Домашни миленичиња Еве ги и моиве шарковци Машко и женско, тамам си се дружат по цел ден . Само за гњавење се
Домашни миленичиња Сакам да си земам мислам купам некое кученце ама така помало Не сакам многу големо ама моите дома нема да ми дадат
Домашни миленичиња Цаци, еден совет: ако не си сигурна дека ќе ти дозволат не земај! Треба сите да се согласите за да имате нов член во домот! А ако земеш и твоите не го сакаат ќе треба да го вратип или подариш. Но, ретко кој сопственик кој продал куче го сака назад! А за подарување пак не можеш на секој бидејки не знаеш дали тие дома сакаат... Затоа, прво согласете се сите, па после земај. За да нема плачки А ако земеш што раса би зела?? Да ти помогнеме во изборот, ако можеме!
Домашни миленичиња Јас си имам персиски мачор и го сакам најмнугу на свет!!!кремава боја е со бело,едниот мустаќ му е бел другиот кремав и многу сака да се мази,посебно наутро.Не би го менувала за ништо на свет,го сакам!
Домашни миленичиња Еве се цитирам самата себеси и сакам да ви покажам чист пример за тоа што го напишав погоре. Se prodavaat isklucitelno napredni i kvalitetni primeroci od rasata Labrador retriver so odlicno poteklo!! Iskustvo vo odgeduvanje na ovaa rasa nad 10 godini!! Imaat 2 meseci, so izvadeno pedigre i eksterierna kniska!! Procisteni od paraziti, vakcinirani i spremni za vdomuvanje! postoi moznost da se zeme i bez pedigre, po mnogu popovolna cena. Za kvalitetot govorat slikite!! Uste uste samo 2!!! ^^^ http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Ind ... 6059&Idx=6 Значи вакви ствари кога ќе прочитам едноставно ми се Јас стварно неможам да ги сватам ваквите НЕОДГОВОРНИ луѓе кои што на некои кутриња во леглото им вадат педигре, а на некои не.
Домашни миленичиња Имам мачка скоро 5 години ја чувам и по два пати во годината се омачува ама ко ќе треба да ги дадам мачината две недели се натерувам уххххх претешко моментално имам уште само едно за давање ама ке почека уште две недели
Домашни миленичиња ожеби е малку оф овој линк ама мислам дека вреди да се погледне.... http://www.zolta.com.mk/info.aspx?id=6000
Домашни миленичиња Ние сме животинско царство. Нашето семејство го сочинуваат- Дејзи- мојата најсакана дога, Лил Мо- нашата Russian Blue мачка, Ацо- нашиот мачор и Цезар нашето последно кученце кое мм го пронајде покрај еден контејнер пред 2 месеци. Сите си живееме среќно и задоволно. Имаме огромен двор од 700 м2 па има место за сите. Е сега нема двор како што сите посакуваат(среден, со цвеќиња- мекиња), зошто сите се во некоја посебна фаза- кој копа, кој гризе цвеќиња, кој превртува саксии, кој ги јавнува малите дрвца кои никако да пораснат, некој обожава да уништува папучи за во двор Ама сите убаво си се сложуваат. Лил Мо и Дејзи во исто време се земени па заедно си растеа и немаше никаков проблем. Е откако ги донесовме Ацо и Цезар, имаше мала доза на љубомора, ама сега се не разделни.
Домашни миленичиња Вака акосакате ми(ни) помогнете јас и брат ми сакаме домашно милениче(по можност куче)но живееме во стан и неможеме да го чуваме(мама(таа не дозволува никакво животинче да влезе во нашиот стан (ни риба)) и тато не даваат), а имаме можност да чуваме кај баба но и таа не дозволува! како да ги убедеме да ни дозволат да земеме некое домашно милениче?
Домашни миленичиња Имам и куче и маче. Кучето не си го сакам толку ама и тоа не ме сака мене. Ама мачулето кога го донесоа толку му се израдував, леле како го размазив, сеа едно мазулче што е, срце мало, многу го сакам...
Домашни миленичиња Луѓе! Пред некој ден дознав дека мачорот ми е Спојлер педер!! (го видов) Има околу 1на година, не е многу големо, ама другите мачори го искористуваат. Што да правам?
Домашни миленичиња Прифати го душичето какво што е Знам дека ваквите појави ги има и кај животните де и кај кучињата, ама стварно не знам што и како. Сакај го, што друго твое си е
Домашни миленичиња Да да си го сакам најмногу! Ама не сакам па да ми го искористуваат. Душиче... Малечко е, не знае... Да ги бркам мачорите или... да ги оставам...?
Домашни миленичиња Па не можеш сите да ги избркаш. Јас не знам дали е тоа мал 1на година, некој што повеќе се разбира од животни нека каже, ама знам моето мало мачорче уште 4 месеци кога имаше си почна активно скитање по женички. Некој што повеќе се разбира нека каже.
Домашни миленичиња Па мене ми изгледа малечко. Ако нема 1на год, има 9-10 месеци сигурно... До сега се’ сум чувала мачки женски, и сега прво па мушко... Какво и да е си го сакам! Едит: и сега кога го видов на главата беше малку како исчупано, без влакна, а вчера под прозор слушнав мачки како се дават...