Домашни миленичиња Благодарам на сите на подршката и совети..ке дојде нов цлен на семејството.Малтезер мал односно како што си ја викам едно мало,бело пуфкасто. ТОООО! Ја натера мајка ми,,море само она кога г виде на интернет слика кога рече ,,леле ама е слатко-е тогаш мислев да и се развикам.Па добро бе до вчера не сакаше да чуе к од куче а сега вели ама е слаткооооо.Ке ја утепам XD
Домашни миленичиња од што е ладно кај нас дома, зашто парното не ни го вклучија кој кај се крие кучкава од под јорган не излага 24/7 спие, ако стане одма се тресе, иде да мочка, со заледено газе се враќа и одма под кревет малото маче се крие во шкафот за чевли, во патиките на брат ми се бутка,ем оти му е ладно ем и зашто овој другиот мачор голем го тепа Tој се врати после 8 месеца, ама дивотиња невидена е Hе знам што му станало, порано ама беше мирен, сега.....
Домашни миленичиња Заборавив цена да ти напишам. Во Охрид ги гледав- малите се 150ден, големите 300. Така нешто беше...Околу 300 денари одат...
Домашни миленичиња ОВАА МОЈАТА МАЧКА ,,ШМИЗЛИЧКА,, НЕКОЈ МИ ЈА ИЗГАЗИ ПРЕД ДВА ДЕНА И ТО НА МАЛО МАЛСКО УЛИЧЕ ПУ! ЈАЗАК ДА МУ Е ! 100 ВОЗЕТ НИС НАСЕЛЕНИ УЛИЧКИ ! Сега зедов од истата мајка ,,персиска,, едно друго мало маШко бело со жолто маченце и моментално од соба не го пуштам да излезит малечко убавко ама СЕУШТЕ ЖАЛАМ ПО ПРЕТХОДНОТО негова сестричка што ми ја изгази некој !
Домашни миленичиња Soco баш ми е жал Тоа е, мачките во најголем процент умираат ако се ептен мали без мајка или ако ги згази кола Знаеш викаат најдобар лек за загубата е да ја надоместиш иако не се согласувам, секое милениче си е посебно и посебна е љубовта кон него, сега посвети му се повеќе на новото маче и не го пуштај многу надвор ако живееш блиску до прометна улица.. Поздрав
Домашни миленичиња Луѓе мои помооооооооооооош!! Мачката моја си го скрши забчето, крв и течеше, мјаукаше, касно е, нема каде да ја носам на ветеринар сега, ја погалив малку млеко сакаше да пие, пиеше многу, и почна да се лиже сега, и еве ја галам, и ми заспа в скут! Кажите ми, можни ли се компликации?? Како што гледав сега после 5 мин одкога ис го крши забчето, и прекина и крв да и тече, и се лижеше, и заспа. Пишете ми брзо ве молам.
Домашни миленичиња Анушка, сега го видов твојот пост, иначе однеси ја веднаш на вет, доколку не си го сторила тоа и таму се ќе ти кажат, може антибиотик ќе и дадат, не се секирај, се ќе биде во ред, чим прекинала крвта да тече тогаш нема проблем...
Домашни миленичиња Се надевам некој ќе ми одговори ако овде го поставам прашањето колку и да е ступидно . Се грееме дома со термоакумулациона печка и Марко, мојот мачор често си спие испружен на горната површина од печката, арно ама последно време видов дека топлата да не речам вжештена површина ја лиже со јазик . Дали некој има поим што потреба има од оваа „активност„ и дали треба да пробам да го спречам во истото?
Домашни миленичиња Веројатно некоја миризба го привлекува од печката па затоа ја лиже. На пример ако ги ставате алиштата да се сушат на печката, па после тоа нели останува миризбата од прашокот, па можеби на мачорот му се допаѓа миризбата и затоа ја лиже печката.
