Куче - мешавина од лабрадор (поголем е малце и попуфкаст) Мачор - контењерец А до скоро имав и морско прасе, ама ми почина, па додека да го прежалам ќе бидам само со овие двајца.
@amazonkaka Јоркширските териери се исклучиво за чување во домашни услови, никако чување надвор, осетливи се на ладно и премногу топло. Немаат потреба од голем простор па така да и да сте во мал стан не е проблем за нив. Е сега околу негата, важат за раса што не пушта влакна ама да не се лажеме нема куче што не пушта влакна, но доколку секојдневно ги чешлате речиси воопшто нема да имате влакна, а си бараат секојдневно чешлање поготово ако ги сакате со долго влакно. Чешлањето не одзима многу време, лесни се за чешлање бидејќи немаат подлака, а влакното им е мазно. Не мирисаат. Си бараат често бањање бидејќи се мали многу лесно се прљаат и плус влакното им се мрси за неколку дена. Потребно им е мала количина на храна, јас поминувам со 150, 200 ден месечно за храна, ја хранам со Ројал канин мини џуниор и плус наша храна. Големи јадачи се, колку и да јадат се се вечно гладни. Не се мрзливи кучиња што по цел ден сакаат да се излежуваат и спијат, баш напротив многу се активни, во секое време подготвени за играње. Иако за нив се доволни кратки прошетки, не се воопто проблем и долгите прошетки. Енергични кучиња се и многу дружељубиви со други кучиња, дури мојава плаче кога ќе види некои (најчесто големи кучиња) дека само ќе ја душнат и одминат, ги моли да си играат. Исто така многу сакаат деца и општо сакат луѓе, не се кучиња што ќе се залепат само до газдата и никој друг. Не се приврзуваат само за еден челен во семејството, туку за сите. Додуша не сум приметила разлика во искажување на радоста од нас домашните и други луѓе, она на сите им се радува без разлика познат, непознат, сите ги сака и она мисли дека неа сите ја сакаат. Би ти препорачала да ја прочиташ темава за нив, ја прочитав цела и јас пред да ја купам мојата јоркширка, полна е со искуства од луѓе што ја чуваат оваа прекрасна раса. http://www.ana.rs/forum/index.php?topic=12147.0 Доколку нешто те интересира слободно прашај ме.
Што им даваше до сега? Можеш да им купиш Вискас јуниор, или да им зготвиш мелено пилешко со ориз малце.
Девојки може ли некој да ми каже каде сте правеле стерилизација за 1200-500.Еве баш и кај Диме се јавив што овде го препорачале и пишале дека е 1200 и ми рекоа 2500 денари, и на други места по толку ми кажуваат, сега не е мала разлика да поскалел од 1200 до 2500 па тоа е повеќе од дупло и нелогично ми е а гледам и на други форуми пишуваат нема шанси да е 2500-3000 секаде било 1200-500 и некоја ако знае нека ми пише каде стерилизираат по таа цена.Значи се работи за стерилизација, не за кастрација која мислам дека е поефтина.
Мене мојата мачка Диме ми ја стелиризира. Скоро 4 години изминаа откога е стелиризирана и немала никакви проблеми. А, одлична ветеринарна станица има и погоре од таа на Диме. https://www.facebook.com/PET-VET-Veterinarna-Ambulanta-Vodno-188402841199207/
А колку плати , зошто на други форуми што читав секаде велат дека стерилизирале миленичиња за 1200-500 а мене сега ми кажуваат цени 2500-3000 па и да поскапело не ми е логично повеќе од дупло да поскапело за толку кратко време. Благодарам за контактот, баш ќе се јавам и тука да прашам.