Домашни миленичиња Паа, едно ќе ми дадеш мене, де. Веќе 4 години немам мачка, а досега сум имала околу 35. Сме имале аквариум, 2 папагали, и со години сме имале мачки, ама пред да се роди брат ми, требаше да се ослободам од мачките, ама сега што брат ми е веќе голем, пак сакам да имам мачки.
Домашни миленичиња обожавам секаков вид на домашни миленици,до сега сум имала водна желка,риби(кои сеуште ги чувам ниту една не ми има умрено) и хрчак а сега чувам папагалче и многу си го засакав
Домашни миленичиња Дечки ако сте заинтересирани за маче да земете, можете од кај тетка ми, таа ги има сега 6 (т.е. 5, 6-то се е веќе вдомено ) што ги дава додека 6 други се породија пред некоја вечер Па сега можете да видите која гунгула е кај неа во двор па мора да ги вдомува што побрзо, да не зборам па уште неколку поголеми мачки дека има Јас и помагам да ги вдоми и така Еве линк од фб да ги видите кои се мачињата што се вдомуваат сега: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.2155950548344.123296.1533876345&type=1
Домашни миленичиња Сите ми се мили ,најмногу си ги сакам Ако не си чувал мачка досега ,треба да си земеш една ,не знаеш кој филинг е ко ќе ти легне до тебе и онака искулирано си брчи,дреме...Абе најмили се! Отприлика за две недели очекуваме принова ,па ќе се пофалам и со нив ,да ги видите Еве уште нешто од мојата "фабрика за мачешки бебиња"
Домашни миленичиња Јас имам едно многу слатко малецко маченце кое си го крстив Garfild. многу си го сакам!
Домашни миленичиња Преубави се, а како Манда јас имам чувано и тоа неколку по ред, со малку бели влакна на градите а другото црно
Домашни миленичиња До сега сум чувала 3 кучиња. 1вото (шарпланинец) ми фати некое беснило цуце ми ја касна комшиката за Спојлер газ. па моравме да го оставиме на други луѓе. 2то (самојед) ми го украдоа од двор 3то (незнам што раса ама убавко беше, бело малечко) ми умре. Единсвено женско, беше трудна и при пораѓај си го изгуби животот, бог да ја прости. Рип Џеси. Мај фејворит. Не планирам да земам уште, зашто ептен се приврзувам за нив а на крај или ќе умрат или ќе ги снема.
Домашни миленичиња И мојата е таква, неколку бели влакна на градите и во долниот внатрешен дел кај нозете. Срцка е! Сега породи уште две црни како неа. Ама ќе ја чувам само малата Дебора...
Домашни миленичиња премногу сакам да чувам кученце,но татко ми не ми дозволува сакам malteshka pudla. и кога би чувала куче,.тоа би било малтешка пудла
Домашни миленичиња Јас имам папагал и го чувам веќе 4 години.Последниве 2 месеци забележав нагло опаѓање на пердувите на предниот дел и под крилјата, скоро ич да нема пердуви во тие делови.Има ли некој лек за тоа , од каде се купува ?
Домашни миленичиња Ги имам 3 маченца. Последното вчера си го посвоив. Го најдов кај контињер и си го прибрав дома. Само што прогледало, душичка не можев да му одолеам.
Домашни миленичиња Можеби се митари иако тоа не би требало да биде толку изразено, можеби му фалат некои витамини во храната, збогати му ја додатно, алергија, иритација, или пак можеби е старо искрено не знам колку живеат различните видови на папагалчиња. Во секој случај контактирај со ветеринар, доволно е да се јавиш и да прашаш, па ако е потребно и однеси го
Домашни миленичиња Имам многу миленичиња...Мали се, брзи и кафеави, а има и понекое црно...Им немам дадено имиња на секое-премногу се, па ги викам сите со едно име-лебарки
Домашни миленичиња Јас имам две кучиња.Едното е машко, а др е женско.Женското ми е басет, а машкото не е расно
Домашни миленичиња Јаас имам мачка.сега има две мали маченца Мачката е црна, а маленките се шарени, бело со црно