1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Срцка бе и студи.
    Моево денес вее снег оно во боксот застанал во ќоше за да го вее снег и гледа нагоре и ужива. Будало.
    А и претерано јаде снег :lol: Лани дека прво зимо го чувавме мислевме да не се разболи грло да го боли, ама ништо не му е, неќе вода, сака снег!

    Еве од денеска ова се игравме :$ Омилена играчка му се ракавици, скока од радост со нив :lol:
    [​IMG]
     
    На Theodora, Strumfeta93, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Добро да ве прашам вие што ги чувате кучињата во двор,како се справувате со тоа водата да не замрзне?
    Знам дека кога е многу ладно -10/-15 степени, тањирчето со вода им го ставаат внатре во куќичката за да не замрзнува водата,ама па ми е чудно и да е внатре во куќичката тањирчето пак ќе замрзне водата ако е надвор -10/-15.

    Јас неможам да замислам да чувам куче во двор,тоа според мене би било исто ко да не чувам.
    Се знае кучето треба да е секогаш поред газдата,а вака во двор (поготово зимно време) исто како да немам куче ако не е со мене цело време,и што во зима прошетај го и толку не го гледаш цел ден.
    Никогаш не би чувала во двор куче,живеам во стан,но имам и куќа (поточно викендица) со голем двор,и кога би живеела во куќата пак би ги чувала кучињата внатре.
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Домашни миленичиња

    Јас сум голем обожаватил на животни :) Имам маченце црно-бело и многу си го сакам, како далматинче ми е :lol: И кученце чував до пред неколку години, ама го дадоа моите на едни пријатели и многу ми е криво сега ама тоа е што е .Сакам да си земам едно убаво кученце или персиска мачка да си чувам баш ќе разгледам како се движат цениве :)
    Еве некои срцки што ги најдов на нет :) Преубави ми се :*
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Домашни миленичиња

    Еве, мојот мал, мачор лично ќе ви се претстави, со неколку фотографии...Го обожавам!!!
    Втората слика е малце матна, најверојатно во движење сум го фатила.
     
    На cherry.blossom, Theodora, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Домашни миленичиња

    Му менуваме вода многу често.
    А те разбирам што чуваш дома.
    Јас сепак не сум за чување големо куче дома. Ај мала некоја пудла ова она, може. Ама никогаш не сум била за тоа морално да е чување на куче дома.

    Посебно ова со огроооооооомни влакна, па да прави лом по дома. Овој на неколку саати ќе седи дома и има бели влакна па одма уклучуваме правосмукалка, дури кога беше јуни и кога се митареше моите не ни дозволуваа дома ни на 1 мин да се качи. Абе волни оставаше зад себе |(
    Го чував дома од месец ипол до кај 3/4 месеци додека не потпорасна. И пак не го остававме скрос само дома. Абе како што е блесаво се лом ќе направи.
    А и сигурно си запознаен што инат е самојадот, тежок е за одржување дома.
    А и сака надвор. Сериозно сака. Оно и додека беше дома одвај чекаше надвор да оди.
    Баш вчера сестра ми го чувала дома зашто ладно беше и било жал, он поседол 1 саат и стоел до врата досадно му е сака во боксот да си оди.
    КОга беше дома спиеше само на плочки во ВЦ или на балкон, не сакаше домашна температура.
    Да го внесувавме летно време на претоплото време.
    Иначе го шетаме минимум 3 пати на ден, седиме со него, го внесуваме и дома, посебно летно време цело време е со нас. Мислам дека не се чуствува осамено баш ич :D
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Домашни миленичиња

