Сега немам затоа што како помала си имав големи трауми. 1. Прво имав едно куче многу што го сакав. Буквално си го гушкав, спиеше со мене, си игравме секој ден. Ми го удри кола и отиде 2. После имав едно маче и него многу си го сакав ама ми го отруја. И се' ова ми се деси во една година. Оттогаш си играм со мачиња/кучиња кога ќе ги видам надвор, кога ќе видам некое пред зграда, му оставам нешто за јадење и водичка, ама не можам да си дозволам уште еднаш толку да се приврзам...
Мачиња ... многу мачиња ... а како што им е сега време за парење (читај: ги слушам секоја вечер ) наскоро ќе имам прееееемногу мачиња
Мачиња поправо еден голем мачор, кој го чувам дома , го хранам дома , спие кај мене дома е сега само надвор извршува нужда......(ама работам на тоа ) шала на страна , да имам голем мачор кој е татко на 2 или 3 малечки мачиња кои не сакаат да влегуваат дома, а мајката незнам која е во потрага сум по мајакта на мачињата
Папагали и мислам цел живот ќе чувам само птици, што повеќе тоа повесело Џабе сум тука потпишана маченце
моментално имаме папагали едното е сорта александар се вика коки и една нинфа се вика онида ги учиме да зборат зашто овие сорти се многу паметни ама нашите знаат само да имитираат звуци
Александар-от може да научи да зборува, нимфата нема шанси, таа имитира звуци и смислува свои песни (ако е мажјак)
Минијатурен пинчер - Индра се вика ( името и е од Индиска митологија) , ја третираме бетер од бебе ... она е мојата мала месечинка ...
Откако паметам за мене, дома отсекогаш сме чувале по некое животинче. Инаку имам хрчаче и две кутренца.