коментирање се на се ниско, многу ниско. А шефицата не ме сака од некои фамилијарни причини. И сега мојата блиска пријателка и колешка чувствува дека нешто не е во ред, никогаш не се скарав, но слушнав доста работи и видов со свои очи работи кои не би замислила дека може да ги направи, па затоа само се одалечив и почнав да реагирам. Комуницираме но јас држам професионална дистанца. Никогаш повеќе зближување со колешка која ми е "конкуренција" (само во нејзините очи)
Подалеку од средини во кои се кодоши и никако зближување со колеги. Кодошење е губење време и енергија. Ако се вложат во работа, фирмата ќе биде топ.
Здраво за закана на работното место од страна на колеги (маж и жена) дека ќе нема да им блезам в град, и дека ќе ми ја искубат косата и дека ќе ги запомтам ,каде да се обратам? И клетви -да сум немала деца, да сум немала за леб ...
Контактирај адвокат за тужба ако имаш докази. Евентуално видео да ги снимаш и да имаш како доказ па да ги изгориш
Ако они користат на работно место значи не е забрането. Секако можеш да го скриеш и да снимаш ако ништо друго барем разговорот
Некој го слушна тоа или само вие бевте? Ако имаш сведок кажи ги на шефот или тој што ви е предпоставен.
Oва кодошењето на работно место се појавува во бранови. Еден период има, потоа доаѓа мирен период, каде се си е ок, и така. Но, и се зависи од работниците. Кај нас во фирмата за овие 5 години и неколку месеци, избркаа еден кодош, а другата кодошка ја симнаа хиерархиски и сега засега е релаксирано. Доаѓа крај и на нечие кодошење, само треба трпение.
Доволен е само тој еден. Пријави ги на предпоставените, ако тие не превземат нешто тогаш можеш да ги тужиш за мобинг.
Ова се случи пред некој ден. Некој заборавил шише и хартиена ќеса. На некоја госпожа и сметале и ја мрзело да ги фрли, па си сликнала со мобилниот и право кај новиот менаџер. Дно, дна. Сесре, те разбравме која си. Обележана форевер. Не дај Боже нешто да праи спрепки или да измислува, јас воопшто не се мислам дирек со неа кај менаџерот да збориме. Кој простотилак бе. Собирање поени кај новиот менаџер. Мене ваква особа, ми е тежок психопат, која сака да постигне нешто плус. Нз како му изгледа на менаџеров ( да, му изгледа супер, за кодошлаци) ама од др страна не знам. Стварно, треба одење на психолог. А, се правиме као фирма и пол. За продавање пуфки, сите знаеме.