Домашни миленичиња Значи не трескам глупости како прво,тетин ми е ветеринар и тој тоа ми го има кажано.Плус имам 2 кучиња кои се кастрирани едно машко едно женско ете ги лежат машкото ко желно за живот е а женката само мирна и ќути а пред тоа беа луди та луди ги мотивираме сега ама за џабе ги упорпастивме само со кастрирање... Е сега во право си дека немам искуство со кастрирани мачки,јас се водев од искуството на моите кучиња шо им се деси како и на многу други познаници какои другари чии кучиња од активни станаа мрзеливи како англиски булдози. Мојот мачор нема шанси да го кастрирам плус никогаш не си дошол искасан туку тој каса па тие шо ги каса нека они бидат кастрирани зашо бенгалска сорта е најголемата сорта на мачки (значи 10 килограми ) тоа се 3 мачори во едно како и инстинкт на ловец и гледајќи ги сите негови движења несакам да го кастрирам оти знам дека повеќе никогаш нема да ме изненади со гулаби стаорци па и кокошки кога си дојдам дома,а тоа на мене ми претставува задовлоство. И како што реков,НЕ СЕКОГАШ но во повеќето случаеви се случува тоа а и логично е исто како кај нас што половите хормони влијаат на расположението,така е и кај нив.Поздрав
Домашни миленичиња Јас имам 7 мачиња ама 4 ќе дадеме по комшиите, мн. ќе ми е жал да се разделам од нив :'(
Домашни миленичиња Нема логика во тоа. Нити од биолошки аспект нити никако. Можеби таков им бил наравот на тие кучиња, како мали сите се весели после се потсмируваат, освен кога треба да се парат се пораздвижени па на луѓево им се чини дека кучињата одеднаш се смириле и повлекле, затоа што ја немаат веќе таа сила како под дејство на половите хормони кога се во полов жар. Значи тие хормони кај нив не влијаат на целокупното однесување. За човек без секс може да се каже дека е депресивен и се остало ама за животно е стварно бесмислено. Од што да се смири? Од жал по матката/тестисите? Што разбира тоа куче/маче освен што одеднаш не го привлекува мирисот на женката/мажјакот. И јас го имам слушано ова од постари ветеринари, за разлика од нив помладиве апсолутно го негираат затоа што ете размисли зашто да се смири и повлече тоа животно после вадење на половите органи? Вадењето на половите органи единствено значи стоп за лачење на полови хормони кои кај нив по стоти пат кажувам само диктираат „ајде време ти е да си го прошириш видот оди најди си партнер“ и ништо повеќе. Кучето ќе се здебелело одеднаш после тоа, па нормално веќе не се пари цело време е дома го трупаат со храна, го шетаат понекад а можда ни тад и ајде од кастрацијата му е. И знам за твојот мачор ми имаш кажано, ама овде збориме за обични мачки без разлика дали расни/нерасни а не за ѕверови. И искрено тоа што ти се радуваш кога мачорот ќе ти донесе кокошка дома јас не го почитувам, но тоа е скроз друга тема. Поздрав и до тебе
Домашни миленичиња Баш спротивно се случи со шарпланинецот мој во Берово,од 82 килограми се симна на 50 а тоа е многу малку за шарпланинец.Тоа се случи откако го кастрираа.Му ја снема едноставно светлината во очите која ја имаше и мислам дека да влезе волк во шталата,едноставно ќе си кулира и нема да помрдне а додека женката не е толку пасивна.Пробаа со што ли не да го поправат исо витамински инјекции и со све и рекоа дека тоа е ефект од кастрацијата.Поради тоа сега страв ми е да си го кастрирам мачорот а и не ни мора,кога е период на парење ќарам пари од него доаѓаат луѓе со бендалски и со оцикет и читах мачки оти е сродна бенгалската па да се парат и по 50 евра за парење им барам...
Домашни миленичиња Имам куче Хаски има 1 година и 6 месеци е сега му стајвме пред 1 месец вакцина и сега на колку месеци/години пак треба да му стјме ?? И кога е подобро да ја парам. И треба еднаш да се однесе кај мажјакот или 3 пати пошто ми велат 3 пати
Домашни миленичиња Пак за една година се става вакцина мислам...ако грешам нека некој ме корегира. Треба 3 пати да се однесе во право се,пример ќе ја однесеш првиот пат на четврти или петти ден откако и потече крв,па после на седми ден па на десетти,оти јајце клетките испаѓаат една по една и најголема е веројатноста највеќе кученца да има од мажјакот со кој последно се парела.
Домашни миленичиња Додека живеев во куќа си имав миленичиња, но сега кога сум во стан немам услови за тоа. Иначе имам чувано маче, кое се викаше Џери, па ми роди 4 мали мачиња и папагалче кое за жал ми умре. А во Кратово сеуште имам маче-Ева. И да, чував и желче кое ми се викаше Рози, но "изврши самоубиство". Сее фрли од високо додека и го чистевме аквариумот.
Домашни миленичиња Сеуште не е касно да си чуваш некој миленик кој не бара многу да му посветиш време како рипче,желче,хрчак,морско прасе или папагал.Ти предлагам хрчак или пак рипче ако немаш многу време.Хрчакот по цел ден само спие вечер 2-3саата е активен и пак спие ззначи дневно 20 саат сигурно спије додека рипката само си пливка и ништо друго непрај твоја задача е само храна да и ставиш!
Домашни миленичиња јас имам осум миленичина еден папагал и седум кучина папагалот ми се вика кики а кучината едното алма другото лаки а другите имат само две недели и немат имиња
Домашни миленичиња Да не знаете како се движат цените за стерилизација на мачки низ ветеринарните ординации ?
Домашни миленичиња A да не знаеш во кои ординации е оваа цена, зашто баш денес слушнав дека на неколку места е околу 3000 денари ?
Домашни миленичиња Појди кај Диме во Капиштец...3000 денари нема шанси тоа е ептен скапо...или пак во државна појди!
Домашни миленичиња Ај преку ЛП препорачајте ми некој добар ветеринар во Скопјево, кучето е со пролив често, а никој не кажува до што може да е. Сите се во стил: „Купи од оваа храна од 350, купи од оваа од 450...“
Домашни миленичиња Wild.Child ти ја препорачувам Универзитетската Ветеринарна Болница која се наоѓа во Факултетот. Таму сигурно ќе најдат решение за твоето кутре..Поздрав
Домашни миленичиња Ако му даваш млеко да пие,од тоа е проблемот! НЕ ДАВАЈТЕ МЛЕКО НА КУЧЕ кое е поврозрасно од 4 месеци! xD
Домашни миленичиња Не му давам млеко, знам дека не смеат да пијат. Напротив, се храни како што треба, тоа и ме чудеше.