Кое е вашето добро дело што сте го направиле последно?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Viktorijaaa5, 2 ноември 2013.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    88.205
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ваква тема не видов и незнам дали оваа е соодветно место за истата да биде овде !

    Многу ме интересира да ги чујам и вашите добри дела, нешто што ве исполнило, што ве натерало да помогнете во некаква ситуација, дали душата ви се исполнува кога ќе помогнете на некој, ....

    Морам да ви ја кажам оваа случка што ми се случи пред еден месец но до ден денес се чуствувам добро кога ќе помислам :)
    Бев на пазар шетав наоколу разгледував... и до мене се случува следново : на една тезга со секаков вид на зеленчук имаше многу луѓе што разгледуваа и ги купуваа своите потребни намирници. Една пристара бабичка се врткаше наоколу грејна едвај одеше, целата свиткана слаба,со очи во кои се гледаше дека има добра душа.Не не беше питачка, не беше од тие што просат и лажат .
    Наеднаш слушнав викање... а жената чија што беше тезгата ја турна бабата на земја викајќи и : Ме крадеш ,како не ти е срам , што ке направиш со еден домат ... бабата плачеше ..... :o
    Феминки знаете ли како се почуствував :( бабичката зборуваше но жената не и даваше ред да каже нешто... луѓето наоколу гледаа и се потсмеваа :x
    Јас и истрчав да и помогнам да стане ,и еден пристар човек истрча ја кренавме жената , плачеше ми се сврте и ми вели : Не украдов , ништо не украдов, немам пари гладна сум но не крадам... падната беше на земјата ја земав за да ја вратам назад на тезгата ....
    Останав без зборови... човекот ја смири некако бабичката а јас отидов од спротива и купив кифличка јогурт,сокче, 1кг банани и го дадов кесето ...Не престана да ми се заблагодарува и да ми посакува среќа ....
     
    На Juicy, Dust, hermosa и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ова добро дело ми е направено кога бев околу 2-3 годинки. :$
    Со мајка ми и татко ми правевме скара. И слушаме гласно мјаукање надвор од дворот.
    Излегов со мајка ми и во нивата блиску куќата имаше мало портокалово мачорче.
    Немаше 2 месеца уште, раскрварено му беше муцето...
    Го крена мајка ми и му даде млекце за да пие и меко саламче. И дека немавме тогаш милениче, си го земавме да го чуваме. :D Го крстив Тоше (по Тоше Проески дека омилен ми беше пејач).
    И тоа ми беше моето најпрво маче т.е братче пред да се роди сестра ми. :lol: Кога ќе се скаравме, ме гребеше, а јас осетливата, одев кај баба ми и и кажував: -„Бабо!!! Тоше не ме сатааа!!!“ :rofl:
    За гребаницата што ме печеше, ич не ја приметував, но кога Тоше ми беше лут многу плачев. :!:
    Тоа е приказната за личноста која никогаш не била потрпелива и по грижлива со мене-Тоше мачорот.
    Го памтам ова од родителите што ми го раскажуваа.
    Последно добро дело... незнам...
    Ништо посебно... држам брата на постарите и помладите од мене, дружељубива сум... Онака само секојдневно... Ништо посебно не се случило. :$


    Иначе браво за темава!!! :bow: :clap: :hai:
    Многу ме растажи твојата приказна, Викторија... :(
     
    На SummerGirl и UnordinaryOne им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.919
    Пол:
    Женски
    Ова беше лани..

    Си доаѓав од работа и поминував покрај книжарницата, во близина седеа мајка и дете, детето плачеше а мајката со тажно лице го молеше да престане, го галеше по косата и му кажуваше дека ќе даде се од себе до утредента да му купи тетратки за во училиште :|

    Сакав да помогнам, знаев дека можам да одвојам 100-200 ден за тоа, знаев дека тоа ќе ги усреќи и двајцата, се приближив и се запознав со детето, ми кажа како се вика, ми кажа дека е 2 одделение, ми кажуваше какви тетратки имаат неговите другарчиња, за нивните боички.. разговарав со неговата мајка, и кажав дека сакам и можам да помогнам. На почетокот се двоумеше, но се согласи..

    Го земав детето и го однесов во книжара купивме тетратки, боички, моливчиња :)..

    Неможам да ви опишам колку беше радосно детето, како само се фалеше за новите тетратки, таква искрена насмевка не сум видела никогаш.. Бев пресреќна што можев да направам нешто..

