1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Имам 2 кучија едно ескимо американо едно хаски многу се милииии ко че сум тажна че направит нешто и че ме насмее и си ги сакам премногууу :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Домашни миленичиња

    Да не сака некој маченце? Мојата се породи пред неколку дена, а не сакам да ги фрлам маченцата. Имам 4.. Едното е сиво со бело, другото бело со кафено малку, третото и четвртото се слични црно, кафено и бело. :D Ако сака некој нека ме извести.
     
  3. kika18

    kika18 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Домашни миленичиња

    Jas imam kuche..Mnogu si go sakam..No,sekoja vecer mnogu kvichi neznam shto da napravam....
    Ve molam kazete mi..[mod-kirilica:214nmb5b][/mod-kirilica:214nmb5b]
     
  4. LittleMonster8

    LittleMonster8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    7
    Домашни миленичиња

    Да секако. Не можам без домашни миченичиња. Имам две машки мачки едното се вика Марко а другото Бубе. :) :D
     
  5. simmone

    simmone Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    Домашни миленичиња

    задњо милениче шо сум го имала беше мојот скроз на скроз луд мачор Ристо :D
    еххх колку се сакавме и двајцата исти ,во исто време и диви а и толку нежни по цели денови се мазевме ,курле мое колку ми фали .
    беше тоа една пролетна вечер јас и бившиот си седевме на клупа коа одеднаш се избаци од некаде мачорчето ,беше толку мало стутулено исплашено со едни убави крупни зелени очички неможев да му одддолеам ,одма си го прибрав ...
    многу си бевме приврзани еден со друг, таман го израснав ,стана мачориште најмангуп у цело маало и еден ден го снема ...појма неам што се деси :^) и многу чудно ми падна пошо немаше некоја навика да скита навака натака ...како и да е рики ми фалиш :(

    Сеа планираме со саканиот да си зееме кутренце пинч само некако слабо со пари стоиме ама ке биде и тоа летово :)
     
  6. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Домашни миленичиња

    Епа да ви се пофалам... си имам ново хрчаче малецко е уште денеска си го купив ама преслатко е. Кафено со бело е ама поима неам што раса е. :D Па очекувајте деновиве слики од цуцево. :)
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Домашни миленичиња

    Дресирајте ги кучињата да се движат по асфалтирани површини

    Перверзните и шовинистички идеи од страна на надлежните околу новиот закон за миленици продолжуваат.

    Ако случајно ги шетате вашите миленици по зелените површини ќе платите 50 евра казна. Идејата која не испровоцира уште еднаш гласи вака: „Дозволено ќе биде кучињата да се движат по асфалтираните патеки додека да стигнат до паркот за миленици кој е веќе пуштен во употреба“.

    Градоначалникот на Скопје во неговата изјава вели:
    „Досега не казнувавме оти немавме алтернатива за сопствениците на миленици. Сега е направен парк со соодветни реквизити за кучињата, и затоа најстрого ќе биде забрането шетањето миленици низ зеленилото“.

    Прво и основно, се скратува елементарната вродена потреба на кучињата да душкаат. Да не зборуваме кога секое куче во одредени случаи има потреба да внесе тревка заради прочистување на својот организам.

    И како може со толку перверзни изјави да се тераат луѓето кои имаат миленици да ги носат само во парк? Во Скопје има околу 15 000 кучиња. Значи ако сакаме таков закон и такви мерки потребни се многу такви површини низ повеќе делови од градот, односно соодветно на бројот на кучиња да има пропишани места за нив.

    Или ако, сакате нашиот предлог до надлежните и оние генијални умови кои го измислија овој закон е да изградат патеки за миленичиња, асфалтирани по кејот на Вардар, почнувајќи од Ново Лисиче па се до Ѓорче. И ќе повториме како што напишавме претходно во текстот „Бедни души“. Тоа ли е најголемиот проблем во државата, тоа ли е решението за влез во Европа, ова ли е темелот од кај што треба да се оди напред???

    Извор:
    http://www.fama.mk/vesti-glavni/kategor ... ani-pateki

    Се моли градоначалникот да воведе и школи за тренинг на милениците да вршат нужда во вецето во домот. Какво говедо од човек!
     
    На LivingGlam и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Домашни миленичиња

    Мене не ми е јасно едно нешто...
    Ако тие уствари сакаат да се намали бројот на кучиња скитници,зошто побогу му отежнуваат на народот со тоа што задаваат дополнителни даноци и го прават уживањето како што е чување миленик уште една обврска за луѓето.
    Не ми е сфатливо,ќе извините.
    Ама добро. Ако толкy го сакаат толку своето милениче тие квази "animal lovers",не би му било тешко да дадат некој дeнар повеќе за тоа сонценце кое му го разубавува денот.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    До кај стигна ова со кучињава!! Го претераа!
    Не се прави тоа така, ете ви еден парк, па вие снаоѓајте се како знаете. Зарем секој божји ден треба до парк да се оди, за да кучето се истрча, изнаигра и порадува? Неизводливо е!


    И што најмногу ме нервира, воведуваат некакви си режими за воспитување на кучиња, а каде се законите за нивна заштита?
    Сега некој да ми го мавне со кола кучето, нема да сноси никаква одговорност, затоа што нема еден проклет закон за заштита на миленици. Со вакви работи се имам сто пати сретнато. и секогаш сопственикот на кучето останува, народски зажано зае*ан.
    И каде тука рамноправноста?
    Значи ако веќе уредуваш материја поврзана со кучиња, не може да се состои само од казни!!
     
