Имам мачор тригодишен и мноооогу сум приврзана за него, имав и едно кученце што го собрав од улица уствари само си дојде, а јас го згрижив, но ми го отепаа комшите и од тогаш се зареков дека веќе нама да чувам куче зашто го ова што ми го отепаа го жалев како човек да беше.... но слабост ми се животните, посебно оние уличните незаштитени кученца и пак си најдов едно и си го згрижив Женка е и се вика Берта и така сега имам и маче и куче, а да можам т.е да имам дозвола од моите и да имам повеќе време би чувала уште десет минимум, зашто стварно ми даваат некој мир.
исто како мене.Не можам да живеам ако не чувам мачка или папагалче,нешто кое може да го галам,и така повеќе се приврзувам за него-нив
Обожавам животни. Татко ми дури е убеден дека повеќе ги сакам од луѓето. За жал немам некои кој знае какви услови за чување животниче, немам време за него и затоа не зимам ништо. Обично сите миленичиња до сега што сум ги имала биле само за недела-две улични животни на кои сум им барала понатамошен дом. Имав едно време и риби чувано и папагалче. Ама,емотивна сум и кога ќе умрат плачам по еден месец за нив.
Домашни миленичиња Јас до сега не сум имала милениче, но сакам да имам едно мало кученце. Многу сакам животни.
Домашни миленичиња Моментално чувам 3 мачки, од кои 2 се малечки; 1 папагал и 1 хрчак. Хрчкото си го најдов на улица - навистина неверојатно - еден дождлив ден. Се сожалив на кутрото и го довлечкав дома, како по навика. Го викам Лаки (Lucky - Среќко) бидејќи навистина имаше среќа што го најдов. Споменав во темата „Болно домашно милениче“ а ќе кажам повторно - дека едното маченце кое го чувам има проблем со очето, па дали ќе се најде некој кој е економски стабилен и да се понуди да го земе и да го однесе маченцето на ветеринар. Навистина би била благодарна, а верувам и тоа.
Домашни миленичиња Имам неколку рипчиња...немаат име ама размислувам да ги крстам деновиве.Ми го грицкаат прстето кога ке им го ставам во вода,вечно се гладни мислам
Бремена мачка? Сакам да ве прашам дали знаете колку пати може да забремени една мачка во една година? Јас имам слушнато дека може само еднаш, но не сум сигурна... Фала Однапред*
Домашни миленичиња Имам кутре малооо Буби многу е слаткоооо ама секаде врши потреби уште малце ке ме исфрлат и мене со него...
Домашни миленичиња Најслаткото кутренце шо го иам видено малку не е умно моча кај ке му текне ама газдарицата е крива за тоа
Домашни миленичиња Еве да си се пофалам, ми се прошири семејството мачки дома Со уште еден член. Ај утре ќе го видам какво џубре е
Домашни миленичиња си има јас едно најсрцко папагалче мн е немирно дома лом прави...а тоа баш ми се свигја хихииххи....инку отккао знам засебе нон-стоп си чувам папаглчиња какве не сум имала...))
Домашни миленичиња Имам кученце мешано пудла и териер и бап доста такви имам видено. Машко е и има скоро 7годинки Сонце најубаво, како член на семејството си го третираме сите, пошто многу често патуваме со саати си седи у кола нема проблем сегде, на одмор на зимување кај тетки кај баби(пошто сите живееме во различни градови во 3 држави) си иде со нас. Цуце е
Домашни миленичиња И јас чувам маче,т.е мачор ...леле цело е на гарфилд и мрза е бетер од него..само што поискусните ќе ги замолам за совет. му се случува некогаш и да се измочка кај што не треба па мојве дома прават хаос по мене..може да ми кажете како ги дресирате мачките или нешто слично да го избегнам ова....зошто ако продолжи да прави вака ќе летам сосе мачор од дома хехехехехе
Домашни миленичиња Моментално нашето скромно семејство го сочинуваме јас, сестра ми, мајка ми, татко ми, бато Рики, Тофи и Тини Да ве запознам со животинскиот дел Рикииииии Тофи Тини
Домашни миленичиња Морам да ти кажам дека Рикииии е најубавото суштество Јас ги имав две, имам ставено слика на 9та страна ...
Домашни миленичиња Лелеееееее лепотанче со плави очиња. И моево ко мало имаше плави, сеа црни му се. А зашто го продаде т.е ги продаде?
Домашни миленичиња Имав две, женка стара 8 години, ми раѓаше, ми раѓаше ги продавав... последниот пат кога ја парев само едно ми роди и сакав да си го задржам, бидејќи остаре и не верував да ќе раѓа повторно, и го чував ама моите решија да се продаде сепак е голем трошок да се чуваат две, и го продадоа а од сите до сега што ги родила ова беше најубаво, после му потемнеа очите ко на сите нели. И по некое време ми ја украдоа женката па сега сум без куче