Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Домашни миленичиња

    Прекрасно е !!! Ова ти е само да си го земеш и со него да спиеш :lol: . Милина :inlove:
    Отсекогаш сум сакала шарени а само две ми беа такви, другите се сиви и бели ми беа :)
     
    На Sense му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Домашни миленичиња

    Феминки помош!
    Имам пекинезарче и ја чувам 3 години. До сега не ми се десило да фати крлежи болви, арно ама,улична мачка се омачи кај мене во двор и кутрата моја кучка полна е со болви. Совет барам, што даи правам, жал ми е веќе рани се направи а само неколку дена се поминати. Дома ја чувам, ама сега не ја пуштам, страв ми е да ми се наполни куќата со болви :(
     
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Домашни миленичиња

    ^ Ќе побараш во некоја пет шоп или земјоделски аптеки едно каифче што се става околу вратот и нема да има ни болви ни крлежи, а и можеш пред тоа да го избањаш со некој шампон против крлежи и болви.
    Јас така правев со моето пекинезерче и раат си беше :)
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Домашни миленичиња

    Ампула стави и, најмногу 400 денари чини, зависи каде ќе ја купиш и колкава тежина ти е кученцето, претпоставувам најмногу 4 килограми. Јас за мојата мачка од 3 килограми купувам ампула од 200 денари. Многу едноставно се става, ќе ти објаснат таму, значи позади на вратот или по должината на ’рбетниот столб. Кучињата не се лижат како мачките, па затоа 100 пати е полесно, јас мака си мачам со мојава да не лижне, затоа што е сепак отров таа ампулата. Ако сакаш може и на ветеринар да ти ја стават, само повеќе ќе ти наплатат, а не е некоја филозофија. Каивчињата и не се баш многу ефикасни, ама за секој случај можеш ампула и каивче плус.
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Домашни миленичиња

    Е конечно и јас од шред 2 недели имам кученце.
    Мешано е со црн лабрадор, ама е послабо и нема да расте толкаво...Само се надевам дека нема да биде многу мал раст :(
    Се вика Луна ама не ме сака баш многу ;(
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Купи Frontline ампула и гајле ќе си немаш ;)
     
  7. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    Домашни миленичиња

    Па според мене нема нешто поубаво од домашно милениче кога ќе влезам дома моето кученце трк кај мене скока од радост!Јас чувам куче,чубаб и канаринец ама лани ми умре ;(
    Секако не е ласна работа да се шува треба некој постојаноо да е дома посебно ако имате куче или маче,среќа што баб ми е по цел ден дома и таа се грижи за него!
     
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Јас моето куче си го оставам само дома и цел стан му е на располагање (значи не го затварам само во една соба да седи) туку апсолутно сите врати од станот ги оставам отворени и кучето си седи кај сака и немам никаков проблем не прави никакви бељи :)
     
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Барам машки џуџест пинч за парење.
    Ако имате или познавате некој кој што има, контактирајте ме преку лп.
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Се знам со една што има мажјак Џуџест Пинчер па ќе ја прашам ;)
    А твојот Пинчер има ли педигре и што боја е ?
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    Доберман, едно прашање за тебе.
    Бидејќи знам дека чуваш женско кутре (пудлица изгледа беше), најверојатно си упатен во овие работи.
    Моево 4 годишно пекинезерче досега кога имаше циклус го паревме (со иста раса), а потоа малечките кутриња ги подарувавме. Арно ама, последниов циклус решивме малку да ја „одмориме“ бидејќи веќе роди 12 кутриња.
    :$
    И сега гледам дека „им се става“ на патиките за да си се чешка. Очигледно си има нагони. Што да и правам? :$
     
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    И јас сум женско ;) (приметив ми се обраќаш како да сум машко) :D
    Да јас веќе 7 години чувам женско куче - Пудла.
    Што да и правиш ... па ништо не и прави остај ја да си се „задоволува“ со патиките :lol:
    Си има она нагони ама тие нагони за парење траат десетина дена и после ќе се смири и ќе ги остави патиките на раат.

    Колку пати досега сте ја пареле вашата Пекинезерка ?
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Домашни миленичиња

    Се извинувам Доберманке :lol:

    Мислам дека три пати досега ја имаме парено, на шест месеци. Само чудно ми беше што дури сега има нагони. Периодот за парење и беше околу април месец. :?:
     
  14. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Нема педигре.
    Инаку црн е со малку кафеаво.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Домашни миленичиња

    Ако не планираш воопшто веќе да ја париш најдобро однеси ја на стерилизација. Искрено колку и да изгледа од страна ок, тоа за животните е измачување во буквална смисла на зборот. За нив парењето не е чин во кој уживаат, туку го прават под команда на хормоните и нормално со цел да се размножат, така да не и скратуваш ништо. Јас размислував со месеци пред да ја однесам мачката и на крај се решив, интервенцијата трае 15тина минути, после тоа два дена животното е помлитаво и се по старо си продолжува. Ми збореа дека после тоа животното нагло се дебелее, не сака да си игра, станува депресивно, а нема врска ништо од ова ако се продолжи со нормално третирање како и пред операцијата.
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Ич ама ич ич ич не сакам кучиња и мачки не сакам на улица да ги гледам а не па дома да ги чувам.

    Ама сепак сакам да имам милениче некои. Подолго време ми се врти гуштер во главата :D се распрашував ми рекоа во Србија дека има. Дали знаете во Македонија да има продавница за миленичиња од која ке набавам гуштер и кои видови ги има. Дали некој од вас има чувано?

    Ако не ке треба да се утешам со желка или рибички (а и двете досадни ми изгледаат)?
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Домашни миленичиња

    Па не дека гуштерот ќе стане и ќе почне брејкденс да игра. :)

    Инаку имаше еден дечко, го даваа по телевизииве, Војо мислам дека се викаше, тој чуваше/продаваше поегзотични животинки. Зоовивариум мислам дека се вика продавницата, само нит знам каде е, ни дали уште постои. :$
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    хахахахха Саја ме изнасмеа нема да игра брекденс ама бар не лае, мјаука и пее ко папагалите, мачките и кучињата. Уствари на секој различни работи му се интересни.

    Фала за тоа што ме изнасмеа и фала за одговорот јас подетално ке се распрашам.
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Домашни миленичиња

    Војо Иванов, најди го на фб, адни го ќе ти објасни точно каде е продавницата, инаку постои уште. А еве на нет што најдов јас,помош за локацијата на продавницата
    ул Пиринска бр.43
    тел:02/3232-133
    За точноста не гарантирам :?:
     
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Домашни миленичиња

    Пред еден месец се случи тоа од што најмногу се плашев...

    Кученцето мое,срце најголемо,почна да се пари во нашиот двор и злите јазици почнаа да го понижуваат дедо ми,и овој прост се засрами. |(
    2 дена неможев да се помирам со тоа што ми ја исфрли на улица.
    Лексилиум пиев.
    Ете толку ја сакам.
    Среќа моја,имаме ептен добри соседи па му ја дадовме нив. :)
    Сега си ја гледам секојдневно,но не е исто. ;(
    Еј,ви се пофалив ли дека срцето мое ќе се окучи во септември? :D
    Обавезно ќе ставам сликички. :*