Домашни миленичиња феминки дај некој ако знае лабрадор ретривер да се продава , до 100 евра сакам куче многу ми се слатки ,а мози и златен ретривер се изнамачив од баранје нема вејке легла сега дури по неколку месеци ми викаат
Мали огласи за домашни миленичиња Јас сакам huskу.Имам едно женско и си го обожавам многу е игриво паметно
Домашни миленичиња здраво на сите долго време ја отварам оваа прекрасна страна на Фемина и ги следам случувањата посебно од сабајле отварам очи се мијам едно чајче посто не пијам кафе и се фрлам на лаптопот да проЧитам хороскоп го обозавам бидејки е секогас тоцен бар за мене а потоа чИТАМ се Ште е ново ИИИ после ДОЛГО ВРЕМЕ се ресив да се регистрирам и јас и еве да ви казам и за мојот миленик Пред една година купив кученце малтезер го крстив ГуЧЧи од моментот кога го видов се залјубив го засакав како да имам бебе толку слатко мило бело оххх прекрасна раса кога го донесо дома првите денови многу ми беШе цудно како да немам куче но после една недела лелел мајко беШе толку енергија трЧање постојано низ станот играње трета смена дезурање и само 3 саати спиење хаах се бесе ок имав малку потескотии со уценје каде да моцка не го изнесував многу надвор бидејки бесе многу ладно надвор и се пласев да не се разболе па затоа го уцев во тоалетот да иде и еднас идесе тамо кај сто ке му казев еднас не па го карав малку повеке од сто требе иии сто потоа еднас го оставив само дома и кога се вратив станот бесе урнебес секаде скинат картон од кутија хартиии земја офф оффф усте усте сто не видов ама не реагирав никако бев сокирана само исцистив и како нисто да не било нема снага за карање следниот пат најдов откорнато џид и тоа големо парце ама третиот пат го најдов со гомце во устето и незнаев веке сто да правам немозев да издрзам јас го бакнував во уста од сто го сакам и да видам дека тој си го јадесе гомцето е немозев му давав се сто ке ми кажеа на вереринар но не помагасе се претрпев за негова лепота и од премногу сто го сакав но немозев да издзам и го дадов но до ден денес залам и плацам за него но ете тоа е историјата за моето куЧе е сеа друго несто да ви казам еве скоро една година пак помуна и се ресив пак да земам куЧе овој пат џуџест пинц е сто да ви казам го земав на 1 месец и 3 дена сеа има 2 месеца офф сто да казам лудо гаволце имам дома ке стане јаде играааа и тоа многуууууу трца како будало смесно енергија невидена игра многу со мене ама некогас и гризе повеке од сто треба па ме фака малку и страв хаха ми показува некој фаци како лоШо куце кога игра рзи леле мајко усте малку кога ке порасе мозе и газето да ми го грицне ете тоа е сеа за сеа ако некој го процита ова ако има некој совет да ми даде супер ке биде Чао и добра нок на сите
Домашни миленичиња имам уште едно маче црно со бело е, машко,миличко се гали, 4 дена ми се мота у двор, веќе е мое ќе ставам слики кога ќе го поправам компјутеров, заебан ми е немам меморија машко е средно големко, од каде никна не знам, ама чим е машко, моите не ми прават проблеми зашто нели машките не се котат, и само машки ми даваат да чувам сега имам 4 мачори бреј и само една цурка-кучка као ја само не знам што име да му турам на татко ми не му давам ми ги осакати мачињата тигар бен и мишко а кога имав мачка бог да ја прости-Cеверина- ептен креативно, од кај му е идеава не знам
Домашни миленичиња Ајде Лудо, да е живо и здраво. И можеш да си го крстиш на пр. Трајко, Стојче, Спасе или некое такво старо изворно македонско име. Или Кољо, за да си има и песна. Се шалам, секако.
Домашни миленичиња ох, ох така и јас ја распрдев мојата, повеќе внимание, и строга да бидеш, немој се да му попушташ, зашто пинчерите знаат да видаT вистински ѓаволи верувај
Домашни миленичиња АЈ да ви кажам нешто за мојата најмила ада, прво многу е неразбрана кога ке ја пуштам во двор не знае што прави,леле леле тревата што е ,,,,, да не ви кажувам ,гризе се што ке виде и постојано е гладна , па кога ке се напрае како што е бела лом ама не знаете колку е среќна кога е у двор, среќна сум што е АДА среќна со мене си ја сакам премногу,
Домашни миленичиња барам совесен, вистински љубител на животни а посебно на мачиња. имам малечко маченце 2 месеца старо и немам услови да го чувам, почнав често да патувам, не ми се остава само дома, ептен е мило и мирно со стекнати навики, обожава да нанка по цел ден и да преде во скут! црно бело и бушавко! ако има заинтересиран ве молам за побрз одговор тука или во лп! ќе ви пратам и слика п.с се наоѓам во Скопје
Домашни миленичиња Mila04 и јас сум исто така љубител на маченца.И дома си чувам едноо многу е слатко, тигресто е со сиви очи!
Домашни миленичиња Имам многууууууу миленици и сите ги обожавам Имам 6 мачки (една е во мојот стан а другите се кај баба ми), кај баба ми имам куче,дома имам папагал, желка, риба.... едноставно ОБОЖАВАМ ЖИВОТНИ