Не се обвинувај ненамерно било, од таков удар не може ништо да и биде, а и мачките бргу забораваат, чим сама ти дошла сабајле значи океј е. Моето два пати падна од тераса па немаше никаков потрес, ене го пак се пентари по железата памет не му иде
Ани, Ти благодарам многу на разбирање и утеха. Никогаш ја немам удрено намерно, и за што и да направила, а прави многу штети, со насилство не се воспитува никој. Затоа и ја пуштив цел стан да го демолира , зашто е милениче и едноставно не можеше да одолее на кожните гарнитури без разлика на сите играчки за гребење. Ние треба да се прилагодиме на миленичето, поинаку не сме зрели за миленичиња. Како и да е, многу тешко ми падна зашто никогаш никого не сум удрила , а таа што ми дала љубов ко никој окрка шамар без разлика што се удри самата. Мислеше дека ѝ правам нешто за играње кога мафтав со раката и како скокна со главчето се удри силно во размафтаната рака. Ме заболеа и мене прстите. Многу тешко чувство. За некој можеби е несфатливо и смешно олку прашина што кренав, ама ако сте во луѓето кои никогаш не би повредиле некого физичко, многу е тешко без разлика што беше несакано. Не можам да дојдам при себе цел ден. Плус имам ОСД и сум во ПМС деновиве, и добивам такви себеобвинувачки мисли, малку фали да завршам во болница. Имам чувство дека сум ја убила а ништо не ѝ е. Супер си е. Ама се чувствувам како насилник. Многу ми е тешко. Ќе ми помине ваљда. Фала Ви на разбирање.
Мачката е среќна што те има тебе, камо сите сопственици на мачки беа како тебе грижливи. Не се секирај сигурно е добра и веќе има заборавено штом ти дошла во кревет да се гали. Ако толку те јади црвот однеси ја на ветеринар барем ќе си се смириш.
Потполно те разбирам, со таквите интрусивни мисли тешко е да се справиш. Верувај ништо не му е ако јаде, пие, си игра нема зошто да се грижиш, среќно си е
Луциферка , Ти благодарам! Штом сум ја зела од улица колку добро сум направила, толку исто така сум ѝ скратила. Од стерилизацијата која исто претешко ја поминав до она кога ја гледам на тераса и прозор како гледа долу во улицата како во друга планета слушајќи ги звуците на слободните мачки за кои често се прашувам дали се посреќни од нејзе.. Ме јаде јанѕа дали ние кои немаме куќи со дворови воопшто би требало да чуваме миленичиња, поготово мачки кои не можеш да ги шеташ како кучињата. Сум пробала не оди. А да ја пуштам на улица не оди исто на пат живеам одма. Многу голема одговорност е, колку е и љубов и среќа толку е и тага и константно преиспитување, зашто дете кога ќе порасне ќе можеш да го пуштиш на слобода, а нив не. Во овој случај Тие се вечни деца и не знам дали некогаш ќе знам дали сум ја спасила со мојата љубов и комфор или затворила. Затоа толку ме боли ударот на животните и кога е ненамерен. И затоа им дозволувам да го демолираат цел стан па и мене. Јас ги носам дома. П.С Се јавив кај ветеринар одма утрово , ми рече дека веројатно ништо не ѝ е за да отвора во недела , во се' е иста. Јаде , си игра сѐ нормално, нема оток никаков на главчето, ѝ правев вежби со прстот за фокус го следи нормално прстот, очите ѝ се нормални. Луциферка Ти благодарам на преубавите зборови, ме стоплија многу!!!♥️ Можеби навистина е среќна со мене без разлика колку слобода сум ѝ скратила. Во се' има парадокс.
Сигурно е среќна што те има тебе која се грижиш за неа, замисли само да била улична мачка на која животот и е секој ден во ризик во борба со други мачки, кучиња, борба за храна, жед, студ, жештина. Ти и немаш ништо скратено ти и го имаш дадено најбитното твојата љубов а таа нејзината тебе
Земав куче денес, мешавина од лабрадор и златен ретривер. Прекрасно е малечко. Ќе го изедам цело. Едвај чекам да можам да го шетам.
Мојата , нашата најсакана крзнеста убава мачка Мими за која пишував погоре ни почина пред една недела. Побегна вечерта од влезната врата и подоцна барајќи ја најдовме прегазена. Немам солзи веќе од што ја преплакав. Пред некој ден се разведивме со мојот сопруг, а Мими ни беше како дете, беше нешто кое нѐ поврзуваше. Животните чувствуваат премногу настани. Можеби си замина од тага што чувствуваше дека се караме и ќе починеме како пар метафорички, и ни даде знак дека треба навистина да се ослободиме.. Како и да е, дури денес малку подобро се чувствувам.. Повеќе ми беше жал за неа отколку за животот со сопругот со кој се збогував.. Имавме и кавга на кого да припадне , тој не ми ја даваше, а јас сакав да ја земам во родителскиот дом каде имаме голем двор и каде ќе беше многу среќна, оти во станот каде живеевме ич не беше и често ни бегаше од влезната врата кога некој ќе отвореше а моравме да ја пуштаме во зградата да се шетка по скалите оти тоа ја правеше среќна. Ве молам ако имате тешки семејни драми, однесете ги вашите миленичиња кај пријатели кои имаат подобар амбиент. Буквално ги убивате ако ве гледаат толку несреќни зашто ја впиваат целата ваша лоша енергија.
Ај овде да прашам. Како да ги одвикнам мачкиве ? Мислам сакам мачки и до скоро чував маче додека керка ми не доби осип, но ова веќе не е нормално, 5 огромни мачки имам во двор нова гарнитура за двор ми е уништена, валкана и цела со влакна. Спијат во трамболина а малата ми е алергична на животни. Имаше флеки од маче кои едвај и се тргнаа. Ај една две но 5?
Здраво на сите. Сакаме да вдомиме мачка. Барам Short-hair раса, по прифатлива цена. Ако имате информација ќе биде добредојдена. Ви благодарам однапред. Убав ден
Каква е таа “Short hair” раса? Шорт/лонг укажува само за крзното (кратко/долго влакно). Каква раса бараш, Scottish fold shorthair, British…?
@marlonbrando69 Пробај тука да прашаш https://www.facebook.com/profile.php?id=100082643446740&mibextid=ZbWKwL https://www.facebook.com/groups/3598914076806192/?ref=share&mibextid=NSMWBT И евентуално напиши пост дека бараш, во поголемите групи за миленици на Фејсбук. Се надевам ќе ти биде од помош
Друг начин нема освен да поставите некаков тип на висока ограда/мрежа која нема да можат да ја преминат. Мачките се животинчиња кои си одат каде сакаат, и да ги бркате додека сте таму тие повторно ќе си влезат ако им е достапно.