1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Домашни миленичиња

    Јас имам куче, Лиса ^_^
     
  2. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Домашни миленичиња

    Имам едно маченце и премногу го сакам :)
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    имав мачор 6 години, неодамна ми почина :'( бев многу приврзана за него, мнооогу тешко ми беше кога се разболе :(

    За недела две ќе си земам ново мачорче, го чекам да потпорасне :lol:
     
  4. macy222

    macy222 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Домашни миленичиња

    Jas imam edno kutre koe se vika Ava i e retriver mn e mila i PREMNOGU JP ja sakam i ona mene,a prethodno imav kuce koe se vikase Ahil ama go dadovme vo Ungarija bidejkji pocna da kasa mene seuste mi e zal bidejkji go sakam najmnogu na svet no i sum srekjna so go dadovme vo dobro semejstvo :)[mod-kirilica:34y0v3wd][/mod-kirilica:34y0v3wd]
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Домашни миленичиња

    Имам огромен 6-годишен мачор, мислам дека пишав и во другото мислење, ама тоа беше повеќе посветено за малото маченце . А сеа ќе ви го претставам мојот дибек што си го обожавам :lol:
    Вака. Се вика Томи. Кога го бараме за нас е Томислав, средно име му е Томсон а право име Томи :P (3 имиња има, да :Р) ама си го обожавам.Само бара за јадење само бута нешо и пак е жгољав. Само се тепа за една мачка, на еден дедо, мачката се вика Гордана, нагалено Гоца, со еден Марко се тепаат за нејзе (мхм Марко е мачорот на другарка ми ) :D Абе дебил само да слушне фрижидер да се отвори од трчање мора да се ѕвекне негде , иначе тежок е колку да креваш пикинезер, а висок колку пинч :rofl:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Домашни миленичиња

    Имаме тазе нова мачка во куќава.
    Татко ми вели дека е хибрид од мачка и кенгур. Планирам да ја пријавам за скок во височина на следните олимписки. Има без стап да скока :D
    Ужива да се качува по дрва и често ја наоѓам на кивито в двор што го имаме.
    Се одзвива на свирка.

    Името и‘ е Пантера :)
     
  7. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    59
    Домашни миленичиња

    Па ја чувам маче.Ако знаете каде е туш таму накај Велес од таму го купив.Не е ни малце ефтино.Мислам дека беше 5.100 или 4.100 ме изненади цената :D :^)
     
  8. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Домашни миленичиња

    Јас вчера конечно си зедов хрчак.Леле бре какво мало срценце, цело време спие.И да многу е смешен :D.
     
    На bumbi и 1209 им се допаѓа ова.
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Домашни миленичиња

    Подарувам 4 мали мачиња,двете се цели бели,едното е бело со жолто,а другото бело со црно и кафеаво.Кој сака нека пише лп,ке пратам и слика
     
  10. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Домашни миленичиња

    Да ве прашам нешто. Има само два дена откако го зедов хрчакот, но многу ми е чуден. Сака да излезе од стаклениот кафез, цело време греба по него и многу спие само 2 часа е активен. Го вадам од кафезот си поигрувам со него но несака валда му е чудно бијдеки му е променето местото на живеење. И да не пие многу вода, скоро ич. Добро ли е тоа? :worried: ве молам лп или овде.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.053
    Домашни миленичиња

    Моево куче две години мака мачи со ногата. Минатата година додека бевме излезени, најверојатно некој и ја гризнал ногата или поради некоја болест и се оголи скроз, значи и се гледаше коската. Глетката е ужасна. Викнавме и ветеринар и тој ни кажа дека само операција ја спасува, ама стара е и не се исплаќа. Мајка ми ја лече со антибиотици. Ќе зарасне и после некое време пак. Плус и слабее. Некој со вакво искуство и совет. И дали може да е штетно и за нас?
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Домашни миленичиња

