Домашни миленичиња Ние си зедовме кученце 2ипол месеци старо...веќе недела дена е кај нас и скоро на се го научиле моите послушно е,ама мака си мачат со извршувањто нужда каде стигне...знам дека е мало уште ама сигурно има некои трикови да го научиме.Па јас би ги замолила оние кои чуваат кутренца дома да ми дадат некои совети, финти, било што...што помогнало кај нивните кутренца да си го научат местото.
Домашни миленичиња јас од неодамна чувам, па можам да ти кажам тоа што мене ми кажа, најди некое пакетче или нешто каде што планираш да мочка, кака, и откако ке се измочка на некое место во вашиот дом избришете го местото со некое старо парталче или хартија а после тоа ставете го во пакетчето каде што мислиш да мочка. по мирисот кутрето ке знае каде ке треба да мочка и кака. се надевам ке ме сфатиш
Домашни миленичиња Па направивме така дури и песок им внатре...ама тоа се крие и се измочува каде било и кога го видиме дека му се оди го оставаме таму ама виси виси и кога се тргаме веднаш киднува и заврше работа на друго место така да...за колку време се научи твоето
Домашни миленичиња Прво, треба трпение и многу упорност и работа со кучето.Сега е се уште мало, но ќе научи без сомнение. Второ, секој дома си има свој ред, не би сакала да ви се мешам,ама...Од тоа точно одредено место за нужда, одкако кучето ќе си ја научи лекцијата-ќе почне да се шири не баш пријатна миризба. И за елиминирање на таа миризба не помага ниту едно средство за чистење. Затоа, мој совет е - додека се уште мали, научете си ги своите миленичиња да вршат нужда исклучиво надвор.Да, обврска е голема и бара многу дисциплинираност... Ама,ем кучето среќно , ем вие среќни.Кучето зошто ќе прошета, а вие зошто имате чист дом. 1209, на куче не му треба песок.Тоа е само за мачки.
Домашни миленичиња па некаде за 2 дена се навикна Лола-М во право си , али за да мочка надвор треба да дава некој знак дека сака да мочка или пак вратата постојано да се отворени ама сега е ладно па и неможе така. твоето е така навикнато ?
Домашни миленичиња Dipi, не може сега да ти дава знак, уште е мало и не е навикнато. За да го научиш, треба барем три пати во денот да го вадиш надвор.Наутро, на ручек, т.е. после јадење и навечер пред спиење.Гледај тоа да е одприлика секогаш во истото време. После извесно време ќе научи и ќе врши нужда само надвор.Па, и тоа не сака да мочка и да кака таму каде престојува Мојот убавец е веќе дедо и ако случајно се заборавам и не го извадам во ,,неговото време,, ме гледа право во очи и плаче
Домашни миленичиња хехе срце бе понатака би пробала , сега и некако мислам дека не би имала доволно време за да му посветам и да го навикнам да мочка надвор, барем да биде потопло па може на тераса
Домашни миленичиња Jaс живеам во стан па така да не можам да го симнувам пред зграда цело време...баш сега решивме да го изнесуваме на тараса, а за песокот не знаев прочитав некаде и затоа предложив на моите, ама сепак не знаеме кога да го изнесеме надвор треба да го научиме да дава некој знак, знам дека е уште мало, ние сме научени со животни оти цело време ги чуваме по дома, од папагали, до хрчаци и морско прасе...ама ова цело време се шетаме со чогер и крпи и средства...напорно е.Се надевам ќе се научи на тараса па нема да прави проблеми.Фала на советите.
Домашни миленичиња И јас сум во зграда.Па дур беше мало моето го приметував кога му се кака, се вртеше во круг и одма во раце и право на тераса,додека за мочањето ми беше малце потешко.После спиење одма го симнував пред зграда и така постепено си се научи.Е сега дур немаше никој дома си вршеше нужда кај ќе и текне.Како и да е треба трпение
Домашни миленичиња И јас живеам во стан. Ама, поубаво ми е да го прошетам три пати дневно, одколку да шетам со џогер по цел ден и пак куќата да ми мириса, да не речам смрди.Тоа е...Куче е благослов и среќа во домот,ама и голема обврска.Живо створче со свои потреби.... Како и да е, вие најдобро си знаете.Ти посакувам убав соживот со твоето милениче
Домашни миленичиња Јас чувам нимфа машко веќе седум,осум месеци,прекрасен е само да прашам некој ако чува да ми каже дали кога е постудено треба нешто дополнително да се прави за да не му е ладно пошто во просторијата ни е одприлика 20-тина степени?
