1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. heymici

    heymici Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Домашни миленичиња

    Кажете ми , барам совет од вас . Кое куче освен малтезерот може да биде соодветен за стан . Ќе ми биде мило ако ми одговорите или прикажете слика .
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Домашни миленичиња

    Пинчер, чивава, француска пудла, пекинезер... Има многу кученца со мал или среден раст, но би те советувала големината да не биде пресудна при одбирање на куче, туку и карактерот на кучето. Но пред се, најбитно е што сакаш ти.
     
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Домашни миленичиња

    ми умре желчето...колку беше малецко...веќе 3 месеци го имав ...ептен малку јадеше...какво беше...раширено ножиња рачиња..главата спласната...леле...срцето ме боли...многу ми е жал...си го сакав највише...нека му е лесна земја на моето желче Колумбо ;( ;( ;(
     
  4. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Домашни миленичиња

    И јас имав желче кое го добив како поклон за роденде, но ми умре. Додека му ја чистев водата скокна од садот и право на глава. Многу ми беше криво! ;(
    Иначе во Кратово сега чуваме мачка, а имам чувано и папагалче.
     
  5. heymici

    heymici Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Домашни миленичиња

    Кучињата можат да ти вршат само позитивна енергија . Кучето ти е како мало човече кое многуу разбира,прекрасни се сите . Имам Малтезерче , се вика Бела , Иако ја имам само 3 месеци . НО ЈА САКАМ ПРЕМНОГУ толку е добра и паметна ( сите кучиња се такви )
    Поздравв <33
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Draggana

    Draggana Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Домашни миленичиња

    Имав маче само колку го сакав, знам дека и мачките се позитивни барем за моето да си кажам :D но веке 1 месец го нема и ми е некако криво затоа што сум таков човек што лесно се привзувам кон нив.
     
  7. heymici

    heymici Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Домашни миленичиња

    Кученцето кога ќе дојдеш дома ти се радува исто како да не те видело 10000 години.
    Прекрасни се сите кученца. <3333 :*
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Мопс
    [​IMG]В
    Вести териер
    [​IMG]
    Пинчер
    [​IMG]
     
  9. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Женски ми треба што е можен побрз одговор. Купив зајче и тоа шо е за пиење вода ми капе незнам зошто или па незнам ја како треба да се намести. Дали може некој да ми објасни. Го полнам со вода и капе.
    За овој сад зборувам

    [​IMG]
     
  10. anonimna93

    anonimna93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Домашни миленичиња

    dali nekoj ima informacija kade mozam da kupam, ili moze li nekoj da mi napise iminja na snabdeni PETshops vo Sk ili od drugi mesta niz makedonija. sakam da kupam kutre granicen skotski ovcar (Border Collie). ve molam za informacija. [​IMG] [​IMG]
    [mod-kirilica:39pedt63][/mod-kirilica:39pedt63]
     
  11. White-Lady

    White-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Домашни миленичиња

    јас имам златен ретривер женка а имав и папагалче ама пред неколку месеци ми умре :( сега сакам да земам хрчак или морско прасе...колку коштаат отприлика дане знае некој? :D
     
  12. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Хрчакот ти се движи од 150-250 денари,а морското прасе од 300-500 денари!
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња

    Најчести прашања за мачките

    Ги има многу, но најголемите- најпознатите фелинолози избраа 17, не само најчесто поставувани, туку и најинтересни, а потоа на нив без никаков проблем или напор дадоа јасни и прецизни одговори.

    И прашањата и одговорите се мошне важни ако имате домашно милениче мачка односно маченце. Веројатно за повеќето од нив првпат ќе прочитате.



    Прашање бр 1.: Дали мачката го препознава расположението на господарот?

    Одговор: Да. Реагира на човековата промена на расположението пред самиот него. Мачката го испитува човекот на свој начин, и тоа така што нежно му се умилкува до нозете или нежно му се стиска а до телото.


    Прашање бр.2: Дали се мачките приврзани?

    Одговор: Да. Некогаш се сметало дека мачката е најмногу врзана за домот т.е. за просторот во кој живее. Денес, пак, се знае дека мачката е врзана за човекот. Тоа посебно вреди за мачките кои постојано живеат во затворен простор (станови, куќи исл.)

    Прашање бр.3.: Кои раси на мачки се повеќе темпераментни?

    Одговор: Според надворешниот изглед, кратковлакнестите раси (сијамски, ориентални, абесински, британски) и средно долговлакнестите раси (maine cooni, норвешки шумски...) се потемпераментни и попалави од долговлакнестите раси (персиските). Меѓутоа, во секоја раса има исклучоци кои всушност отстапуваат од тоа правило.

    Прашање бр.4.: Колку време е потребно младата мачка да се навикне на нова околина?

    Одговор: Некои се навикнуваат за еден час, додека на други им се потребни неколку дена новата околина да им стане домашна. Најдобар период мачката да се навикне на новата околина и сопственикот е 3-4 месеци. Не е паметно стара мачка да се навикнува на нова околина оти би можела да има здравствени или хигиенски проблеми.

    Прашање бр.5.: Колку е потребно постара мачка да се навикне на нова околина?

    Одговор: Кај постарите мачки нема посебно правило- некои се навикнуваат за неколку часа, а на некои им е потребно повеќе време, посебно ако доживеале некаков стрес- на пример, кога поранешниот сопственик ќе ги запостави.

    Прашање бр. 6.: Дали мачката може да се храни само со зеленчук?

    Одговор: Не. Бидејќи мачката е месојад, на тој начин нејзиното здравје би било загрозено оти, меѓу другото, потребни и се и животински протеини, пред се аминокиселини (таурин). Соодветна храна за мачки е говедско месо, риба, живина, како сирова така и варена и печена, во конзерва или како сува храна. Не заборавајте ни на свежата вода.

