Домашни миленичиња Многу се нервирам, најмногу поради тоа што знам дека некои комшии намерно ставаат отров. Демек им сметале... а што им сметаат што си спијат и лежат мрзливо по цел ден на тротоарот? Кутрите, барем да знам дали се живи, подобро да се живи и да се побегнати некаде отколку да се отруени...
Домашни миленичиња Епа вие комотно можете да се јавите во полиција, или во Анимал мунди! знаеш ли кои пари се плаќаат за труење житовтни? мислам дека и кај нас има казни па нека трујат тие стоки мачиња пак!
Домашни миленичиња Првпат слушам дека и во Мк има таква казна. Знам дека во Америка и во други држави освен казни, дури има и цели хациенди, домови за животни, доброволно се собираат уличните мачки и кучиња и ги носат во тие Dog World или Cat World...
Домашни миленичиња Казни? Да има казни во однос на опомени пример. Јас лично не знам пример некој да казниле за труење, мислам вистинска казна како што заслужува. Еве пример на познаничка кучето е онака во двор чувар куче кое лаело многу по малски деца дури еднаш се скинало и добиле опомена да го чуваат на страна подалеку од улицата инаку ќе им биде одземено. А што да правам јас што на мојата улица има полицаец којшто има крволочен шарплаинец кој го има истренирано да лае по сите комшии што тој не ги поднесува (а освен сестра му друг не ни сака) и кучево кога ќе се обеси на жица мислам ќе ме распарчи. Му се јавивме на друг пријател полицаец и ни се изнасмеа и рече штом е за мој колега никој нема да ви помогне. И ете така си лае со години кучето, еднаш нападна човек и тоа мажот на сестра му, па овој не го пријави. И се на тоа се сведе. Додека не изеде некое дете ништо вајда нема да се превземе. Ма и тогаш дали ќе има нешто, знаеме како си се штитат тие полицајци, мамицата нивна.
Домашни миленичиња Значи како темпирана бомба пукаш. Ги читам твоите мислења и знам дека сакаш и чуваш куче/ња. Не ми е јасно како одма во негативна конотација се се превртува. БЕДНИ ЛУЃЕ се луѓето кои кучето кое јас го чувам го фрлиле на улица. А ми се од луѓе кои прво бараат да видат педигре , а потоа да го видат кучето - зошто се пронаоѓаш во овие зборови? Те цитирав за да се надоврзам на твоето мислење, а не да плукам на напишаното. Можда сум крива што не ми се повраќа од луѓе кои не вадат педигре за кучињата, но ги осудувам. Ај ком даун.
Домашни миленичиња Какви казни?нема!мене ми ја отруја наголемата љубов,и ден денес плачам за неа,па ништо од тоа,кај не беше мајка ми што се не направи,џабе,кај нас се е без врска
Домашни миленичиња Јас си ја сакам мачката ама кога ќе улови птица ми е жал И после грчи и не дава никој да ја допри додека ја јади птицата... А пак синчето нејзино преубаво, преслатко, ми го јади козињакот еве сликчиња: еве ги со мамичка си лежат а после си најде играчка на компјутерот и неговата дадичка, веќе не е со мене, ја дадов на комшиите
Домашни миленичиња Епа од кај да знам дека твоето мислење беше наменето за тие луѓе што го фрлиле на улица кучето, бидејќи мене ме цитираше си помислив дека мислењето беше наменето за мене
Домашни миленичиња Имам две папагалчиња машко и женско. Година дена ги чувам и уште ми се такви диви. До душа имаме мал напредок. Почнав да го собирам со запалена сијалица иначе претходно морав да гасам и да ги барам у темно . Сега се качив на стол му подадов рака на женското ми застана и ми стоеше едно 10 мин. Го носев до цвекето па до ѕидот си го остресе клунчето и после ми ја изгриза раката. И јас му викам ако ако гризи ми ги двата прста имам јас уште 3 на таа рака . И не знам дали тоа му е начин на играње или пак ми се лути нешто. Ај дајте некој совет како да си ги спитомам малце да не ми се дифтари
Домашни миленичиња Јас имам мачка, на 1 годинка е и ја сакам најмногу на цел свет и не би можела да си го замислам животот без неа Еве слики од неа
Домашни миленичиња Немам ни мачиња , ни кучиња.. не ги сакам мнoгу во моја близина, имав риби, папагал.. и нив би ги чувала, но мачки и кучиња, не не
Домашни миленичиња многу ми се допаѓаат кучињата од расата малтезери , би сакала да си купам но незнам од каде да најдам.. знае ли некој каде можам да земам ?
Домашни миленичиња Мојата принцезичка се вика Лара Ја зедов кога имаше 2 месеци, сега има 5, малечка е. Не се разбирам многу во кучина затоа и незнам што раса е. А и не ми е вазно, не ми треба педигре или да се фалам каква раса ми е кученцето. Не е тоа вазно, кучината не се за мода или за фалење. Знае да ме направи најсрекна на свет кога ке ме погледне или кога ке беснее по дома. Ни сама не е свесна колку е немирна Кога викам, со шепината ги покрива очината па веднаш попуштам, бебенце мое Незнам како успеав за олку кратко време да се приврзам за неа, ама ми значи ненормално многу! по цел ден сум со неа, многу ја гњавам Ај кога ке мозам ке ставам нејзина слика, да ми казе некој каква раса е
Домашни миленичиња А од каде ја зеде? Ако си ја зела од некого веројатно знаат да ти кажат што раса е. Не да ме сфатиш погрешно, ама зошто да не знаеш каква раса куче имаш. А еве нешто ново и од мојот лудак Цезар, кој го сакам повеќе од себе!!
Домашни миленичиња Поклон ми е од дечкото, го зел од некои луѓе ама смотанко мој не прашал ништо. Му се бендисало на изглед па го зел. А не ми текнало на ветеринар да прашам, ете и јас смотана
Домашни миленичиња Еве уште некоја слика од моето будалче Извинете за квалитетот, ама стари ми се сликите со телефон сликани.
Домашни миленичиња Многу е убаво да имаш милениче, но од друга страна бара огромна нега и внимание. За жал јас сега не можам тоа да му го овозможам и затоа немам. Инаку би сакала едно вакво