Домашни миленичиња леле ова не е можно...пред да одиме на одмор најдов едно 1000 кученца што би ни одговарале за дома, од фб и од други места, ама неее морало после одмор да земеме...сега неможам ни едно да најдам
Домашни миленичиња Не сум видела одамна, но знам дека еден дечко од Пржино чуваше вакво куче. Интересно е само на прв поглед... на второ видување не е ништо посебно, дури е и грдо.
Домашни миленичиња Браво ада за темава Јас отворив тема за животни во општи дискусии ама изгледа ја избришале, пошо не знаев каде да ја вметнам таму се решив ама ете ја нема, добро сепак што постои ваква тема сега Инаку јас премногу сакам животинчиња, животна опсесија ми се, едноставно тие ме исполнуваат позитивно секогаш, посебно кога сум тажна. Од малечка чувам мачиња, кучиња, зајчиња, канаринец до ден денес. Сега имам само еден мачор и едно куче, двајца момци кои премногу си ги сакам, сепак се трпат не се караат што посебно ме радува тоа Волонтер сум во здружение за вдомување животни и супер ми е, премногу ми е мило, сакам да помагам бидејќи и тие се од крв и месо, душички. Сега се собираат потписи на нет за Animal police, што најмногу сакам да се оствари ова барање веќе еднаш, од кога се збори и никако да се оствари За жал Македонија е последна со бездомните животинчиња од сите други држави А пак кога ќе слушнам (уште да видам) некој да збори лошо за животните одма се вмешувам и ако треба ќе удрам некој за нив лошо што збори... WITH ANIMALS THE LIFE IS EASIER!!!
Домашни миленичиња Сањаева, мора да се шета барем двапати на ден. Инаку нема каде да ја истроши енергијата, па многу веројатно и затоа ти ја гризе влезната врата. Нема доволно внимание, и на тој начин го бара. Задоволно куче ретко кога прави бељи.
Домашни миленичиња Чуваам и многу сакам миленичиња имам куче така големко е хаха а мачето ми го згазија пред неколку недели..лесна му земја..ама ги чувам надвор,бидејќи мајка ми никако не сака да чува внатре било да е куче или маче бидејќи и било одвратно од влакната..јас и викам ќе земем некои што не се скубат а таа не па не...ама има страв бидејќи брат ми како бебе кога бил во колевка бил завиткан во пелени и мачето му ја ставило опашката на нос..и мајка ми коа ја видела се мрднала од памет па земала мачката со метла ја тепала и ја треснала од земја(можам да ја замислам што и правела)хахаха бидејќи мислела ќе се загуши брат ми ама мачето почнало да се врти во круг како избезумено па мајка ми почнала да плаче хахахах...
Домашни миленичиња Еве неколку од бебињата на мојата Мушу ( за жал имаат други домови ,моиве не сакаа да задржиме ниедно од нив ,за што посебно им се лутам )
Домашни миленичиња Marcheline мачињата ти се преубави. Иначе имам и јас две мачиња а едната е трудна. Ахх незнам што ќе им правам на толку мачиња
Домашни миленичиња Marcheline тоа се препрепреслатки мачиња...ма најслатки на овој свет... И срам да им е на твоите што не ти дозволиле да задржиш барем едно! мала шала
Домашни миленичиња Здраво девојки И јас обожавам животни луда сум по нив и ме прават најсреќна. Имам чувано мн животинки од мала чував и кученце 16 години кое од старост умре, мачиња, папагалче, и сега имам кученце старо годинка и 3 месеци.
Домашни миленичиња Ако не можеш да ги чуваш, огласи ги по фб страниците, ќе се најде некој што ќе ги вдоми Чим едната ти е трудна тогаш нека седат мачињата со неа едно месец-два откако ќе се омачи, па потоа можеш да ги огласиш, со среќа
Домашни миленичиња Имам едни пријатели што сакаа маче па можеби ќе им дадам едно нив.Ама може и едно да си оставам.Па три не се многу
Домашни миленичиња Јас имам папагалче, жолто со зелено е, си го фатив на тераса и кога ќе почнеше да се дере а јас гледам нешо тв и не слушам од него, и му викав тути тути (ќути ќути, нели папагалски се изразувам) и доаѓам еден ден од факс, нервозна пукам и и кажувам на мајка ми шо се дешавало али се дерам (така причам кога сум нервозна) и го слушам папагалов вика "Тути тути" лелеееее он на мене, не за џабе рекле повторечки папагал (само да напоменам не е од оние шо зборат, обично папагалче)
Домашни миленичиња Моето куче Лејла... Ма незнам што да кажам попрво за неа. Црно-бело,дебело,тврдоглаво куче кое врти со опашот 24/7 и мисли само на храна. Слободното време го поминува во мавање поглед во далечина,и секако-спиење. Ама има таа и хиперактивни моменти кога стварно неможеш да ја сопреш па почнува да скока околу тебе да се гале и да каса. На почетокот ми беше сеедно што ја имам,но сега неможам денот да си го замислам без неа. Пред да наполни 3 месеци,комшивката Стана Хитлер ја отру па едвај се спаси. И то.... ПС: Ќе додадам и видео како "пее" ама незнам како.
Домашни миленичиња Ти благодарам,Бело Ангелче ,а и на Бејби123 На моиве не само срам ,и грев да им е! Додуша секогаш ги подаруваме на сигурни места ,кај познати луѓе ,не ради реда колку да ни се мавнат од дома ,ама и јас таква сум си ,претерано се приврзувам за нив ,не можам никако да се разделам ,се со плачки и температури и депресии ,комплет Ај нареден пат ќе ставам уште некоја слика од други мачиња
Домашни миленичиња Ти ја видов на една страна на фб: Избор за најубаво милениче или така нешто се викаше!! И имаш лајкче од мене