    Прашање бр.7.: Што да се направи ако мачката ни донесе глушец?

    Одговор: Никако не смееме да ја казниме, оти е тоа доказ на нејзината приврзаност и љубов спрема вас. На ист начин таа им донесува храна на своите мачиња. Сопствениците се обично нејзино "семејство што е потребно да се нахрани". Најдобро е да ја пофалиме и да и обрнеме внимание за да и го отстраниме "доказот на љубовта".

    Прашање бр.8.: Дали мачките сонуваат?

    Одговор: Се разбира. Кога мачката брзо мрда со шепите или со опашката или стенка т.е. мјаука, најверојатно сонува. За што? Којзнае- можеби за нас, сопственикот!

    Прашање бр.9.: Дали е вистина дека мачките "слушаат" и со очите?

    Одговор: Да. Мачките во очниот орган имаат посебни нервни станици кои се способни да пренесуваат најтивки шумови, кои човековото уво не ги препознава, во мозокот. Затоа и сосема слепа мачка лесно може да улови мува.

    Прашање бр.10.: Зошто мачката лесно скокнува 2 метра или повеќе во воздух?

    Одговор: Благодарение на јаките бедрени мускули кои на нејзиниот скок му даваат брзина и височина. Притоа кај скокот го употребува опашот како кормило, а при доскокот како пружина.

    Прашање бр.11.: Зошто мачката чувствува земјотрес многу порано од човекот?

    Одговор: Мазната рожница која како со мали точки ги покрива мачкините перничиња дејствуваат како вграден сеизмограф. Мачката може да распознава и најмали вибрации, како што е тапкање на глушец.

    Прашање бр.12.: Радо би имале пес и мачка. Што да набавиме попрво?

    Одговор: Препорачливо е најнапред да се набави пес. Како водач на стадо радо ќе прифати нови животни и нема да се чувствува загрозен. Меѓутоа, во секој случај, најдобро е да се набават едновремено за заедно да пораснат.

    Прашање бр.13.: Дали мачката лесно останува 2 дена сама ако и оставиме доволно храна?

    Одговор: Да, ако освен храна и оставиме и доволно вода и свеж песок. Најдобро решение сепак би било за мачката да се погрижи соседот или пријателот.

    Прашање бр.14.: Дали мачките лете се потат?

    Одговор: Не. Мачките имаат малку ендокрини жлезди и затоа не можат да се потат "како коњи". Развиле поинаков облик на ладење. Нивното тело создава топлина што ја губат на површината . Горештината ја компензираат со јако дишење или збивтање. Мачката мора на располагање да има студен простор, за да има каде да се скрие од горештината.

    Прашање бр.15.: Дали понекогаш мачките се со лошо расположение?

    Одговор: Не. Може да биде потиштена, што би можело да значи дека сопственикот не и посветува доволно внимание.

    Прашање бр.16.: Дали кастрацијата/стерилизацијата влијае на однесувањето на мачката?

    Одговор: Да и не. Стерилизираната мачка по правило речиси никогаш нема да бара партнер и поради тоа повеќе ќе се држи за домот. Исто така нема да испушта гласови и крикови кои инаку ги испушта кога се тера. Можеби по стерилизацијата ќе биде помирна и понежна, а можеби нејзините основни особини нема да се променат. Исто така на кастрираниот мачор ќе му исчезне желбата да избега од дома, да ја означува територијата и да се бори за мачка.

    Прашање бр.17.: Дали е точно дека мачката барем еднаш мора да има млади?

    Одговор: Не. Мачката можеме да ја стерилизираме уште при старост од 6 до 8 месеци. На тој начин се избегнува опасноста преку полов контакт да се зарази со смртоносни болести. Препорачливо е да се направи еден зафат.
     
    На Hipica, Meggy и Karamella им се допаѓа ова.
  14. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Домашни миленичиња

    Имам кученце, златен ретривиер Били се вика. Си го обожавам душичка е, сами си живееме ама некни малце се разболе. :(
     
  15. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Ауу мојата најомилена сорта Голден ретривер! за жал не ми даваат толку големо куче во куќа ама здрави и живи коа ја си оформам фамилија обавезно таа порода ќе ја негувам.А што се разболе дали кива,пролиф или кашла некоја скршеница,глисти може да не е...
    ме загрижи сега и ја треба да земам кученце па ќе треба ко очите да го пазам...!
     
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Е во право си овде за се.И јас имам мачор но морам да кажам дека од корист се мачките.Има интерес за галење и нежности само кога е гладна а ако и дадеш храна веднаш си ги гледа нејзините интереси но таков инстинкт си е.А тоа со лошото расположение може да биде,посебно сега во фебруари лелеее прозорец ќе скрши само да излезе.
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Домашни миленичиња

    Има ли некој вакво слатко кученце:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Мислам се вика samoyed :D Да прашам дали некој има вакво и каде можам да го купам?
    Заборавив да прашам отприлика колку пари е :D
     
  18. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Ги имаш на реклама5,на пазар3 луѓе што си одгледуваат и обично се од 100 евра до 200 а ако сакаш со педигре од татко и мајка чистокрвни и претставници на расата е тогаш од 450 евра па нагоре се! позз!
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња

    Точно така, самојед е :) Освен на тие страни кои што ти ги кажаа провери и на http://www.kupimilenik.mk/
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Домашни миленичиња

    ^^ Цаци, само немој да мислиш дека останува тоцкаво. Самоједот расте голем. ;)
    [​IMG]
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.