Домашни миленичиња Ни мајка ми не сака многу животни, посебно мачки, ама и имам речено еднаш колку и да не сака јас сепак ќе си чувам животинче, е сеа колку толку се помирува
Домашни миленичиња исто беше и го донесов дома, и сега ајде одлепи ја од кутрето некад јадат г**** зашто тие ја носат на мочкање, ама само тоа е инаку се ептен приврзани за нејзе, а татко ми највеќе
Домашни миленичиња И татко ми одпрвин не сакаше ни да слушне за животно во близина на куќата, но јас и мајка ми ја донесовме мачката без тој да знае и полека и тој се приврза за неа, сега знае и да си поигра со неа.
Домашни миленичиња Хехехехе не е пекинејзерче кај мене, мешавина е со не знам што, за неа отидов дури до Ск за да си ја земам, кукла е
Домашни миленичиња Јас умирам од желба за некое слатко кученце, кога ќе порасне да биде огромно па да го дотерувам Хаска, Ретривер или Самојед.
Домашни миленичиња Вчера кога се враќав со мајка ми од шетање низ населба слушнав мјаукање близу школото кај мене. Одма отидовме со мама да видиме какво е маченцето и кога го гледам едно мало, портокалово, чисто и пувкасто. Го грабнав веќе со насолзени очи и некако ја убедив мама да го земеме, кажувајќи и дека сигурно ќе го згазне кола ако не го земеме или ќе го изедат кучиња и таа се сожали и си го донесовме дома. Их како во добрите стари денови... кога не секој втор, туку СЕКОЈ ден сум влечкала дома некое животинче - де маче, де кутре, де некое повредено врапче... Животинско царство! И еве сега ми преде во скут, му давам млекце и саламче. Душа! Многу е убаво, песочна боја, како крофните... и затоа ќе го викаме Крофна. Слики после ќе ви постирам, сега е многу немирно, само игра и рипа.
Домашни миленичиња Здраво на сите, нова сум на фемина форумот и незнам многу да го користам Мојата омилена тема се миленици и многу ми е мило сто има и таков дел на фемина..... Имам пресладок малтезер 1 година и 4 месеци и многу сум загрижена, зашто неможам да му најдам женка а веке време му е зашто почна и да се качува по нозе и по други кученца..... ЕНИ ХЕЛППППП????
Домашни миленичиња И јас имам мачка која ја чувам надвор само во зима влегува во подрумските соби нормално се многу топли бидејки се 1,5 под нивото .Таа е голем ловец не оства ништо од глувци,гуштер на радус 100 метри ама се ,,котеше или омачуваше ) две пати годишно и на крај решивме летово да ја однесиме на ветеринар и засега сме задоволни со нејзиното здравје ако не се одлучевме на тој чекор сега баш на есен пак ке имаше мали а тие се најтешки за чување бидејки заладуват ! П.С. во меѓувреме зедов уште едно маче мислевме дека е ,,персиска,,ама испадна мелез и тоа е женско оваја првава мачка мислит дека е нејзино мачето и го присвој ха,ха,хаАко не најдам оргинално персиско ке ја чувам и оваја ,,+ И ОВАЈА - треба да се СТЕРИЛИЗИРА ,, инаку старата мачка се викат Маре а оваја (лажнава пересиска) се вика Шмизла
Домашни миленичиња Колку само сакам да имам едно мало кученце дома, али мајка ми ич не сака миленичиња
Домашни миленичиња Имам чувано од хрчаци, водни желки па до мачки и кучиња. Моментално немам домашно милениче, но кучето од комшиите исто ко мое да си е. Си го ранам, си играм со него, ме испраќа, ме пречекува..ко мое да си е. Е сеа шо не го капам и не го чешлам ама тоа на нив им го оставам. Не за џабе е нивно
Домашни миленичиња Нашиот Шаро е многу јако куче. Добар чувар е, разбира кога му се скараш, си ја наведнува главата засрамено и демек кажува - ИЗВИНИ. Ако не е гладен, а му дадем коска, си ја копа во градината, но прво чека да се приберем дома, никој да не го гледа каде си ја закопува коската, да не му ја земем Имаме мало дрво вишни. И сам си ги кине кога се узреани и си ги јаде. Јаде и од кајсиите во дворот, ниските гранки които се, а сега кога се прибравме од Охрид забележавме, дека си крши ореви и ги јаде Во чудо се видовме какво куче имаме хаха. Друго интересно за Шаро е, дека фаќа глувци. Пред некој ден си бевме во двор и едно глувче се мушна уплашено од Шаро во нозете на Миле (маж ми) и Шаро се втурна да го фати. Успе да го фати со заби, остави го на земја пред нозете на Миле и го погледна во очите, мафтајки со опашка, демек кажа - Види што фаќам, како мачка сум хаха Јако куче е Шаро. Сакам да му најдеме женска и од малите само едно кученце сакаме машко. Некој ако има исто така куче во двор, женско и исто така сака потомец од неговото и од Шаро-Баро, молам д ами пише ЛП. Или не вие, некој ваш познат ако имате, много сакам потомец на Шаро. Шаро има веке 6-7 години, тој нема да е вечен, а е најпаметното и највеселото куче, кое имам видено некогаш!!!!!!!
Домашни миленичиња Ах имав два пекинезера едниот кралски најбушав на свет, и јапонски, толку беа паметни. Секое уттро се будев со нив. шетање си имавме многу ритуали додека не ми ги украдоа. Знам дека патев многу и реков не засега нема да чувам. Инаку не знам многу повеќе сакам кучиња отколку мачки..
Домашни миленичиња Имам 3 миленичиња куче мачор и мало маченце. Мноогу се срцкасти и многу си ги сакам Малото маче е многу бесно и немирно и само се задева со постариот мачор. Кучето е пекинезер и се вика Лара. Мачорот се вика Том а малото се вика Среќко ( така го крстив затоа што го најдов на улица и сварно имало среќа па оттаму името Среќко ) Мнооооогу ги сакам и сите други животни само ми е жал за бездомните миленици и заради тоа што постојат луѓе кои што ги мразат животните
Домашни миленичиња имам 4 кучинја 3 малтезерски пудли и 1 самоед Макси,Луна,Буба и Бона и еден папагал Папи и игуана по име Ига и планирам да си купам змии
Домашни миленичиња Црвенобузите желки се блатни животни. Храни се со месо, зеленчуци, инсекти, мали рипки. Строго забрането е да се пуштат тези желки на слобода, зш застрашават животот на пливашти птици и други риби и желки. Таа е водна, но дише со бели дробови. Треба во аквариумот да има доволно место за пливане, доволно место да излегува надвор и бела светлина, на која се сонча. Или едноставно директно на сонцето да се извади аквариумот. Водата треба да е 23-24 степени. Растат се разбира, стават големи. Средната големина на големата желка е 30-35. 20-25 машка. Гледав еднаш во зоо продавница неколку желки малечки една врз друга беа застанати и се сончеа на сиалицата. беа како споменик од желки. Не се поместиа пола сат, ако не и повеке...
Домашни миленичиња Јас имам едно маче,бело,бело,бело,снег бело и надвор ми е.Мајка ми не дозволува да го чувам дома,додека татко ми и тој е "мачкар" ко мене Се вика Белчо и е многу бушаво.Срце е.Околу 1 година си се дружиме.Само мене ми се гали,со другите е многу агресивен и недава да го галат други.Мн си со сакам.