    На LivingGlam, AlanisM, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    О колку се прости!
    Демек кучињата ја уништуваат тревата? Ја ѓубрат бре неписмени едни!!!
    Револтирана сум, ќе продолжам да си ги шетам кучињата по трева, ако пробаат да ми пишат казна ќе им го пуштам кучето |(
     
    На JoxyTheFreak и firequeenn им се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Ммм..колку сакам вакви кучиња.. :inlove: :inlove: Поздрави ги од мене. :)
     
    На lusi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Домашни миленичиња

    Јас имам куче
    [​IMG] (не е ова моето, ама исто е - расата е Босански барак).
    Многу е паметно. Само, ме нервира што лае на се и сешто, било да е ливче како паѓа од дрвото, било врапче кое прелетува, било мушичка, каменче.. :D
    Многу другарки кои го имат видено велат дека е грдо и дека вакво куче да шетат низ парк ќе им било срам.
    Ама, мене, искрено, страв ми е од кучево да го шетам. Брат ми го шета, а викендите го носиме на баирот, и таму го пуштаме обавезно, тогаш не ми е страв, оти знае дека уште многу време ќе биде пуштен.
    Ама и лудо е малце, многу сака да гризе, да скока, а мене тоа ми е непоимливо.
    Го зедовме од едни луѓе од село, кога беше малечко се заљубив во него, па затоа го зедовме. И од тогаш си е такво скокало. Не знам дали е до тоа што уште малце ќе прави прва годинка.
    Како и да е, го сакам, иако ретко го тинтрам.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Домашни миленичиња

    Лепотицата моја е на пат да се породи. Мајка ми се шегува со мене, вели се молела да се омачи на мојот роденден, на еден трошак да поминела :D :D :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Домашни миленичиња

    Мојата Туфи. Јас имав околу две години, но повеќе не е со мене. Многу ми фали :(
     

    Прикачени фајлови:

    • Tufi-srcka.jpg
      Tufi-srcka.jpg
      Големина на фајлот:
      78,4 KB
      Прегледи:
      223
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Домашни миленичиња

    Tатко ми си направил салата марула со јајца, и си ја остави на маса, си легна, заборавил во фрижидер да ја тури :D и кучкава си има навика да си се качува на маса да си краде професионално, дали бомбони, грицки. и и се качила на маса, цела салата и јајца и се си изела :D Kога видов, господе боже
     
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Домашни миленичиња

    Вау. Како тоа да ги ФРЛИШ извини молим те? Прво, што те кошта да цицаат два месеци од мајка им и после да ги однесеш негде и да ги пуштиш, мачки се, ќе се снајдат. Ако не сите некое од нив ќе преживее. Срамота.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња


    Абе мачки се, да, снаодливи се, да, но сепак им треба грижа, љубов и внимание. Така да Butterfly15 после 1,5 месец почни да ги подаруваш...
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Домашни миленичиња

    Поентата ми е, ако веќе нема на кој да ги даде, подобро да цицаат до 2 месеци, па да ги пушти тогаш, мачките во природа тогаш ги напуштаат своите мали може и малце порано и тие веќе треба сами за себе да се снаоѓаат. Многу е подобро тоа отколку да ги фрли додека сами не би преживеале во ниеден случај. И на мачките љубов, грижа и внимание верувај не им се баш неопходни, туку им треба некој кој ќе им дава храна. Пробај не ги храни 2-3 дена, одма ќе си отидат. И јас чувам мачка и баш од оваа причина мојата е стерилизирана бидејќи знам дека тешко ќе најдам некој што би сакал да земе маче. Од такви луѓе што фрлаат мачиња покрај контејнери, по паркови и слично ми се гади. Не требаат воопшто да чуваат никакво животинче ако не се спремни на тоа.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Домашни миленичиња

    Точно така! Ама јас велам дека чим се питоми и чим се нема услови да се чуваат тогаш да се подарат на некој љубител на мачки. Знам дека можат да се снајдат, ама мене поентата ми беше дека се питоми и дека не би требало да се фрлат на улица па да се снаоѓаат после...Мачките се приврзуваат за домот. И предлагам да се стерилизира мачката откога ќе се омачи (чим нема услови и можности за чување повеќе мачки). Се надевам се разбравме сега :)
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Домашни миленичиња

    мојава душа, денеска татко ми улови две рипчиња и ги ставивме на кратко во едно кантиче со вода и лудава, дали од љубомора дали од љубопитност, ја бутна цела муцка сакаше да извади една од рипките :lol: тие преплашени, ги пуштивме назад во вода, а оваа почна да се перчи, да изведува нешто, да привлече внимание :lol:
    слатка ми е кога ќе се налути и ќе ми го сврти газот и ќе ја крене главата, демек, не ти праам муабет више :D , а и многу смешна, кога целата насмеана си го крие газот, да не и го земе некој случајно :D
    ако продолжам да пишувам има да трае и трае, нема да има крај постов :) си ја обожавам :l:
     
    На lusi17 му/ѝ се допаѓа ова.