Домашни миленичиња а да побараш од некоја другарка или другар да ти поклони за роденден или така нешто и ти ко демек изненадена почнуваш да се радуваш да скокаш и да ги молиш и им правиш ваква фаца и ке мораат да прифатат. Па нели поклони не се враќаат, ама тој што ке ти го полкони треба да биде близок кој што и твоите ке го знаат и ке им биде незгодно да речат НЕ
Домашни миленичиња Јас имам пекинезерче.. всушност немам јас туку има дечко ми по моја иницијатива (значи исто како да имам јас нели?).. Бидејќи јас живеам во стан, а мајка ми баш и не сака животниче по дома (а јас за разлика од моите, многу сакам животни) и со дечко ми си зедовме пекинезерче, односно ни го подарија... Еве веќе 7-8 години го чуваме
Домашни миленичиња jас еднаш чував куце кое после година дена ми умре ми го згази кола .......а јас бев 3 дена мртва болна и реков никогаш повеке.......нема да чувам никакво животно
Домашни миленичиња пинк види тука http://www.pazar3.mk/Listing#id_locatio ... pe=ForSale сега не знам што раса е твоево, ама сите ми се бели, и сите ми се слични
Домашни миленичиња Јас немам домашно милениче, но затоа мојата другарка има Дорка-моторка Многу си ја сакам и чекам да ја парат и да ми даде мене едно. Еве ја Дорка-моторка
Домашни миленичиња јас чувам веке 11 години мелезче пекинезерце моето црно соннце татко ми нејкеше да чуе за да ја чуваме а сега не може да живее без неа, а мајками не може да спие ако не и е на нозете... татко ми два пати дневно ја шета а мајками ја рани пошто она е принцеза и не јаде од тањирче а сега планирам за дипломската да натерам некој од другарите да ми (подари) усте едно само да го најдам правото куче
Домашни миленичиња Е да ви кажам дека од утре и јас ќе имам кученце. Моја Дорка-Моторка...јејеј...Ама ќе биде женско а нејќам женско. Е сега сакав да прашам за тие што чуваат женско куче, дали има некој посебен начин на чување, во смисла како се справуваат со крварењето и парењето? Што мислат за кастрирање? Тоа за мене е жално, ама не можам па да чувам во стан уште 10 мали кученца. (101 далматинец ) Плиз пишите ако имате искуство. И нека ми е честито ново кученце.
Домашни миленичиња јас имам женка, ама уште е мала скоро 7 месеца... е сега ја фаќаат периоди за секс, па е*е се по дома од мечиња, па ќе ми ја грабне раката абе лудници.... не знам дали е ова знак дека набрзо ќе прокрвари A кученцата после ќе си ги поклониш...јас ќе ја парам мојава, па ќе ги дадам на луѓе што сакаат да чуваат
Домашни миленичиња ^ има и лоша и добра страна но, јас не би ја мојава, си реков нема шанса.... па кога ќе и биде периодот, нема да ја носиш надвор, а плус има гаќи и влошки специјални во пет шоп, и да видиме дали некој ќе може да ја опне со гаќите на нејзе едит---- кога го купив моето волицко беше...само скрос кафеава е
Домашни миленичиња хахахахаххаха....абе никој нема да се доближува...ќе ја намирисам плус со ефтин парфем и нема да има ни додворувачи... едит: Ајјј срцко...ама сега ќе треба да се образувам во областа на кучињата...морам
Домашни миленичиња ma4o4female, нека не ти е криво што ќе имаш женско кученце, зошто јас имам машко и мнооооогу клеца во парк го шетав пред 3 дена и најде една женка и си отиде со неа. Јас си се дерев ко будала и трчав по него низ парк. Женката бега, мојов по неа, а јас по нив двајца Смешки живи, среќа што немаше мн луге во парк, да ми се изнасмејат поштено За скоро време и јас ќе земам женско, жал ми е за малиов да не е сам, ќе си има другарка, а после ќе си бидат цело семејство кога ке имаат кученца
Домашни миленичиња Ај честито куче што раса е? , или мешанче е? Го имам пишано ова мислење во друга тема али ќе го ископирам и во оваа тема бидејќи е баш наменето за твоето прашање. Ова сега што ќе го пишам важи за сите што мислат дека машко куче е подобро од женско. Сите што мислат дека мажјак куче е полесно за чување од женка се во една ГОЛЕМА заблуда. Женките се каде каде поприврзани за семејството, а циклусот што е 2 пати годишно и што трае неколку недели не е ама баш никаков проблем. Со мажјаците е многу потешко затоа ако осетат женка во циклус им се исклучуваат сите жици во главата и веќе не размислуваат трезвено,па ти викај како будала по него да се врати али не те ферма исто како да непостоиш. А покрај тоа што ако помирисаат женка во циклус ќе побегнат по неа,уште полошо што може да ви се случи е тоа ако се погодат двајца возрасни и зрели мажјаци и женка во циклус. Е тогаш доаѓа до општа тепачка за да се знае чија е женката,а особено што мажјаците си имаат некое свое его па и кога нема женка они сакаат да си се докажат кој е поголем фраер. И можат двата мажјаци крвнички да се степаат и да едвај ги одвоите и да има последици од тепачката. На женките циклусот им трае 15тина дена и добиваат на 6 месеци,значи женките треба да ги пазите само 30тина дена во годината а додека мажјаците треба да ги пазите да не избегаат и да не се здават со друг мажјак 365 дена во годината. Затоа мојот избор секогаш ќе биде женка. На страната на мажјакот е само поубавиот и покрупниот изглед од женката,а се друго е на страната на женката. Е сега покрај сите толку добри страни што ги поседува женката,апсурдно е да земаш мажјак само ради изгледот. П.С. Јас имам многу големо познавање за кучињата и кога ќе го земеш утре кутрето ако нешто не ти е јасно околу исхраната,вакцините,дресурата или слично слободно на темава прашај ме и ќе ти кажам се што те интересира. И не важи ова само за тебе,туку на сите членови на форумот ако нешто не им е јасно во врска со кучињата слободно нека ме прашаат, бидејќи знам многу работи и ќе ми биде мило да ви помогнам. П.П.С Неколку пати имам кажано дека добро би било да се направи подфорум за домашни миленици,али гледам не отвараат.
Домашни миленичиња И јас имам женско и не е тешко за чување.Ова сега што го чувам е мало 7ипол месеца е па така да уште не добила,а претходното кога имаше се собираа кучиња околку нејзе и неможев на раат да ја прошетам А и не им тече многу,на мојата и облакав гаѓи и така се шеткараше по дома... Иначе џабе ти е парфем тие и тоа како осеќаат,ептен веќе ако сакаш да биде парфемирана ќе треба некој оригинал за подолго да стои Потполно се сложувам да се направи подфорум за миленици
Домашни миленичиња Сори, да те прашам за мојата лепотица кога ќе дојде ред да и купам гаќички, колку пари се и колку пати можат да се користат? Тенкс
Домашни миленичиња Благодарам на исцрпниот одговор и да знаеш дека нема дека да ми бегаш кога ќе имам некоја нејаснотија. Веднаш тебе ќе те барам. Позз