Домашни миленичиња Резиме на вчерашниот настан - кучката ми окучи тринаесет кутриња И тоа прв пат ја паревме! Девет преживеаа, а другите четири не... Се мачеше сирота, мешето до земја и беше ама издржа јуначки Цуце тоа, до прееска ја галев, ама на малите не им се приближувам, мајчинскиот инстинкт и е проработен, нема трте-мрте Да потпораснат малце па ќе ќе ги сликнам, глувци едни
Домашни миленичиња Архангел, да се живи и здрави малечките, големи да растат!!! Ти идаме со мекици!! И чекаме сликчиња да ги видиме...
Домашни миленичиња Сакам КУЧЕ... Очајнички.....Татко ми ми рече дека ќе ми купи...не го исполни ветувањето Сакам големо куче... хаска или самојед.... ако може некој да ми помогне да ми каже ако знае некој кој продава кучиња ви се молам
Домашни миленичиња Имам порано чувано дома папагали и тоа како ми умираа се нови ми носеа и имам чувано кученце мало и уште едно, расно беше. Кученцето беше кај мене само една недела, но сепак беше и го чував. Другото расното го чував мислам дека две години, но во село дека бевме тогаш цело време и имаше и таму кој да го чува. Беше многу убаво и секогаш кога ќе видеше дека некој доаѓа, одма лаеше и никој не смееше од животните да влезе во дворот. Ќе го вметнам тука и зајчето едно бело, мало, убаво, што го чував. И тоа го чував краток период, бидејќи требаше само по него да одиш и да чистиш, бидејќи многу смрдеше. Би сакала да чувам, маченце или пак кученце, но да живеев во куќа. Ехх, кога би живеела во куќа ..
Домашни миленичиња imam kuce no macki nikogas ne se cuvala me strav od niv ama pred 1 nedela mi dojde doma vo dvor edno malenko macence preslatko mn mjakuse po cel den i resiv da si go zemam da go cuvam go izbanav go nahranivme so deckomi sega se mn zblizi so nas kade i da odam se trce po mene go zaskav mn prekrasnoo e
Домашни миленичиња Сакам една ваква Chiwawa ..ама мајка ми ќе ме избрка од дома со со неа..ич нејќи кучки,мачки за чување дома,а имаме и двор и се..
Домашни миленичиња Ја имам таа чест да ги поседувам најинтелигентните миленичиња на светот. Мачката Мушу (6 год,шарена американска кратковлакнеста) ми има родено 28 бебиња,сама отвора врати,се кара,пие вода исклучиво од чешма,знае да го исклучи ТВ од штекер кога и е прегласно.Умее да краде од фрижидер(моравме да ставиме магнети за да не може да го отвори),како и од маса,дури и ако ја гледаш во очи.Таа е најдобрата и најгрижлива мајка на светот. Спајк е 5 месечен сибирски самојед кој покажува голема талентираност за негова возраст. Исто и тој пие вода од чешма (од надворешната ),со десната шепа прави здраво,со левата да пукне,се лути,знае да одврзува патики(на секој кој има врвци,без посебно предупредување),сам си го носи синџирчето,покажува посебен интерес за спортови со топка ( на крајот ја кине во знак на револт ) и вие на секоја песна што ќе ја чуе. Најмногу ги сакам,милите мои најубави!
Домашни миленичиња Ова се мојот мачор Кочо и зајачето Убавка...најубав пар... А ова исто така е Кочо кога беше мал... А ова е Кочо и неговите сестрички... А ова е другиот мачор кој се вика Боце.. и тој е со Убавка кога двата беа малечки А овде е Боце сега....пораснат.... мое најубавко
Домашни миленичиња Продолжение од горе ^ Овде е моето зајаче кога беше малооо... А на следнава слика се моите маченца кои мачката ми ги роде оваа година...сеуште не му имам смислено имина... И да не го заборавам моето "големо " куче.... тој се вика Трајче.. Се извинувам ако сум досадна со сликиве,многу ја сакам темава и сакав да ви ги претставам моите најсакани животничина п.с.немам ставено уште слики и од аквариумот..
Домашни миленичиња Леле милиии! Сакам да ги згмечам Тој Боце ист е ко Мушу моја,истш се шарени... Да ги изнабакнуваш од мене
Домашни миленичиња Lover, животните ти се преслатки, прекрасни, посебно Кочо, почнав да го обожавам! Ама најинтересно од се ми се имињата! кочо, Боце, Убавка, Трајче...чисто македонски сите од едно до последно! за кумовите и се извинувам ако фатив оффтопик!
Домашни миленичиња јас сум алергична на влакна од животни, ама колку сакам мачки тоа едно чудо се сеќавам како малечка имав една не се сеќавам како се викаше, цела беше бела и си ја чував кај баба ми дека татко ми ич не сака мачки се сеќавам колку и се радував се би дала да имам едно маче сега многу ги сакам, ама тоа е, подобро без одколку цела во црвенила и да се чешам
Домашни миленичиња одсекогаш сме имале дома по некое милениче, сакам животни, моментално имам две кучиња и мачорче, едното кутре (шарпланинка) ми е малечко 2 месеци, пред 1 месец ја добив на подарок и просто ја обожавам, ма да еден куп глупости прави коа ќе ја пуштиме низ двор малку да си прошетка, ама сепак премногу си ја сакам и се грижам за неа
Домашни миленичиња Имам мачка и многу си ја сакам И многу сум среќна сега, пред неколку дена се породи Се осеќам како бебе да ми се родило 5 нови маченца јухууу
Домашни миленичиња Сум чувала 3 кучиња, 1 папагалче, 1 желче, 3 зајаци, 2 рипчиња... доста е Сега всушност немам ни време да им посветам.
Домашни миленичиња Леле бебињааа! Нека ти се здрави и живи ,големи да ти растат! Обавезно да ги сликнеш , да ги видиме