    Мачките се поврзани со човекот најмалку 9.500 години, и моментално тие се најпопуларните домашни миленичиња во светот. Тоа се должи на тесната поврзаност мачињата со луѓето. Овие мачиња се карактеристични по посебно развиениот слух, бидејќи тие можат да слушнат звуци кои се премногу слаби и за човечкото уво. Освен тоа, имаат и поразвиено чувство за мирис од луѓето.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Chocolate.me, Gordana10 и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.203
    Допаѓања:
    56.779
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Многу сакам животни, и не можам да си го замислам животот без милениче. Имам и куче и маче... Добро сега, кучето е на дечко ми, ама си го рачунам како заедничко :) .
    Мачето ми се вика Термитче - обично улично маче кое страшно го засакав. Не го чувам дома зашто мајка ми збеснува заради влакната, ама зимно време го пуштам во ходник. Многу ме сака и чувствува кога нешто не е во ред со мене. Најголем женкар е и сите мачки во малото му се женски... мачорите се прогонети :D . Многу сака да се мази и најпаметен е на цел свет. Разбира се’ - кога ќе му речам влези внатре влегува, излези - си излегува. Еве го милото Термитче кога беше помало:
    [​IMG]
    Сега во зима е огроооомен со долго крзно, само немам тазе слика. Ќе ви го претставам дополнително.
    А Теа (кучето) е јагне во волчја кожа. Изгледа страшно, а е најмилото суштество на планетава. Денес беше затруена по втор пат, се спаси за конец, и затоа се сетив да напишам во темава со специјален поздрав за Тејка:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cherry.blossom, Theodora, IvanaIvanchica и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Доберман некои кучиња едноставно се наменети за чување во двор. Еве кажи ми како ќе чуваш шарпланинец во стан? Не иде така.
    Плус ни кучињата несаат да се дома, посебно расите како самојед, шарпланинец, бернандинец итн... си саат надвор, нарушување на слободата ми е да го чувам затворено дома па колку и да го шетам, сакам слободно да се шетка низ двор бре, а за навечер си има куќичка си има бокс и се натака.
    А за водата ууф самоједите ја обожаваат замрзната, ништо само менување на водата на саат време ;)
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Да нормално дека Шарпланинец и останатите големи кучиња неможат да се чуваат во стан,додуша имам слушнато дека некој во Аеродром чувал Шарпланинец во стан ама мислам дека тоа е веќе претерано.
    Инаку јас си кажав како јас гледам на тоа да се чува куче во двор.
    Мене многу ми е чудно и никогаш не би чувала куче во двор,прва причина е затоа што нема (посебно зимно време) воопшто да го гледам,па така ми се фаќа исто како да не чувам куче штом не го гледам до мене,а друга работа е што може да ми го отруе некој.
    Нормално нема цело време да седи во двор,ќе го пуштам да се истрча и може да касне отров,ако некој фрли за да ми направи беља.
    Е поради тие 2 работи не би чувала никогаш куче во двор,и 100 пати ми е подобро што ги чувам во стан моите 2 кучиња,барем знам на сигурно се и мирно спијам.
    И секако не би избрала некое огромно куче како Шарпланинец и сл. за во стан,затоа си избрав кучиња што може да се чуваат во стан Пудла и Доберман.
     
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Домашни миленичиња

    Новогодишно украсени :lol: :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Домашни миленичиња

    ^ Ау бре изживљавање е ова :fubar:
     
    На Theodora, BoaVista и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Домашни миленичиња

    Јас да ви кажам право сум чувала мачки досега, бидејќи живеам во стан. Дечко ми пред 2 дена зема куче, ама не чувал до сега и не знае како, а и јас не знам бидејќи сепак е поразлично за чување од мачка. Кучето е Алјаски маламут, има месец ипол. Јас мислам дека е премногу мало земено, ама и не мора да значи. Тој живее во куќа и сега првите неколку дена сака да го чува малку дома додека да се привикне. Кутрето не прави проблеми, само навечер малку квицка, нормално, бидејќи првпат е одделено. Е сега, сакав да се консултирам со некоја од вас дали е во ред ова. Дечко ми планира да го чува во двор, меѓутоа кога малку ќе се стопли. Сака другата недела да го префрли на вториот спрат од куќата, бидејќи некој му кажал дека ако планира да го чува надвор после ќе има проблем со одделување од дома, во прашање се неколку месеци. Јас мислам дека кутрето многу ќе квицка, бидејќи сега таман се опушта со нив, па пак да го дели...некако не ми оди. Не знам што и како да се прави, па ве замолувам доколку некој има предлог, совет или слично искуство пишете ми. Мене ми е жал, јас сепак би го оставила со нив да седи барем уште еден месец. Неговите го прифатија веднаш, се што треба му купија за чување.
    Благодарам однапред.
    Поздрав,
    Ивана
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.458
    Домашни миленичиња

