Домашни миленичиња јас имам 3 мачина,1 куче,1 зајаче и аквариум и сите си ги сакам најмноооогу....едноставно неможам да живеам без животни....
Домашни миленичиња обожавам животни!!! кучиња, мачиња, дај ми се би чувала инаку имам 2 мачиња, сега се големи, ама ако пак си ги сакам! желба што ќе си ја остварам во иднина ми е да си купам самојад и хаска, но, здравје кога ќе живеам во куќа за во стан нема место а јас ги сакам и 2те не сакам само 1 најголема желба ми е мајмунче, и се надевам дека некогаш ќе ми биде остварена има да си го чувам како братче сега сум во план да си купам малечко кученце, на пример чивава или џуџест пинч... ок, чивавата е многу скапа за жал...тогаш најверојатно тоа 2то како и да е, обожавам, кога би имала можност и место, зоолошка градина би ми бил домот, со цело срце ги сакам животните! не би прибирала сите би ги чувала, но, кога би требала да бирам, би избрала мајмунче ... што ќе правам јас, не можам да им кажам не на животинчињава, едноставно сите ги обожавам срнички, верверички, мачиња,кучиња,мајмунчиња,коали,пилиња,мини прасенца,зајчиња,глувчиња + голем стан+јас=среќен живот за мене ех, штета што немам можност, само фантазија ќе ми остане......
Домашни миленичиња Душички мили,ги обожавам! Имам кутренце Роко,си го посвоив од едно здружение за заштита на животните и само ќе кажам дека љубовта и среќата што ја дарува безусловно се едни од најблагословените работи во животот што ми се случиле.
Домашни миленичиња Ајде мојот прв пост ќе ми биде претставување на моите миленици. Сум чувала скоро се од животни што може да се чуваат во стан - Водни желчиња,Хрчаци,Морски прасиња,Патуљести зајчиња,Папагали (Тигрици,Нимфи и Розела),Маче,Куче,и други во моментов не ми текнува. Секако сите овие животинчиња што ги набројав не ги имам чувано сите заедно во ист временски период. Следно животинче што сакам да го чувам е Ферет (ласица),е уште Ферет ми фали да си ја комплетирам мојата мини зоолошка. Велат дека куче и маче не се трпат,но јас чував и куче и маче заедно во стан и заедно си спиеа,ќе видите подолу во сликите. Инаку во моментов чувам аквариум со риби и 2 кучиња од расите Пудла и Доберман. Пудлата се вика Luna (Родители: мајка Sara татко Vihor) и ја чувам 6 години. А пред 1 месец си купив и Доберманче Baster Kaiser Kraft(Родители: мајка Sara татко Adam Kaiser) кое е старо 3 месеци. Многу интересно испадна и мајката на Пудлата и мајката на Доберманчето исто се викаат Сара. Се што ве интересира во врска со Доберманите и Пудлите слободно прашајте ме,со задоволство ќе ви одговорам. Еве слики и очекувам коментари за кутрињата. На последната слика се Луна и мачето Миа.
Домашни миленичиња баш се слаткиииии!!!!!!!! епа јас имам пинчерче, нели и тие се во расата на доберман?само што се малечки и не растат! инаку и јас имам чувано зајче ко помала и ми умре и риби имам чувано, и ми умреа! а мојот мачор не се трпи со кученцето, зашто тој е постар, не му е до играње, а оваа е малечка! инаку супер ти се кученцата!! а лисица сакаш? па како ќе ја чуваш дома??? не се опасни тие?
Домашни миленичиња Чувам маче, старо е скоро 7 години и многу си го сакам, ми ја вади негативната енергија
Домашни миленичиња Фала за убавите зборови, Да Пинчерите се како минијатурни Добермани. Не реков дека ќе чувам лисица туку реков лАсица,на англиски се викаат Ферет http://en.wikipedia.org/wiki/Ferret ,и ако го чуваш од мало и го припитомиш нема да биде опасно.
Домашни миленичиња оооо јас па се помешав, си помислив лисица.... слатко е и ова интересно е! нешто како морско прасенце ми делува, слично! епа чим си толкав љубител на животни, и спремна си да се грижиш за секое од нив,купи си го и ова
Домашни миленичиња Леле како си спијат заедно, душички Иначе за ласицава, малце ми е неприродно. И Лудо, не личи на морско прасе, туку ласицата е долгнавеста со долга опашка.
Домашни миленичиња Ферет ми беше желба да чувам,ама сега покрај 2 кучиња Доберман и Пудла малце потешко Ферет. Можам да замам Ферет,ама сега неможам бидејќи сум посветена на Доберманчето. Кога ќе потпорасне Доберманчето тогаш можеби ќе си земам Феретче.
