Домашни миленичиња вчера со дечко ми бевме кај една негова другарка, таа еден куп мачки и папагали има Aма папагаливе од тие што зборат .Jас му викам здраво- овој здраво, почна да ми збори нешто не знаете кои фацки се,многу се смешни, како мали деца, и така се движат A јас па будала му давам уште прст, леле кога ме фати со клунот и треба Mи Mи да му кажам да ме пушти, додека да ми текне, веќе партал ми го направи Eбате папагалот
Домашни миленичиња Во сабота или недела ќе го земам кутрето машко ќе биде ми кажаа..едвај чекам да го видам,сигурно е пуфче мало ама кога ќе порасне тешко мене
Домашни миленичиња пред да си отидам од кај дечко ми зајченцата беа малце пораснатки, прогледаа, големи беа колку мојата дланка имам слики, само да го поправам лапот и ќе ставам,од тука не можам. души какви сееее
Домашни миленичиња Пред неколку дена си земав кученце, старо 2 месеци..пред 1 недела е вакцинирано, а за 2 недели ке треба уште една вакцина. да ве прашам, сега дали можам да го шетам кучето? и уште едно прашање..како да го одвикнам да не врши нужда на тепих, туку на песокта која е на тераса? благодарам однапред
Домашни миленичиња Прошетки врши му за да ги изврши основните физиолошки потреби, не треба додека не се изврши ревакцинацијата да има контакт со други кучиња и мачки. А друго песокот ти е за џабе. Песок е за мачки, не е за кучиња. За воспитување треба многу трпение и носење надвор и учење дека САМО таму се мочка и кака. Значи додека се малечки тие мочкаат после секое спиење, после секое јадење и штом стане од спиење одма носи го надвор и чекај го да се измочка, зашто некои ќе постојат 1 минута и несака да мочка ајде дома го носат и оно одма дома ќе се измочка. Значи стрпление само. Па после секое јадење пак надвор. Така да си создаде навика дека не се мочка и кака дома, а тоа не се учи веднаш, некогаш треба 3 дена, некогаш 3 недели па и повеќе. Реално зависи многу од карактерот и расата на кучето, некои се полесни за воспитување, некои не и се многу тврдоглави. И карај го, некои го подудруваат со весниче по газето и јас така на моето му правев и го носев надвор и го терав да мочка. А последно што читав е дека кучињата реагираат на звукот од весникот и се плашат од него, па нема потреба од подудрување по газето. Удрете со весникот на сопствената рака, како да го карате или удрете по нешто со весникот и да знае дека згрешил. Со среќа со новото милениче. Да знаете кучето не е кукла, кучето ви е моментално бебе баш како човекот си бара огромни обврски, ама баш огромни. Ама ќе ви даде уште поголема љубов.
Домашни миленичиња трпение не е проблем, многу ги молев моите за кутре, а и колку го засакав за неколку дена само, многу е мило... инаку фалаа за советите, ќе ги применувам. поздрав )
Домашни миленичиња Јас имам Австриски Пинчер кратковлакнест со чисто златеста боја,таа е женка ја чувам 7години кога ја купив бев исплашена дали ќе успеам правилно да го одгледам кученцето,ми стана најдобра пријателка таа е дел од мојот живот плаче како детенце со солзички и застаната на 2нозе и почнува да ика,тогаш прегратка, и се е во нормала изгледа како срна многу е убава,а хепи е мачорче кое само јаде и дреме многу се слатки,
Домашни миленичиња Mене не ми треба тепалка за муви, кучето ги брка и ги лови, си ги јаде пајак бубашваба, поготово нешто што лета, одма лови и јаде . AJ барем некоја корист и од нејзе Oсвен што ме исполнува со позитивна енергија, на дада ловецот Aмазонски
Домашни миленичиња Ми треба мислење од некој што чува папагалчиња. Моево е машко старо околу 2 години, пред некој ден му земавме женка и одма му ја ставивме во кафез, одма почнаа да се согласуваат, не се тепаат. Мојов е многу досаден цело време ја замара, само ја чепка нешто, ја клука не ја остава да диши ама не ја напаѓа. А штом земам јас да брцнам во кафез ме каса ненормално, крв ми пушта. Пред тоа никогаш не ме касал, сум го држела на прст, доаѓал на рамо и на глава кога бил пуштен да лета, а сега не дозволува да ја чепнеме девојка му, а баш сакам да ја научам да стои на прст и да не сака. Го префрлам во друг кафез и збеснува. Двајцата неможам да ги пуштам да летаат зашто не и дава да лета и се качува одозгора мислам тотално забегал папагалов. Совет некој што да се прави и зошто почна да не мрази
Домашни миленичиња Денес закажав операција за моите мачки. Во среда ќе дојде ветеринарот ќе ги собере и право на операција.Прво ќе абортираат а после ќе ги стилиризираат.И така.Денес не треба ништо да им давам за јадење бидејќи утре ќе ги отвараат внатре. Не ги знам јас процедурите понатака ама знам дека на ливчето (на потврдата) ќе пишува сопственик Сара. Е тоа ме радува. моите мачиња.
