1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Јас имам тигрица папагал, ама денеска приметив дека цел ден ја гризе ногата и има гној од што може да му е ?
     
  2. Melita-te-saka

    Melita-te-saka Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Имам едно мн слатко маче и се вика Сара, сакам да имам и куче ама куче и маче заедно не се чуваат, поготово кога е мачето Сара во питање, ич не е мирна, неможе како човек да седне си направиме муабет. :lol:
    Она е мчи-тчи. Си мче и си растура се пердиња, вазни. Ни срам ни перде. Абе она ќе го суреде кутрото куче ако го земам дома, а не кучето (хаска).:P
     
  3. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    јас си чувам stafford и воопшто не е онаков како сите останати напротив мил и кроток како јагненце е
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    А, кој старфорд не е мил и кроток? :D Старфордите се прогласени за дадилки за деца од што се нежни и внимателни. :inlove:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Infekcija. Ke mora antibiotik. Najdobro vidi so veterinar, ako ne togas na internet ke najdes materijali za lekuvanje.
     
  6. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    da jas toa go znam no kade sto mi bese na dresura znaesh mislam ti mi rece dreserot deka mozel nekoj den da ne udavi ako mn go galime i deka mozel bebe od majka da zeme i da izede sto ne veruvam i zaradi taa pricina da ne mu davam igracki da si igra zivi gluposti inaku znam stafordi sto se mn divi i mozat navistina da te iskasapat no taka si gi ucat sopstvenicite za razlika od mene so go cuvam kako solza vo dlanka
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Кај баба имам мачиња и едно слатко малечко кученце,, леле колку се убави само да ги видите :inlove:
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ти се имаш кај баба ти изгледа! Таму живееш?
    Овде се прашува ти лично што чуваш, а не баба ти. Може таа и крави и овци да има, тоа не значи дека и ти имаш.(facepalm)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Дома за дома немам животно.... :)
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе го сфаќаат чувањето на миленик грешно.
    Чување миленик, не е земи го, врзи го и глеј колку ќе издржи на ланец.
    Чување миленик не е да имаш миленик кај роднини.
    Чување миленик не е да го земеш и после поим немаш што да правиш со него, само ради тоа што не си се информирал пред тоа.
    Чување миленик не е потреба, туку привилегија. Привилегија е да се грижиш за суштество кое што ќе верува во тебе и ти за тоа суштество ќе бидеш Бог.
    Да чуваш миленик, значи да не бидеш себичен и да одгледаш нечиј живот, да пазиш на истиот колку што и на твојот.
    Чување миленик, не само што те мотивира да живееш и да продолжиш да се грижиш за тоа суштество, туку и те мотивира да даваш неизмерна љубов кон него, а тоа без зборови ти кажува колку те сака. Ти не можеш да го слушнеш тоа, но го чувствуваш. Е тоа е искрена љубов, а милениците не' учат на неа. Не' учат да сакаме и почитуваме туѓ живот.
    Доколку горенаведеното е ваше секојдневие, или било ваше секојдневие, тогаш вие сте чувале миленик и гордејте се со тоа! :hug:
     
    На kikkki, spacegirl92, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Сијамска мачка.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    мачките никогаш не ми биле омилени и не сум ги сакала многу,но знам да ги погалам (ако се погоди некое мило маче :) ) сега имам мало кученце и многу е слатко ( којзнае какво ке биде ко ке порасне :D ), две рибички, две водни желчиња, две зеби, игуана и сега чекаме да стигне мајмунчето кое го порачавме(слично како тоа од пиратите од карибите само ова има погусти влакна) и после ке наплаќам влез за кој сака да ми дојде на гости :D:D:D:D:D (се зафркавам)
    8):inlove::inlove:
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Mislish na Kapucin?
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сијамски мачор. :) Тој што чува ваква радост дома знае какво може да ти го направи секојдневието. :D Никаква допирна точка немаат со обичните мачки. Не спие по цели денови како другите мачори, секогаш има енергија за глупости, уште се однесува како да има три месеци, а не година ипол. Обавезно три саати во денот е најзбеснат и тогаш само гледа да се закача, подобро да не му стоиш на патот. На моменти се осеќам како кутре да чувам, уште само да почне да лае фали. Елеганција и интелигенција во движење го викам јас. Газда е дома. Тој е директорот. :D Најголема радост ни е дома, со неговите глупости се имаме смеено до солзи. И, нема место дома, каде што тој се нема пикнато, каде што нема душнато, каде што се нема качено. Страшно љубопитни мачки. И на највисокото место каде што ќе речеш "нема шанси", таму ќе го најдеш. Легенда е. :D

