Домашни миленичиња Прв пат слушам за Зако папагал и баш погледнав на нет и доста симпатично ми изгледа Ќе може да ми кажеш колку се движат цените? И зашто баш од Србија,зар кај нас нема
Домашни миленичиња Жако, или афрички сив папагал е еден од најинтелигентните папагали. Она што воопшто важи за папагалите e дека сакаат многу внимание, а особено поголемите врсти како овој. Станува збор за папагал кој многу се приврзува за семејството и сака да биде третиран како дел од семејството. Би било пожелно да имаш кафез со соодветни димензии и што почесто да си во можност да го пушташ надвор од кафезот. Искористи го тоа дека овој папагал има можност да запомни до 2000 зборови и фрази и е еден од папагалите кој најмногу може да запомни. Нивото на интелигенција му се смета за ниво на три годишно дете! Внимавај дека, кога ќе го научиш на одредена доза на внимание, тој нема да знае и нема да прифаќа помалку внимание од тоа. Затоа уште на старт пружи му оптимално внимание, доволно внимание, и не го запоставувај со тек на времето. Имаш прекрасна можност да уживаш покрај една вака убава птица која ретко кој може да си ја дозволи. Премногу се мили и лично сум имала прилика да ги видам во живо, изгледаат прекрасно! Може да те советувам да се консултираш со Војо од Зоо Вивариум. Тој е многу упатен во одгледување на вакви егзотични миленици и исто така има носено во Македонија вака поспецифични птици.
Домашни миленичиња Ете girl1985 напиша одличен текст за Афричкиот сив папагал - Жако Мада не би се сложила со тоа дека неговата интелегенција е како на 3 годишно дете, јас имам слушнато дека е интелегентен како 5-6 годишно дете. Инаку овој вид на папагал Жако е најинтелегентниот папагал што постои. Ги има во Македонија али се многу ретки и скапи. Еден Жако кошта од 800 до 1.400 - 1.500 евра. Инаку страшно многу се паметни и се однесуваат како луѓе, па ако не им обрнуваме внимание можат да се разочараат и да паднат во депресија, и тогаш почнуваат да си ги кубат пердувите и многу лошо изгледаат (со опроштење али изгледаат како печени кокошки). Затоа никако несмеат да се запоставуваат и треба да ги третирате како луѓе бидејќи скоро се разбираат. Знам Војо сега скоро пред 1 месец продаде еден Жако. Еве го гостувањето на Војо во емисијата на Мелита со бебе Жако Изгледајте го видеото,многу е поучно и интересно. http://www.youtube.com/watch?v=3E2aPShgj2I На видеото се гледа неговата огромна интелегенција http://www.youtube.com/watch?v=azrmZ80BibE
Домашни миленичиња Офф,лесно ти е на тебе.Ама кај мене не е така лесно.Уште од 1во одд. кога купи другарка ми куче и јас сакав,и од тогаш знам да спомнам некогаш ама...куче не било за во стан
Домашни миленичиња Секогаш имам домашно милениче и не можам без нив Имам мачка Зуица се вика хахаха и ангорка е, а имам и куче црна француска пудлица Не можам да си го замислам животот без нив и ептен се приврзувам со домашните миленичиња
Домашни миленичиња Знам дека многу каснам..али си го заборавив пасвордот..сеа ми текна...иначе еве ја мојатаа..Луси се вика.
Домашни миленичиња Ме заинтересира муабетот за Жако папагалите и прочитав нешто, изгледав и неколку видеа. Ова е чудо луѓе, чудо на природата http://www.youtube.com/watch?v=R6KvPN_Wt8I Само, мора да признаам дека ми е малку жал за папагалчево на видеото. Не ми изгледа среќен, а кога ќе го покажат на крајот се гледа дека си ги има искубано пердувите
Домашни миленичиња Срцеее! Боже! Видете ги тие мили, искрени очиња! Инаку, LivingGlam, за папагалите, па и воопшто со милениците, многу луѓе грешат. Ги земаат, им поминува меракот, ако може така да кажам, а тоа не е предмет! Не е партал облека! Не е украс! Тоа е живо суштество кое бара љубов а ја нуди во неограничени количини. Треба да се внимава на нив, имаме одговорност за нивниот живот затоа што токму тој зависи од нас. Од нас зависи и нивната среќа и задоволство низ секој изминат ден. Затоа треба добро да се размисли пред да се земе миленик, и добро да се размисли каков миленик да биде тоа. Многу деца кога ќе видат пиленце кај некого, веднаш посакуваат да имаат а мајките и татковците веднаш трчаат да им купат. А дете како дете, ќе помине ден, два три, недела, и ќе му пројде меракот и после што? Резултатот е запуштена и несреќна птица... Или младите.. сакам куче, сакам маче... па и тоа бара внимание и нега. Кучето бара прошетки, бара простор да се истрча. Мачето бара исто така внимание, хигиена... Затоа мили луѓе, пред да земете било каков миленик, размислете и на своите одговорности кои ги имате кон него и добро размислете дали може да му ги пружите тие работи на својот миленик.
Домашни миленичиња Имам дома една мачка и две кучиња најмногу си ги сакам сите не можам да го замислам животот без нив порано имав едно куче пекинизерче џени се викаше многу бев поврзана со него но умре многу тешко ја поднесов неговата смрт многу си ги сакам животните со нив живото е мнгу поисполнет
Домашни миленичиња Никогаш не сум чувала домашно милениче, но премнооогу ги сакам, било што или маченце или кученце... Но бидејќи немаме услови дома да чуваме, живееме во стан... Но многу пати сум си донесувала на по еден ден и после ги враќам... баш пред некое време една другарка отиде да живее во друга држава па нејзината мачка беше кај мене повеќе дена, бев пресреќна Но во план ми е да си земам едно кученце, пудлица,не сакам многу големи
Домашни миленичиња и јас живеам во стан..и чувам куче.(сега брзо го земав,пред неколку месеци) и многу се приврзав со него..не ми прави проблеми затоа што е во стан..на почетокот малу беше потешко за одење во веце но се научи..верувам дека нема да ти прави проблеми ако го научиш од мало
Домашни миленичиња Штом сакаш Пудла да чуваш, зами си. Јас имам Пудла и прекрасна раса е, имаш голема препорака. И плус Пудлите не пуштаат влакна и од тој аспект можете да бидете спокојни. На пролет планирам да ја парам мојата Пудла,па ако не успееш да најдеш Пудличка, рачунај на мене.
Домашни миленичиња Дали има во Македонија негде вакви мини зајчиња и како се движат цените? До сега сум имала само желка , во стан сум а и не се баш љубители на животни моите .А јас умирам за некое маче или вакво мало зајче домашно
Домашни миленичиња Спојлер можеби сликата е за во нема правда темата, но не успеав да ја најдам, а сликата ми делува ептен вистинито па сакав да ја споделам
Домашни миленичиња На сестра ми другарка купи негде околу грчка амбасада во тој дел во тие неколку пет шопа. 1000 денари. Побарај сигурно ќе најдеш, нема секој пет шоп. Ама битно ги има низ градов
Домашни миленичиња Аххх, души моиии! Си имам јас, не едно, туку две кутриња . Едното е доберман и е олицетворение на УБАВИНА И ГРАЦИОЗНОСТ, а другото ми е некое џукелче, ама нема помило суштество од него верувајте! Еве слики :
Домашни миленичиња Фала rossonerka , не сум од Ск ама ќе ги пуштам другарките што се таму да побараат или јас нареден пат кога идам ќе си купам. Мислев воопшто нема да има кај нас , пресреќна сум