Домашни миленичиња Јас имам 4 мали мачиња пред 1 недела ми се породи мачката, дома си ги чувам и се мноооогу убави, срциња мои сега почнаа да гледаат многу се интересни, одвај чекам да порастат да си играм со нив 1 ќе си чувам за мене машко, а другите веќе ми се ветени за давање
Домашни миленичиња Само што се врати мајка ми и ги донесе мачките од операција.Леле срциња тие-како пијани се неможат да одат. Ептен ми е жал за нив.Ама барем сега ќе си бидам мирна.И оваа мака заврши.Ги стерилизираа.
Домашни миленичиња Имаш Бета Борци рипки живеат многу долго... Подобро за нив,од многу работи си ги лишила.незнам дали ветеринарот ви напомнал(обично ова не го кажуваат за да се во ќар да нема премислување) ама мачките ќе ти паднат на физичка сила и нема да им се лачи адреналин значи цело време ќе се поспани и нема да имаат желба за играње такви работи...секако првиот пат не после 3-4 месеца ќе се осетат тие ефекти... Поради тоа јас мојот бенгалски мачор несакам да го стерилизирам,знам дека никој мачор неможе да му напакости затоа шо 10 килограми е...
Домашни миленичиња Сакаш да кажеш дека нема да си играат како до пред да ги стерилизираат ?? Нема да имаат желба за живот ?? Само така поспано ќе си седат ?
Домашни миленичиња Немора да значи но 90% од случаите така е ...првите 3-4 месеци нема ама после ќе немаат желба за ништо...
Домашни миленичиња Навистина ми е криво за нив.. ама па сега тоа е тоа.Ете се случи.Јас не бев информирана за вакво нешто.. А ветеринарот не ни ги кажа последиците ! Ама добро па не жалам што го направив тој чекор.Барем животот ќе им биде подобар и нема да морам секоја година да фрлам 4-5 (од двете) недолжни мачиња.
Домашни миленичиња Јас искрено не сум за такви потези ама сепак добро шом биле женски ...инак машко никад не би кастрирал
Домашни миленичиња Nutricionist дај молим те не шири глупости. Прво секој ветеринар денес ги побива овие мислења и ако лично немаш дома стерилизирана мачка не шири дезинформации. Мојата мачка е стерилизирана веќе година ипол па е потполно иста како претходно, дури како што знае да каже мајка ми се понаша ко мало маче од што е разиграна цело време. Мачките не се парат од задоволство и нив тие хормони им се активираат само кога им е сезона со цел да го продолжат видот, значи не е дека ако не се пари ќе биде нервозна како маж или жена, дека ќе се здебели од нервоза и ќе биде депресивна! Плус со стерилизирање им се продолжува животот, се губи можноста за полово преносливите бактерии и вируси и рак на матка, гноења, маститиси и остали компликации. Сара апсолутно немаш причина за секирање, ти гарантирам. А зошто да не кастрираш машко? Што добива со тоа што може да се пари? Да е истепан и изгризан од останати мачори? Да го нема со денови, да се шета низ цело маало и подалеку па не дај Боже кола негде да го удри? Да добие мачкина сида? Повторувам уште еднаш ниту едно животно не се пари од задоволство туку ради продолжување на видот. И кога сме веќе кај мачките за женките парењето е крајно непријатен чин поради боцките на пенисот кај мачорот. Исто рекла-казала муабети се дека после стерилизација мачките одеднаш се здебелувале, ќе се здебелат само ако ги храните повеќе од претходно и не ги играте(ако ги чувате само дома) инаку од каде?? Пролистајте малце посовремена литература и контактирајте способни ветеринари.