1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Вакцинирајте ги под итно миленичињата против беснило, на вести кажаа дека се појавени случаи на беснило на мачки во Радовиш :sweat:

    ББојана, вистинскиот љубител на кучиња не ги дели на расни и на џукелчиња, а ти ако сакаш расно кученце побарај по огласите, мој предлог http://www.pazar3.com.mk или http://www.kupimilenik.mk сигурно ќе најдеш, само да ти напоменам дека цените се движат од 100 евра нагоре ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Треба да се кастрира порано,најдобро кога е полово зрело после 8 месеци.Како малечки,не препорачувам.А мачката твоја(за горниот пост) да знаеш дека можеби и од тоа да избегала од кученцето,мачките се врзуваат за домот а не за луѓето а кучињата со луѓето и домот,па кучето навлегло во нејзина територија,му обрнувате повеќе внимание одошто на неа и секако ќе се почувствува отуѓена но тоа не е доволна причина да ја нема толку многу време.Ако ја нема веќе месец дена...најдобро е да си снабдиш друго маче и ова кастрирај го операцијата чини од 1000-1500 највеќе 2000 денари и ќе седи во домот и нема да има желба да излегува.поздрав :D
     
  3. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Домашни миленичиња

    BlackSwan5 мојот поданешен мачор кој беше стар околу 1 година, го нема 3 месеци.Потоа се врати дома со скршен опаш,слаб како чачкалица и болен. Но се излечи и се беше добро додека соседот не ми го отрови :@
     
  4. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    познато ми е ова,мојот пак беше се спарил со персиската мачка на комшиите а тој беше сиамка и пустиот го начекале и го попариле со врела вода.Сега не им зборуваме :/ :/ :/
     
  5. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Домашни миленичиња

    леле душичаа . Дали преживеа?
     
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    не,се здоби со пеколни изгореници,бевме и на ветеринар го мачкаја со креми му ставаа инјекциии,качи температура од изгорениците и му испрснаа очите од притисокот и умре.Тоа беше пред 6 години,сега имам бенгалски мачор,кастриран и добро воспитан,моча во клозет и не излегува веќе надвор.Многу добра раса,како леопард дома да имаш го добив од кумовите како подарок! поздрав :D
     
  7. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Прекрасно е зајачето,јас имам големо искуство со зајаци.Не храни го со зелка нонстоп,и ког аму даваш давај му во мали колични,му пречи во системот за дигестија и може да се издува и да умре.И има едни апчиња Сулфамидин,пожелно е да раствараш и во вода да му ставаш еднаш месечно.поздрав :D :) ;)

    Супер ти е мачорот,и јас имам таков бел со таква карактеристична маслинеста боја и плус еден со леопардова боја! поздрав :D
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Чував мачор 4 години. Беше глув и неодамна го згазија на улица. Што му текнало да излезе низ порта - не знам. :) обично не излегуваше.

    Сега ми остана само аквариумот. Имам околу 40 риби. Сакам да си купам уште две златни и да си ги чувам у топка. Мерак ми е. Од секогаш ги имало во нашиот дом. Татко ми е мераклија да ги тинтари, да им чисти, да декорира по аквариумот. :lol:
     
  9. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Домашни миленичиња

    Уаууу 40 рипки супер,и јас имам желба за голем аквариум но тоа понатаму кога фамилија остварам.Јас во топка си чувам караши.Инаку и јас имав мачор,но ми го попарија со врела вода,сега имам бенгалски мачор и обичен! поздрав :D
     
  10. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Си чувам маче и за ништо не си го мењам..Го земавме на инсистирање на сестра ми(на која и помина меракот за мачката после 3 месеци).
     
  11. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Домашни миленичиња

    Барам да купам до 100 евра црно женско кокерче, ве молам ако некому му има останато од леглото и не го купил уште никој нека ми пише ЛП, или ако некој знае некој кој има нека ми пише во ЛП меил за контакт или телефонски бр. , нема да згрешите, ние сме големи љубители на кучиња, цел живот сум со кучиња и ќе може да се увери тој што ќе ми го продаде дека кученцето е кај прави луѓе ... исклучиво сакам женско кокерче, си имам причина и не би сакала да образложам на форумов која е.

    Однапред фала ...
     
  12. boj4eee

    boj4eee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Домашни миленичиња

    Јас имам едно маченце и си го сакам најмногу, не е некоја којзнае каква раса, ама е преслатко. За миленичињата мислам дека оние што немале милениче, немале ни радосен живот. И да си најтажен на светот и ништо да не може да те расположи, мачето ќе те расположи како и да е!
    Еве една сликичка од мето прекрасно срценце ЕМИ: :*
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Домашни миленичиња

    Tазе се избањавме, и сега си играме со барбики :rofl: Mногу ги сака, де да ги каса, гумените нозе и се омилени :D Mногу си ја сакам, ме полни со позитивна енергија :)
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    еве еве и јас се приклучувам тука.И моиве се на ред за едно бањање.Веќе е редно.Ај уште малку ќе ги `погњавам` и ќе ги избањам сабајле. :) Потопло е да не настинат сега.. :wasntme:
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Домашни миленичиња

    Јас би можела да го чувам само ова куче.
    Некако осеќам дека ептен одговара на мојот карактер и дека сме судени да сме заедно :lol:
    Шала на страна, осеќам дека оваа раса совршено ми одговара мене како личност и мислам дека би била среќна кога би имала вакво кученце.
    Уште не сум решила како ќе се бранам од другите кучиња кои ќе не напаѓаат кога ќе се шеткаме, бидејќи страв се уште имам, не знам дали некогаш и ќе го изгубам, ама секој ден се повеќе сакам вакво куче :angel: .
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Дали знаете каде ги има во Македонија, и по која цена се продаваат :wasntme: ?
     
    На Cynthia и rossonerka им се допаѓа ова.
  16. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Домашни миленичиња

    Сесилија зошсто мислиш дека само тоа куче можеш да го чуваш? Ако земеш и му се посветиш ке види дека е сеедно која раса е,кога ке видиш како може да ти пружи љубов и спокојство тотално е небитна расата или пак изгледот дека тебе ке ти биде најубаво твоето.
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Домашни миленичиња

    Не мислам така, не би можела да чувам големо куче, сакам некое мало, такво пријателски расположено, грациозно и мило и мислам дека оваа раса е баш таква.
    Плус јас многу се плашам од животни, ама сакам постепено да се опуштам, а како ако не со земање куче?
    Додека ги гледав сликите за да ги постирам бев многу нервозна, и од самите слики, од самиот поглед на кученцево јас се смирив, не можам да опишам дури.
    Утредента бев излезена да шетам и се разминав со една жена која во рака држеше такво слично кученце, додека се мислев што е разликата жената помина, а јас не ја прашав какво е и од каде и е :(

    Сепак мислам дека тоа ми беше уште еден знак дека ова е моето сродно куче :lol: .
    Сега уште да ми кажете каде ги има и по која цена, па да си планирам :angel:
     
  18. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... e=1&ref=nf

    можеби е чудно што прашувам,да не знае случајно некој каква е оваа раса на кучиња :rofl:
    многу сакам да имам едно вакво :inlove: :x
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Мислам дека се Сибирски самоједи, барем така ми наликуваат :)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Колку се движи цената на зајчињата и каде во Скопје можам да најдам?