Домашни миленичиња Драги феминки.....ве молам за хелп имам преубаво куче 6 месеца старо, тара значи се јаде .... е сеа има некои ситници шо не ги јаде ама не е ништо страчно...веке 4 дена, пошто ми снема од кучешката храна, и давам шо ке најдам, т.е. шо ке ми остане од ручекот....пробувам да и дадам супа со леб шо и порано јадеше од неа, сеа веке ке проба малце и одбива да јаде....долго време јадеше паштета со леб , дали сеа оти ја сменив врстата на паштета како да сеќава, и од ова не јаде....ке и напрам млекце со лепче јаде ама малце....знаши се шо сум и давала и претходно додека имаше кучешка храна сеа др врсти на храна одбива..... а ако и дадам некоа шунка или виршла за секунда го лапа.... е сеа моето прашање е ..... дали е инат оти толку време ја хранев се со месо а ретко мешана домашна храна плус кучешка храна па си се навикнала на ваква исхграна, или станува збор за некоја болест не дај боже ? ве молам кој и да има некој совет да ми пише....инаку жива си е по крактер ,, коа се враќам од работа одма скака и се радува....мнг сака да си игра иако слабо јаде оти и мене ме фати инат, недела вака ја оставам да јаде шо ке и дадам, знам дека не е убаво само на месо да биде навикната и на кучешка храна.....а да, еве за на крај еден пример...порано коа ке и дадев шпагети ги јадешше....сабајлево пред да тргам на работа, и стаив полна чинија шпагети ги мирисна, проба да јаде и ги остаи???? незнам шо да кажам за ситуацијава помалце ме плаши....плсссс пишете нема потреба да се плашиш... до сеа не сум чувала нимф, но сумм чувала обични папагалчиња и да ти кажам дека оваа темп. од 20 степени е супер...
Домашни миленичиња После ова видео кој не би посакал да има едно маченцеее http://www.youtube.com/watch?v=8fwXeBCM ... ture=share
Домашни миленичиња Можеби му е од јадењето, или пак некоја прашинка му влегла во окцето или пак температура. Чим не си го нашла тој ветеринар прашај го др. Марин 02 3113 101 или пак др. Анастас 02 6090 699, 078 234 701, да не погодуваме. позз
Домашни миленичиња Mожеби додека било надвор нешто му влегло во окцето па сега го боцка,бидејки велиш му е потечено.Провери го и стави му капки за око ако имаш,истите ние што ги користиме или натопи камилица и подржи му на окцето.
Домашни миленичиња Сигурно е настинато, премногу е мало за ова ладно време, иако денес имаше сонце. Уште пак ако е некоја нежна раса со многу кратко влакно... премрзнало
Домашни миленичиња Пудличка е и има доста густо крзно, како топче е.Не го прошетал брат ми многу до продавница и назат 5 мин. е тоа, мада добар е сега му сплана отокот го измив со камилица и еве го сега пак трчка и гриза по дома,добар е.Фала на советите девојки
Домашни миленичиња Сакам да си купам куче мало и мн слатко пинч или пудла некоја...дај кажете од кај да барам. Некам некоја џукела Или ако знаете некој што продава би ви била благодарна
Домашни миленичиња Вака,да си прашам тука. Се загрижив за мачорот.Разбирам дека Фебруари е месец на мачките ама цел месец го нема веќе,ни за јадење да дојде,ни ништо.Татко ми вели дека штом го нема толку долго веројатно нема ни да се врати.Многу ми падна тешко,има порано и подолг период исчезнувано па се појави.Ама сега нешто ми вели дека нема да дојде.Затоа што ми имат кажано дека кога мачките почувствуват дека не се повеќе во центар на вниманието (затоа што имаме и кученце,кое сега е нон-стоп пред врата) наоѓаат нов дом.Мислите ли дека ќе се врати?
Домашни миленичиња во контекст на твојов пост и ЈАС имам мачор стар е 6-7 месеци па не сакам да ми бегат како твојот затоа сакам да прашам на која возраст треба да се стерализират или (скопит) по старо за да не ми бегат ??? ве молам за одговор инаку имам и стара мачка која ја чувам со години но надвор таа летото успешно беше оперирана и фала богу се ратисав од гласните музиканти кој идеја двапати годишно по неја за парење ! Сега мачката се здебели дури ни Јас не можам да си ја препознаам ! П.С. мачорот ке се вратит ако е здрав и жив !!! недај боже само да не го имат изгазено некој несовесен возач како мене што ми имет досега пред кука 2 мачки изгазено и тоа тие беја најличните ! пу јазак ко намерно убајте мачки да ми ги газат !