    Имав јас едно многу слатко мало и жолтко мачорче ама малку потпорасна и си побегна :worried: Ни дојде на неколку наврати и кога го видов бумбарче, здебелено, абе срцка. Сега, одамна не го имам видено.. А исто многу сакам кучиња, обожавам. Сакам да чувам глувци или стаорци ( баш ми се секси со тие црвените очиња хахаха ) ама не ми даваат од дома. А посебно не стаорец, а баш се евтини бе. |(
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.458
    Домашни миленичиња

    Тетка ми порано чуваше бернардинец во стан, огромно беше кучето и јас многу се плашев. :lol: Ама онака во душа, како би рекле многу беше добро кучето, добар чувар и стварно сите ги сакаше. И долго живееше. Ќе ти скокне и ќе паднеш. :D Ич не беше немирно и си седеше во станот. Секој ден тетин ми го изнесуваше и го шеташе пред зграда и не се закачаше со други кучиња. Многу убаво куче беше..
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Домашни миленичиња

    Што значи движењето на опашката на мачката
    [​IMG]
     
    На Theodora, la-chicka, LoVeR и 4 други им се допаѓа ова.
  16. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Домашни миленичиња

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Домашни миленичиња

    Cо едно мало прекрасно маченце :) леле, кооолку беше слатко...... :angel: :angel: :angel:
    И моето мичко-мачко маечко :lol: Така си го викам :D Ќе полета со ушињата
     

    Прикачени фајлови:

    • бебе.jpg
      бебе.jpg
      Големина на фајлот:
      225 KB
      Прегледи:
      424
    • ЛинаџД (2).jpg
      ЛинаџД (2).jpg
      Големина на фајлот:
      220 KB
      Прегледи:
      419
    На cherry.blossom, Theodora, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Домашни миленичиња

    Обожавам животни..
    Како мала 5 - 6 годинки татко ми купи куче раса нешто беше кралски пекинезер, мислам :$ и кај нас дома беше 2 дена,мајка ми не сакаше да биде дома зошто и се јавила на жената од кое го купивме кучето после два дена и мама прашува како е кучето, мило ли е, си игра ли.. глупости прашувала.. и оваа жената и вика ауу многу е милоо, бонбонче, само кога многу си игравме ми се помоча на тепихот, и ми го искина новиот фустан.. и мама толкуу, лошо и стана, а многу е педатна и го дадовме на некои луѓе таму да го гледаат и никогаш повеќе не го видов. A немам ни една слика од него и се викаше Роки, баба ми Роза многу ми се налути и на тато му викаше: Децата по мене не ги крстиш, туку кучињата. :lol: :lol:

    Пред 2-3 години го молевме тато многу со брат ми да ни купи уште едно кученце и го убедивме и ни купи сибирски самојед и го крстивме Ахил. Уште првиот ден кога го донесовме дома ми заспа покрај ногата, му пеев песни он ми вртеше така со главата на едната страна па на другата, му свирев на клавир тој завиваше, го научив да танцува, понекогаш полудуваше ама сепак беше слатко. Имавме проблем и со навиката каде да мочка ама и тоа го поминавме :D и кога порасна го извадивме надвор во дворот и беше вистински убавец, сите застануваа да го видат, малите го галеа, стоеше како озбилно куче а тој беше мала душичка. Место тој да си го јаде јадењето што му го дававме, тој на комшиската мачка и даваше да јаде. Кога го шетав, немаше некој што не застана да го погали, да праша како се вика .. И токму кога порасна голем, кога планиравме да го рушиме зимскиот снег заедно, беше отровен. Незнам кој го направи тоа, ама рацете да му се исушат. Знам дека многуууу плачев и сеуште неможам да преболам дека го нема.. ахх, многу го сакам!! ;( ;(

    [​IMG]
    еве овде Ахил кога беше бебенце мало :inlove:

    [​IMG]
    oвде исто мал, на роденденот на брат ми и имаше плава машна, се гледа малку :lol: :inlove:
     
    На Theodora, julie77, sweetheart10 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Домашни миленичиња

    моето злато Беки
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02155.JPG
      DSC02155.JPG
      Големина на фајлот:
      107,2 KB
      Прегледи:
      380
    На cherry.blossom, Theodora, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Домашни миленичиња

    Леле Беки колку е убав,душа мала :) ајде ќе побарам слика од мојата лепотица па ќе ја ставам и неа :inlove:
     
    На caki.83 му/ѝ се допаѓа ова.