    Штетно за вас не би рекла дека е, да беше кожна инфекција тогаш може да е ризик ама не е тоа чим соголена е само ногата. Со атнибиотиците и го уништувате организмот. Бр 1 правило - самоволно лекови на животни (освен апчиња за глисти и антипаразитарни ампули/прашоци/креми/шампони) НЕ. Прво не знаете што точно е, значи огромна е веројатноста дека и давате некои кои не делуваат чим повторно и е лошо. Треба да се направи антибиограм, да се види дали воопшто кучето има бактерии, бидејќи за друго антибиотик не помага. Одете кај друг ветеринар, која е таа логика кучето да нема влакна и операција да ја спасува? Мене да ми го кажеа тоа немаше да ми е доволно. Не се ослонувајте никогаш на мислењето на еден. Нека и земат крв, обично е 200-300 денари, за толку нема да осиромашите. Обидете се со нешто да и ја направите староста полеснана. Може да слабее баш од тие антибиотици, може и ја уништуваат слузокожата на желудникот па храната не се апсорбира како што треба.

    Хрчаците скоро никогаш не пијат вода, затоа што внесуваат доволно за нив преку храната која ја јадат. Ако му даваш барем малце сочна храна, морковче, зелка, јаболки водата која тие ја содржат му е сосема доволна. Секако оставај му и садче со свежа вода, но не очекувај дека ќе пие. Хрчаците се ноќни животни така да не очекувај дека преку ден ќе биде активно. За друго не би знаела да ти помогнам
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    18.278
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Ме интересира на колку месеци отприлика ја достигнуваат висината што ќе ја имаат кучињата?Јас имам азиат и сега има 3ипол месеци си расте брзо иако некако не ми е баш дебел,а не знам зошто кога јаде доволно можеби и премногу :D.Мислам дека тоа е од топлото...Ама сакам да знам отприлика кога ќе ја постигне висината што треба да ја има?
    Го чувам во стан,ама наскоро ќе се преселиме во куќа(само не знам колку скоро ќе биде тоа),а не сакам многу време вои стан да го чувам,па и греотка е толкаво куче во стан
     
  14. Strawberry.Girl

    Strawberry.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Домашни миленичиња

    Вака, веќе 2 години го чувам хрчаков мој и кога го земав ги имав истите прашања како тебе, ама полека се ми се разјасни. :D Хрчаците се ноќни животни и преку ден спијат а ноќе се активни по неколку саати. Кафезот го гриза и гребе оти сака да си ги наостри забите и ноктите ама и да испадне. На почеток ќе бега од тебе, после ќе се навикне, ама не очекувај премногу. Не е како мачка или куче и не е голем обожавател на галење. Треба да му купиш од оние пластичните топки, ќе го ставиш внатре и си шета по цела куќа (стан). А за водата, може не е навикнат а и може да не му се пие во моментот. Ете, се надевам ти разјаснив до некаде, ако ти треба нешто друго само кажи. :)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.053
    Домашни миленичиња

    Од антибиотиците и се чисти раната. Значи таа има отворена рана, ногата и како нагризена. Кога ќе испие една доза и поминува. После некој месец пак. Во нашиот град има само 2 или 3, и сите истото го рекоа. Или да ја усмртиме или операција.
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Дечко ми има маченце. Црно со бело е многу слатко. Јас не обожавам многу мачки но овоа ми се залепи на срцето. Е сега проблемот е во тоа што е мало и е многу исплашено. Едвај дава да го погалиш, ептен е исплашено и кога на пример слуша чекори веднаш бега и си влегува во кукичката. Дали е тоа нормално бидејки му е тек втор ден во нова средина и некој совет што да направиме да не се плаши толку? :)
     
  17. visit

    visit Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Домашни миленичиња

    Подарувам 4 мачиња стари 3 месеци,, едно машко и три девојки преубави се, кој е заинтересиран од Струмица и околината ..
     
  18. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Домашни миленичиња

    Девојки дали некој знае каде се продава песок за во аквариум...
     
  19. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Домашни миленичиња

    Имам хрчак. Забележав крв на стаклото и на неговата пашка. На гоогле прочитав дека се случувало на женските. Некои велат дека не е ништо а некои дека треба да се носи на ветеринар можеби е болно. Ако некој има хрчак и му се има случено истото нека пише лп. Мн сум загрижена моментално :worried: :(.
     
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Девојки дали некоја од вас има информација дали во Мк се ставаат чипови кај миленицинјата (конкретно за куче) и колку би коштало тоа?