Кучиња бернардинец и миниче чоколадно не е расно малото... неможам да си го замислам денот без нив секогаш ми даваат безусловна љубов и со нив никогаш не осеќам празнина во себе, во нив наоѓам најдобар пријател повеќе него кај луѓето
Во Скопје кај баба ми чуваме со братучедите желка и зошто многу сакаме Сникерс желката ја крстивме така и надимак и е Сники. Идејата беше од братучед ми(луд си е помалце), а ние со задоволство ја прифативме!
Еми Цлцкото wait for it... Барни Маци Дала Лела Сите мои мачки што ги чувам што ги редам и подредувам само една не ми дава мир од глава не излегува.
Го чувам најмилото маче на светот. Фиби се вика. Многу е шарена. Значи на неа од се по нешто ќе се најде: мешето и е бело, а на главчето и грбот има помешано бело, портокалово и кафеаво. Опашката ми е најинтересна, цела е кафеава, а само на врвот има бело, како фитил е.
Прано имав зајаче се викаше Снеже, го чував скоро 6 години, беше бело со сиви сарки, само под едното уше имаше кафеава шарка, ама за жал ми умре .... Многу си го сакав
Имам маче,а како да имам куче Лошо е многу,има скокот и не дава да се гали по стомакот и на главата Се вика Терминатор
Имам куче, од пред 4 дена, мини шнауцер, стар 2 месеци. Никогаш не сум чувала куче, додуша ова ми е првото милениче во животот малце сум во шок и не знам како да се однесувам со него, ама битно е дека со ќерка ми многу се сакаат. Исто така чуваме и гуштер, ама тој не бара некоја посебна грижа, само храна и вода да има. Мирен е и искача од куќичка само кога е мирно дома или спиеме.