Не сум кодош и не се ќитам со туѓи перја, не ми е целта да добијам нешто, ама за една ситуација кога се пожалив дека нема тимска работа и дека секогаш сум оставена сама одма реакција од друга страна. Тогаш сите други демек имаат работа, избегнуваат да помогнат, а јас за се имам време. Мојата жалба гледам се пренесува со брзина на светлината и одма се лутат дека сум ги кажала, дека сум зборувала за нив глумат навредени. Тоа е вистина јас не измислувам и веќе и не кријам. Па ај ако не да ќутам, тие паметни, а јас глупава. Иако во многу други ситуации сум прикривала, сум завршувала сама, но тоа никако не се гледа.
Гледам веднаш да се процени кој е кодошот, обично се оние кои ти се додворуваат и демек ти „даваат“ информација - обично нешто штуро и лесно и логично проценливо. За возврат бараат информации од тебе за твои ставови и размислувања кои експресно ги даваат некому за да си ја покажат посветеноста и да закопаат некого, ако ништо друго за своја лична ниска страст. Мој став е да не се реагира воопшто ниту да се кажува ништо, освен можеби фала, ќе имам во предвид, морам да работам или не знам, не ме интересира - НЕ Е ТОА МОЈА РАБОТА.
Најмногу што мразам кодошење во фирма. Скоро една година сум во фирмата и ми дадоа решение за неопределено време, го потпишав решението се си е ок, ама со колешките ВООПШТО не е ок односот. Пред една недела имавме голема расправија оти сепак со шефот и со еден магационер си го знаеме муабетот наш и по шала им спомнав дека "не се нормални" сепак наш муабет и од таму колешката на мене ми вика "па како не ти е страм ти така да зборуваш, оти се шефови, не смееш така да зборуваш треба да се засрамиш" и викам а ти што се мешаш во туѓи муабети, го знаеш нашиот муабет или не го знаеш или само да се најдеш на муабет да кажеш нешто а?! Ако не знаеш муабет да правиш ќути си подобро оти никој не те слуша, шефот и магационерот слушат. А пред да дојде новата шефица со овие 3 колешки прсвевме муабет, заедно јадевме, си одевме дома од работа, и дојде новата шефица од почеток беше добра со колешките, и шефицата се скара со колешките оти вадат муабети е и си правиме муабет, се шалиме, си правиме тивок муабет, а овие 3 колешки не гледат под око и префрлуваат, на пауза пиеме кафе заедно едноставно ни оди муабетот, и еднаш пак се скаравме им викам вие 3 ако не разговарате воопшто со шефицата тоа мене не ме интересира, а јас заради вас да престанам да зборам со нејзе за вие мене да ме дружите и зборите не ми требате, не сте ми толку важни вие а не сум зависен од вас и од вашата дружба, и сега овие 3 колешки со, мене не зборат и под око ме гледаат што, зборам и што правам и позади грб збореле нешто за мене на шефот и сега шефот не сака да збори со мене заради тие 3 прцли. А до вчера една со друга се збореа и не се сакаа и на мене ми збореа какви се една со друга, а сега сите заедно како ништо да не било. Чисти глупости невидени. Значи толку лицемерие немам видено. Што треба да се каже кажи пред сите а не позади, грб на шефови да се збори глупости. Некако ми се плачи дури, дали, од сите неправди што ги имам поминато и веќе не можам да издржам неправда ми иде ете така да се исплачам и сета негативна енергија да излезе од мене
Игнорирање е само спасот и професионализам на ниво. Стриктно за работата шо е поврзано комуникација и ништо повеќе, ништо помалку.
Гледам за себе и имам добар однос према сите. Но, очигледно некои луѓе немаат нешто попаметно надвор од работно време и сакаат да ти наштетат.
Фирмата во која работев уште на првиот ден ми кажаа дека шефицата е кодош, манипулант,измислува работи но за тоа е ставена од газдарицата, да и дава отчет на крајот од денот. Инаку неписмено суштество, со најниско образование а надредена на комерцијалисти и др персонал со вишо и високо ама поддршка од газдарицата.
Не си требала, само ги игнорираш и им викаш не е тоа моја работа. Ќе си пукнат ако не знаат што мислиш и планираш на работното место.
Не се замарам кој ме кодоши а кој не. Едноставно си ја бркам мојата работа, принципиелен сум и не оговарам и не кодошам други луѓе. Мирна ми е главата. Ако сакаат да ме избркаат нека ме избркаат, гајле ми е. Има фирми низ државава.
Rabotev vo stranska firma mesovita, kade se donesuvaat pravilnici za mobing a istoyo sr pravi bez problem od sefovite, gazdata spie, k go boli i da se zalis bas im e gajle i na kamera imam dokaz sto ako
@Mina-aniM а мислиш ли дека баш ти ќе ја исправиш? Мобинг прават искомплексирани идиоти, да не сум офф топик кодошењето исто така, доаѓа од немоќни кои немаат/не знаат како да се истакнат самите и мора да кодошат. А и да не кодошат, сите имаме по еден лик што стално нешто сака да те мести. А замисли, може да се вложат така што ќе се изреализираат поквалитетно во било која сфера. Ама не, они одбираат да се фекалии од луѓе.
Колку си во право со ова само .... Последниов ми отказ беше буквално заради газење по такви..... и многу е жално што нивното е прифатено кога пренесуваат а твоето нема кој да го слушне. И на крај едвај чекаат да се отргнат од тебе преку отказ. Страшно е кога овие на "неопределено" се понашаат ко на мајка им и татко им да е фирмата и само нивното мислење и его треба да висат над тебе а ти секогаш под нив да бидеш... ама кај мене такви не проаѓаат сум трпел за леб некогаш и ке трпам до смрт
@Kiko9 ништо не се трпи, да знаеш. Проблемот е што тие таквите често забораваат како почнале и затоа си допуштаат премногу, обично се задржани заради искуството.
Големо чудо ако си на неопределено, само куче си на газдата за неколку илијадарки повише. Не се специјални, само лесно манипулирани.
Maкедонија е плодно тло за кодоши. Ги има многу. Таков е народот. Да беа професионални, не би кодошеле, нели? И страшното е што таквите со години си тераат со минимум работа, а многуууу кодошење. Во мојата фела имало колега ( го знам кој е, среќа не сме работеле заедно), со години си се снаоѓал со кодошење, често се вадел дека доцни оти децата му се болни, а колегите ги поттикнувал да озборуваат, ги снимал со мобилен и така ги кодошел. Ужас. Со оглед на тоа колку кодошењето го има, македонските работници не ги сметам за нешто работливи.
Секаде ги има таквите. Нешто разберат, направат драма и се тоа звршува кај најглавните. Тие со тоа успеале до таква позиција и мислат дека којзнае што имаат постигнато. Со кодошење, лижење и без работа. Најтрагично е што само таквите се слушаат, а не другите кои најчесто се во право. Затоа на никого ништо повеќе од службен разговор и без доказ и факти дека така сте му кажале, а кога ве прашуваат нешто секогаш кажувајте дека ништо не знаете. Тоа е спас само од тие и игнорирње на истите.
Незнам по приватниве фирми како е ,ама поголем кодошлук од јавните претпријатија мислам дека нема никаде, од чистачка до директор