    И морам да кажам дека премногу се приврзуваат за сопствениците, не е точно дека гледаат само корист од вас. Мојот е поврзан за мене и сестра ми, летово бевме на одмор, и двете се погодивме 3, 4 дена да не сме дома. Три дена ништо не ставил во уста, и не влегол во нашата соба, не сакал да седи таму, не сакал да јаде, не сакал да спие. Готова бев да се вратам од одмор. Постојано не' барал.

    Тврдам дека нема мачор кој е почуван од него. Уште во раце да почнеме да го заспиваме фали. Не даваме влакно да му падне. Уф, го сакам најмногу на цел свет. Не заспивам ако не легне до мене. Кога одам некаде на два, три дена по сто пати во денот се јавувам дома да прашам дали јадел, дали спиел, дали излегол надвор... Дечко ми уште сега си знае дека кога ќе се мажам, мачорот со мене во пакет иде. :D Не го оставам, ќе умрам ако не е со мене. Сега уште девојка да му најдеме и ќе биде најсреќен.

    Леле ама се изнапишував, што да правам кога радоста ни е тој, уште 100 поста можам да напишам за него и неговите глупости. :)
     
    На Sunflowers и Leela им се допаѓа ова.
  15. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    да,мислам дека такво беше. дечкоми го порачуваше а јас разгледував натака навака, па не забележав баш како го кажа xD
     
  16. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    @Daydream кога ти го прочитав постот ми стави насмевка на лице. :)
    Баш се посебни и се како што ги опиша. Скоро секој ден мојата маца ми го разубавува денот со некоја будалаштина. Нешто што ни на крај памет нема да ми текне дека ќе го направи (или воопшто дека е возможно да го направи).:) А и кај мене, се знае кој е газда во куќа, чиви се сите радијатори, троседот, фотелјата, лаптопот... Се зафркаваме по дома дека мачката кај и да е рента ќе почне да ни наплаќа. :D
    Моментално не и барам дечко. Но во иднина ако сте слободни да знаеш дека ќе те барам. :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Само тие што чуваат вакво суштество дома, ќе знаат што збориме. Посебни се. Искрено пред да го земам, не верував дека се до толку уникатни, ама се уверив. :D

    Обавезно барај ме кога ќе сакате да ја спарите. Слободни сме ние 24/7. :D
     
    На fallenangel и Leela им се допаѓа ова.
  18. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Izvinete ke pisuvam na rakopisno bidejki na ovoj kompijuter nemam makednoska podrska. :\

    Sakam da ve prasam dali nekoj od vas znae kade da kupam labrador?(mal 2 meseci)
    Prasuvav i na Griza za domasni milenici(na femina)no ne uspeav da najdam.Pa mozebi vie ke mi pomognete.

    Vi blagodaram odnapred :)
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Пaпaгaли,мaчињa и кучее:D
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.191
    Пол:
    Женски
    Чувам хрчаче , го добив на поклон од партерот за денот на вљубените, а предходно му имав кажано дека сакам некое така животинче, да не е мачка или куче,сакав морско прасе , но ете немало па така си добив преслатко хрчаче :)