Домашни миленичиња е да, чим е 3 месеца, сега треба на него да му пообрнеш внимание да се навикне со вас, по дома, па хигиена да си води, итн а големи ли растат доберманите? јас имам слушнато дека се доста опасни кучиња(мислам ако ги закачаш, секако дека не се лоши општо со луѓе, без причина)ама ако има карактер како пинчериве, е јака ти душа инаку хипи, не личи да, ама онака ме потсети на прасено, само 1та слика ја видов, а тие подоле не(на википедија)
Домашни миленичиња Па да прилично големи растат Доберманите,секако дека има и поголеми раси од Доберманот како што се Германската дога,Англискиот мастиф,Турскиот кангал,Шарпланинецот...и други. Не е точно тоа дека се опасни,дека на старост полудуваат и го напаѓаат сопственикот и дека им растел мозокот,тоа се еден куп чисти измислици. Доберманите се многу приврзани за семејството и се многу заштитнички настроени. Да не должам многу,еве во овие 2 клипа е многу убаво објаснето за карактерот на Доберманите. Сите што сакаат да научат нешто за Доберманите им препорачувам да ги изгледаат овие 2 клипа. На клиповите е Доберманот Адам Каисер таткото на моето Доберманче и Зоран одгледувачот и сопственик на Адам Каисер. Уживајте: 1 дел http://www.youtube.com/watch?v=gEZel2Jp_9g 2 дел http://www.youtube.com/watch?v=cqEdGWjjiM8
Домашни миленичиња аууу тоа со мозокот демек им растел, и на 7 години полудувале и умирале, и за пинчевите зборат така(пошто и тие се во расата доберман) знам дека се глупости без везе! а не дека се опасни, но, ако некој се закачне со нив на лош начин, дека се такви, агресивни! спрема непознатата околина зборам, потенцијална опасност за нив а не спрема газдите,лугето и животните што се добри спрема него а исто така и ушињата им ги кастрираат, кога ќе им пораснат нагоре а на некои и опавчето, јас се решив на моево да не му ги сечам, жал ми е п.с јас си станав едно цигарче да си запалам и идам сега да нанам пак ова малце офф беше крајново ама нема везе
Домашни миленичиња Па не само Доберманот,туку и секое куче ако го провоцираш и закачаш се знае како ќе реагира. Леле ме изнасмеа со ова дека ушите се кастрираат Ушите се купираат,а не се кастрираат. Кастрирање е операција за да кучето неможе да се размножува.
Домашни миленичиња абе, јас за сецкање на некој дел, секогаш викам касртација демек, ја кастрира ама жал ми е на мене, што знам... сега, искрено поубаво изгледаат со засецнати ушиња.. ама јас не би!
Домашни миленичиња Да ви го покажам мојот Рики во есенско издание Ау ласица. Имав на таван Значи во моето соседство една шеташе долго време, многу скока и се качува лесно на бандери и одеше низ цееело мало на таваните. На комшиите кои чуваа птици сите им ги изеде. А плус кажаа дека може и човек да нападне ако почуствува опасност. Мислам дека ја отруја, што е нормално. Сите тавани беа со измет полни од неа, а плус и заразни болести може да прошири. Прилично диво животинче е, ама се се припитомува. Мене искрено ми е еееееептен грдичко
Домашни миленичиња Убаво Сибирско самоједче,се гледа дека убаво се грижиж за него , но има многу куса длака и не е многу бело. Твоете е Самојед - домашен миленик А еве како треба да изгледа еден Сибирски самојед
Домашни миленичиња Кучето и е прекрасно, а вака може да изгледа само ако го носи по фризерници и такви глупости кои што кучињата неможат да ги поднесат, а и не ме чуди на сликиве да е употребен фотошоп.
Домашни миленичиња Па не реков дека не и е убаво кучето,и да е џукелче од улица пак ќе биде убаво,секое куче си е убаво на свој начин. И да така убаво изгледаат тие Самоједи што се негувани и што се носат по фризерски салони. А Самоједот на росонерка е куче миленик и си го чува за свој ќејф и не и е битно да изгледа онака како на сликите. Инаку не се фотошоп сликите ги знам лично сопствениците на овие самоједи што ги поставив на сликите и самоједите се прекрасни и многу негувани и затоа изгледаат така прекрасно.
Домашни миленичиња Не велам дека нема поубави самоједи од моето. Белучи се најпознатите во Македонија. Педигрето им е завидливо. Но има самоједи кои достигнуваат цена мажјак 700 евра, женка 500. Моето си го земав 50 евра од пријател. Има педигре, ама ич не ми е битно. Не го носам по фризерници. Не го малтретирам по изложби. Си го чувам за душа. Не јаде најскапа храна, кога јас јадам скара и тоа јаде, кога јас јадам сарма и тоа јаде. Затоа не му е и влакното скрос бело. Мене лично ми е најубав Рики и не би го менувала за друго куче. Плус не го чувам во соба, си има бокс надвор. Гајле ми е и на други ако не им се свиѓа. Никогаш не сум сакала да чувам куче со големо педигре, куче за кое ќе трошам 1000 евра месечно и кое ќе го носам на натпревари. Не ми треба шампион. Не ми треба куче кое ќе го опишувам на другите со еден лист кој се вика педигре. Јас сакам куче кое ќе го опишувам како сакано куче, кое кога ќе дојдам дома ќе скокне и ќе ме преполни со позитивна енергија и ќе ми даде љубов. Куче кое е мој личен шампион. Рики е тоа!