1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Кученцее :inlove:
     
  2. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    370
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ме интересира дали некоја ја има за домашно милениче мачкава http://24.media.tumblr.com/tumblr_md91i ... o1_400.gif? Припаѓа на фамилијата sphynx мачки...незнам каде можам да ја купам пошто неможе лесно да се добие помош? :angel:
     
  4. MariaFederer

    MariaFederer Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Имам еден хрчко, еден канаринец, едно врапче и морско прасе ;)
     
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Немам домашно милениче но баш би сакала да чувам куче
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ех,интересна ми е мачкава.Во план сум да вдомам,или купам некое маченце,или пак кученце,па ако знае некој дали има ваков вид на мачки кај нас нека сподели мислење.Однапред благодарам.
     
  7. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Сум пишала претходно краток одговор, сега да си ја доискажам мојата љубов кон животните.
    Јас од мала си чувам се` што може да се чува. Опседната бев со животинчиња, каде и да најдев некое си го прибирав дома.
    Кога ќе ги прашаа другарките што сакаат да бидат кога ќе пораснат, сите кажуваа: Манекенка, модел, докторка, наставничка... А јас: Ветеринар! :D
    Моите не ги обожаваат нешто многу поради бељите што ги прават, па коса им се креваше кога ќе си вдомев некое ново. Ама јас упорна, со плачки ќе си ги задржев.
    Сум чувала желки, ежиња, хрчаче, бело глувче, риби, папагалчиња и разни врсти птици, посебно врапчиња (кај мене под стреата си имаат гнездо, па често малите паѓаа :( и јас ги чував), па бувче најдовме повредено, го чувавме... За кучиња и мачиња да не правиме муабет, мал милион имам исчувано. Улични, расни, со педигре за мене сите биле исти и сите сум ги сакала подеднакво. Ме гребеле, гризале, какале :D , ама ништо од тоа не ја намалило љубовта. Мачките ми се некако посебно приврзани за срцето и не сум свесна ни сама колку имам чувано, буквално сите улични си ги вдомував и ги хранев додека не им најдам дом... Се случувало во дворот да имам и по 15 мачки, од големи до најмали... Па имав опасни мачоришта што во зона на парење обавезно се правеа партали со други мачори, ќе ми дојдат дома цели испогребани па јас пустата ставај лекови, преврзувај ноџиња :wasntme: Мачките си ги гледав како се пораѓаат и им помагав, па малечките со мајката ќе ги ставам во кутија, ги носев на сонце, им давав млекце со цуцла, и моите мачиња беа најздрави и по 1 недела прогледуваа :angel: И до ден денес го правам истото.
    Позната мачкарка бев во маало, и секој кој сакаше да чува маче, зимаше од кај мене, а јас ги посетував да видам како се грижат за нив :D
    Лудо дете бев за животинчиња и си останав.
    Моите до ден денес знаат да ми кажат дека како помала кога ќе кажеле дека една мачка била поубава од друга, јас сум им враќала: Сите мачиња си се исти одвнатре, само крзното им е различно :D
    Душата ми е празна кога немам милениче, кога немам за кого да се грижам :)

    Голема љубов имам кон животните и ми се крши срцето кога ги измачуваат. Само знам дека никогаш нема да земам маж што не сака животни :D И дека мора да чуваме барем едно милениче, а на децата здравје Боже, ќе им ја пренесам истата љубов кон животните :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Чувам куче, женка, а од неодамна и нејзиниот син е со нас :D Се породи пред Нова Година и останатите кучиња ги подаривме, а ова решивме малку да го почуваме бидејќи беше слабичко и малку јадеше, демек да се подоправи, па ќе го подариме и него. Арно ама, ни прирасна за срце на сите дома и сега веќе нема шанси да го подариме, останува со нас :) Многу е мило и паметно, иако е мало, а кучката е буквално како човек, разбира се' што ќе и' се каже.

    Имам преголема љубов за животните, да можам, се' би чувала дома :D Имам претходно чувано и мачка, четири морски прасиња, зајак, хрчак, папагал, рипки... И не сакам да ги делам животните воопшто, ама некако најмногу милувам кучиња :$ Мили се, паметни, верни, чувари, полни со љубов... Кога ја земавме кучката, атмосферата дома ни се смени на подобро. Не дека претходно нешто ни фалеше, ама сите станавме некако поповрзани, посреќни, повесели... :) Донесе среќа во семејството :)

    Вистински благослов е да се чува животинче, какво и да е, но само ако се има вистинска љубов кон животните :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Многу ми е мило кога ќе прочитам вака,ама потполно се согласувам со тебе.Делот со црвнео,особено ме погоди,зошто целосно се пронајдов во овој дел.И јас сум сакала одсекогаш да бидам ветеринар,ама сфаќам дека неможам да издржам да гледам како се мачат,а недајБоже да ми умре некое пред мене,особено ме погоди смртта на мачката,за која сеуште ми е свежа болката,иако се ангажирав за вдомување на друг миленик.Ама одсекогаш,сум вдомувала улични мачки,кучиња,кои не биле во никој случај купени,и кои ми било жал да ги оставам.Извинете за оффтопикот,ама морав да коментирам,ме погоди особено постов.
     
    На russia7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. victoriasecret1

    victoriasecret1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    88
    Девојки, да не знаете случајно некој да продава Самојед, стар 2-3 месеци ? Ве молам Итно ми е .. видов пазар 3,реклам 5 се е продадено!
    :(
     
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Иако знам дека мислењево не е за тука и ќе биде избришано,сакам да се надоврзам до претходниот коментар.И јас сум заинтересирана за самојад до 2-3 месеци стар,па ако има некој,молам за ЛП. ;)
     
  12. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Од братучед ми поголемо домашно милениче нема.
     
  13. SmileAlways

    SmileAlways Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    знае некој која раса на кученце е ова?
     

    Прикачени фајлови:

  15. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Маченце, женско. :) А сега има малечкоо!
     
  16. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Хрчак и зајче.
     
  17. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Миме87, ова е чау чау. Интересна раса, ама сепак не за почетници :D
    Јас чувам куче - лабрадор :)
     
  18. lili....sweet

    lili....sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    19
    Женски помагајте..
    Рипчињата ми добија нешто бело меѓу очите . :@ Знае ли некој од што е тоа ? :wasntme:
     
  19. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Не чувам милениче..сум чувала многу до сега,но моментално не..од Јуни ке внесувам почесто мачиња да преспиваат кај мене кога ке ги бањам,инаку тие ке бидат надвор па ке практикувам по 2 пати 1-2 мачиња да внесувам внатре и да ги бањам,но различни денови..А и комшивка ми ке ми помогне и таа ке земе 1-2 и ке ги бања и причува ден-два и она обожава мачки како и ја ]:) заразааааааааа :inlove:
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    куче хаска...