Домашни миленичиња Koлкууу слатко си нана кутето ми на ќебенцето,ама како човече еј, со саати можам да ја гледам душа моја најубава
Домашни миленичиња Ме касна хрчак денес, дур пробував да го погалам.Во пет шоп беше, ама не го прашав продавачот дали е вакциниран или слично... Да одам на лекар? За тие што се од Велес, во Туш маркетот, во тој пет шоп ме касна...
Домашни миленичиња ^ Hе бре, мене хрчаците на дечко ми ме имаат закасано доста пати со тоа жутите зуби, ништо не е Hе се плаши...
Домашни миленичиња Jас прв пат слушам хрчак да се вакцнира? овие неговите мислам дека не се вакцинирани замиј го со ракија, бетадин... A многу ли те касна? знам дека јако касаат, ако се толкацки мали, ама ете мене ништо не ми било....
Домашни миленичиња не секирај се,беља ќе биде ако е некој стаорец од канализација те каснал,додека тоа се има хрането со житни растенија не плаши се а инаку хрчаци не се вакцинираат од глодари единствено зајаци се вакцинираат мислам.А и да те каснало го имаш истиот одбранбен систем како и нив,нели на хрчаците прават лабораториски испитувања за да откријат за човек.На местото каде те каснало стави ракија само!
Домашни миленичиња Па не знам дали се вакцинира хахаха, само претпоставка Инаку да, баеги загриза, и тоа ме фати со рачињата негови.И крв ми течеше повеќе... Прво со вода го измив, ракија ставив и ханзапласт... Добро чим не е страшно.
Домашни миленичиња Ај да ве прашам нешто. Чувам мачор стар 5 години и некој месец. Бидејќи во последно време почна многу да бара да се пари и плус во влезот ни се уврте една мачка, секој ден и ноќ не престануваше да мајука, али она длабоко агресивно мјаукање. Мачево не можеше да се смири и нас не не оставаше да спиеме. Се јавивме на дежурен ветеринар, ни кажа дека немало апчиња за смирување, дека апчињата биле само женски. Имало некој инекции ама тие да си ги најдеш на црно, што апсолутно не доаѓа предвид. Фала богу во близина имаме еден ветеринар па се смилува човекот дојде и во недела и вика единствено решение вие е само да го кастрирате. Па го кастриравме минатиот викенд беше тоа. Ама прашањето ми е зошто сеуште мјаука? мислам не е веќе она далбоко агресивно мјаукање ама сеуште дреме кај вратата и бара да излезе во влезот и по 100 пати на ден моча, еднаш ќе се измоча убаво, а 10 пати ептен малце како прскано. Читав на нет пред да го кастрираме дека после операцијата треба да престане да мајука и да моча по сто пати. Што е работава стварно не знам.
Домашни миленичиња Па додека да се уништат сите хормони ќе треба време...јас имам мачор ноникогаш не би го скопил зашо несакам да го лишам од природни биолошки работи.А тоа што мјаука сега е грижа на совеста некој да не му ја има заземено територијата да знаеш.Сега мачорот твој чувствува дека нешто не е во ред и освоените територии не сака да ги изгуби само поради кастрирање ете тоа е.За да му го свртиш вниманието,подобро снабди друга мачка или друго милениче пример хрчак или пак некоја промена во домот која ќе му биде интересна и ќе му биде зона за испитување пример риба си земи во топка и негде каде нема да мо же да ја фати и онака ќе ја гледа цел ден..
Домашни миленичиња имам мачка(Shadow) и морска прасица(Бусја), абе сонциња... цела среќа што кафезот е доволно голем па маца не може да ја дофати
Домашни миленичиња Оуу прасицата посебно ме воодушевува и ја имам една 4 годишна да ти кажам сеуште ја немам парено па кога се разгони квичи за секс... хахаха!а мачорот мој несмее да ја чепка!
Домашни миленичиња Супер братучеда ми има таква пудла 9 годишна но ја гризнало некое овчарско куче и сеа целата е во завои околу грбот.позз! инаку супер кучиња се и многу интелегентни. .. Инаку јас сум на план покрај пекинезерот гледам многу кучиња бараат шансаа за вдомување во стационерот вардариште па на план сум да тркнам до таму да земам некое мала сорта мелезак така за во двор ќе го чувам ќе пробам да му дадам втора шанса понуди ми беа испратиле стварно ги има многу убави и интересни плус кастрирани се ...па ако има некој заинтересиран еве фб страни http://www.facebook.com/SAVE.THE.DOGS.FROM.GENOCIDE i http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 9817651321
Домашни миленичиња дали би му наштетило доколку би го оставила во малку поладна просторија да спие, инаку се работи за пикинејзер? па понатака кога ке се затопли планирам да го пуштам и надвор послободно да шета.
Домашни миленичиња Хмм, пекинезер е во принцип салонско куче.Што по дифолт значи доста нежна раса.Ако до сега не си го оставала во поладни простории, не би ти препорачала ни сега. Мојот кокер шпаниел пред неколку години додека беше сам дома, влегол во просторија која не ја грејам, вратата му се затворила и кога се вратив дома го најдов како се тресе. Епилогот беше температура и инекции.
Домашни миленичиња Ајде и јас да ви се пофалам...си добив Хаски. мало е два месеци наполни . Многу е слатко , многу каса. Па акко можетѕе да ми објасните нешто во врска како да се храни, дресира , штеа , ма се за хаски.
Домашни миленичиња Ти пратив порака Колку е стар Пекинезерот ? Ако е малечок не би ти препорачала да го оставаш во ладна просторија, но доколку е возрасен, може да спие во поладна просторија под услов да му ставиш кутија со ќебенце или некои алишта за да му биде потопло. Ти чуваш Малтезер Ништо нема да ти биде, ехеее мене којзнае колку пати досега ме има каснато хрчак, па еве ништо не ми е И хрчаците не се вакцинираат.
Домашни миленичиња уу како сме се бањале сегааа Jа бутнав во када, ја по гашти, абре гајле нема кутенцето прво нејзе ја забањав, мирна е, излегов од када цела мокра, ја избриша со пешкирче и чаос да можеше да се бањаме со ист шампон супер ќе беше, заедно ќе се шлапкавме со пена многу сака да се бања, и мирничко е кога е лоша песничкава и ја пуштам. абре делува и на нејзе, си заспива johannes brahms lullaby Hајпознатото песниче