1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, MissCupcake, pumpkin и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Домашни миленичиња

    Јас многу сакам да станам сопственик на некое милениче, уште од мала сонувам за мило, бело кутре! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На peperutce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Домашни миленичиња

    Јас имам куче и маче. :D

    Кучето ми е раса шнауцер, женско. Леа го викаме. Срцка е. Јас иначе се плашам од кучиња, ама со неа немам гајле. Ја имаме уште од мало, и се навикнав на неа, сега само си се мазиме. Особено со татко ми многу се сакаат. Да ги видите само. :rofl:

    Мачето го имам од вчера. Мало, бело, едното увце сиво, на телце има по некоја светло сива дамка, и опавчето цело сиво! Уште име му немам дадено. Ама како да му дадам, ете ми се скри в подрум и сега не можам да го најдам. Само мјаука, а кога ќе пробам да му се приближам се крие пак. Јадење има. Му дадов млекце, лепче и такви стари, станав порано и му купив и храна за мачиња, јок. Ништо не чепнало. :worried: Чаре?

    Иначе, следно на листа ми е зајче! Не знам како ќе успеам да ги убедам моиве да чувам, ама знам дека ќе имам зајче! Само маченцево нека се привикне. :!:

    Ете така. :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Домашни миленичиња

    Ќе излезе мачето само, не се секирај. Кога ќе огладне ептен ќе мора да излезе :D Инаку нормално е да е преплашено, особено ако до сега било со мајка му
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Домашни миленичиња

     
  6. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Домашни миленичиња

    Faline, не би требало да ми биде тоа проблем. :D Имаме голем двор, и зад куќата имаме така поголем простор, и таму има една постара гаража, го преуредивме и сега таму кучето е. Дур го учам дома како да се однесува, дур ми се кака и мочка на тепих, му направивме така. Удобно му е, не е ич валкано внатре, чистиме секој ден.
    А зајчето планирам да си го чувам дома, ама ај здравје ќе видиме како ќе оди тоа. :D
    Сега да му ја донаправам куќичката на маченцето, и да го натерам да излезе, да го спитомам малце. :D
    Него пред двор ќе го чувам. Имам место за се'. :D
    Мајка ми ми вика, аман, ако толку ги сакаш, оди кај нив, има место и за тебе таму. :D
    Сепак, фала на советот. :D
     
    На Faline му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Домашни миленичиња

    Пак јас. Се извинувам, не можев да редактирам. Ова мачево диво е. Татко ми го фатил да го погали, ова го искасало, го изгребало... :x Што да му правам сега?
     
  8. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    Ништо не е страшни и мене ме има прекасано мачка и тоа колку пати а јас и покрај тоа ги обожавам...само ако не му е лошо на татко ти можи да го натури издрасканото или искасаното со ракија друго ништо не мора ќе помини,не може да е опасно од мачка,а мачето не го тепај оти наместо да се смири полошо ќе направите..поздрав
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    Домашни миленичиња

    Си купив желче мало водно пред некој ден :) многу е слатко ...душааа :) сакав да прашам да ми објасни некоја поискусна феминка колку ракчиња да му давам на ден зошто првпат чувам желче ..нека ми пише некој ЛП ...плиззз :$
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Домашни миленичиња

    Мојот верен пес го чувам добри 11 години. Пекинезер со лавовско срце, а богами и став. :D

    Обожава да позира (тие што ме имаат на фејсбук го виделе), да брка женски и да си ја брка опашката.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Домашни миленичиња

    Јас мојот пекинезер го чував 9 години па ми избега :( . и он знаеше да си ја брка опашката :rofl: . еднаш го шишавме и од што му беше кратка не можеше никако да ја фати абе збеснуваше :rofl: . а женски џабе што бркаше кастрирано беше имаше несрека. ама шизик голем беше. мислам дека кога пак ке земам куче пак ке барам некое слично на него :)
     
  12. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    Девојки ако некоја од вас има видено некаде или пак веќе го има еден од овие видови на зајачина нека ми пиши одма....
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, zhap4e и MissCupcake им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    :D :D Eee што вид е ова? :D
    Ко перниче. :inlove: Вакво да си имам.... ќе го изнагушкам.... :inlove: :inlove: :inlove: :hug: :hug:
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    Ангори...така се викаат...многу се слатки......
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Домашни миленичиња

    ^^ :D Јас прво во сликите се запулив и дури не прочитав што пишува во постот не можев да дешифрирам што животно е :D А и откако прочитав, некако не ми беше за верување :D Во секој случај необично.
     
  16. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Животни!!!

    Премногу сакам животни, ги обожавам, ме исполнуваат со позитивна енергија, кога сум тажна ме развеселуваат, позитивно влијаат на организмот и психата, едноставно животна опсесија ми се :) :inlove:
    Мене најомилени ми се мачка, куче, зајак, коњ....исто така многу мили животинки ми се панда, делфин...
    Волонтер сум во здружение за животни и супер ми е кога можам да вдомам маче или куче, доколку имам можност дома.
    Јас си чувам од малечка маче, куче, зајак..и до ден денес што сум чувала, не се бројат на прсти :lol: Сега за сега, имам мачор и куче, две момчиња кои многу си ги сакам :inlove:
    СО ЖИВОТНИТЕ, ЖИВОТОТ Е ПОЛЕСЕН!!! :inlove:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Домашни миленичиња

    И јас како Хипица се загледав во сликите да дешифрирам што животно ќе да беше ова?! :D Не џабе рекле човек учи додека е жив! :!:
     
  18. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    ^Kaко и да е преслатки се :inlove: :inlove: ....како перничина како што кажа SexyLady
     
  19. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Домашни миленичиња

    ^ Јас не ни знаев дека имало повеќе раси на зајци. :D Мислев само една е и тоа. Да видам вакви би рекла вонземјани дека се. :D Како и да е дали некој знае дали во Мк имаат Салуки раса на кучиња?
    Еве слика:
    [​IMG]
     
  20. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    Oвде можеш да ги видиш сите раси на зајачина http://zajaci.webs.com/rasi.htm
     
    На AmandaS му/ѝ се допаѓа ова.