    Не е нешто големо, ама ете успеав нечиј ден да го направам убав :D
     
    На edna_malecka, Juicy, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Пред неколку недели кога се враќав од училиште видов една стара жена, преморена, се враќаше од пазар и носеше големи ќеси, пред да ја прашам јас неа, таа ме замоли да и помогнам да ги износи до дома, јас прифатив :) Кога стигнавме кај неа таа ми се заблагодари и ме благослови :D

    Не е кој знае што, ама сепак и помогнав колку-толку :)
     
    На edna_malecka, hermosa, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Соседот купи кутренце летото 2013 но не го сакаше. Кутрето миличко го забележав дека постојано е гладно и осамено а соседот не го врзуваше па јас си дадов задача да се грижсм за него. Знаев дека соседот може да се налути затоа што на некој начин си го присвоив но не го оставив.Секој ден кога излегував на училиште му давав храна, а мајка ми го хранеше откако ќе ручавме. Попладне си играв со него... Не е нешто посебно, но тој добиваше храна и внимание, а и јас имав другар.
    За жал тој сега е починат...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Дојде една жена на врата ми бараше пари, немав. И наполнив кеса со леб, благо и овошје.
     
    На edna_malecka, angelche16, ceca-1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.497
    Прв пат ја гледам темава......но, мислам дека, ама само мислам дека добрите дела не треба да ги раскажува тој што ги направил, треба другите да кажат за него или евентуално делата сами да се видат:)
     
    На friendy и galapce им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па незнам, скоро секој ден правам нешто добро.
    Давам пари на луѓето кои просат, донирам за болни, облека за црвен крст и други предмети кога е потребно и кога има акција.
    Ги хранам уличните кучиња и мачиња, маалското секој ден па го ранам, другите низ град секогаш кога имам нешто за јадење при себе, а знам и да купам храна и да им ја поделам.
    Сметам дека ова не е ништо посебно, секој треба да го прави ова секојдневно, како рутина. 10тина денари или нешто поситно верувам дека нема да направат некоја голема разлика во нечиј буџет, наместо секој ден да искачам на кафе или да купувам нездрави грицки за по дома, на некој бездомник ќе му значат многу.
    Едниствено не им давам на циганчињата затоа што купуваат лепак и цигари со тие пари, да знам дека за храна ќе ги искористат со задоволство би им дала.
     
    На SV1911, hermosa, Daleron и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Седев сo мaјкa ми вo препoлн aвтoбус. Дoјде еднa мaјкa сo мaлo детенце, пa ми беше жaл зa дететo и стaнaв дa седнaт.:)
     
    На edna_malecka и anina им се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Толку ја банализирате темава што работи кои се однесуваат на Бон Тон ги рачунате за добри дела.
    Јас сеуште не сум направила некое толкаво добро дело за да можам да се пофалам, и да го наречам добро дело, станување во автобус, во амбуланта или било каде на постари лица, или помагање да преминат улица, или купување на леб, на стари лица, отпоздравување со добар ден на соседите... за мене се пред се должност на секоја млада особа и се дел од доброто однесување и немаат врска со хуманоста.
    Првото добро дело што би сакала да го направам е да потпишам дека по мојата смрт, ги донирам моите органи.
    Добро дело е нешто големо, не е станување во автобус, вдомување куче, давање 10 денари на чистач на шофершајбни.... Оној што чини добро дело не се фали со него, а оној што се фали со мали дела е по беден, од оној кој не прави ништо.
     
    На hermosa, sleepingbeauty, anina и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Iskreno mi gi nasolzi ocite...
     
    На Dust и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    bas taka..preraskazano dobro delo za grst aplauzi ne e dobro delo.zamislete da ve procita tojna koj ste pomognale..ili nekoj da pisuva kako vam vi pomognal..nema da vi odmili negovoto dobro delo?sepak vie si znaete najdobro sto ustvari znaci pravenjeto dobro delo...pilenka samo da se nadovrzam..posvetenoto tvoe vnimanie so objasnuvanjeto predmalku e za mene dobro delo koe dobro mi dojde..
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    samo mala ispravka..toa mila neka ti bide posledno a ne prvodobro delo..oti ti poveke od sigurno e deka ke imas i drugi.
     
  14. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Успеав да ја разубедам мојата најтврдоглава другарка да не ја направи својата најголема грешка во животот. И сега е супер.
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Помогнав на другарот кој падна по скали, не го оставив сам другите си заминаа трчај дома право на фб :fubar::fubar::fubar:
     
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    Прибрав изгубено кученце во мојот дом и потоа по социјалните мрежи му го најдов сопственикот и неговото детенце дојдоа и си го земаа.Вечерта кога го најдов беше премрзнато,гладно,извалкано му дадов буквално се што имав во фрижидер од млеко саламки некои лепче и имав за ручек пола тава мусака се му дадов и изеде и плус го зибањав и под креветот доле на ќебенце спиеше до мене цела ноќ :) јас се чувствував бесценето со ова добро дело сторено
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    21.172
    Пол:
    Женски
    Нахранив прегладнето кученце кое ме следеше цел пат до дома.:inlove:
     
    На edna_malecka, hermosa и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Го направив ама џабе што го направив.
    Бев вчера со другарка ми во продавница да купам сладолед. И доаѓа едно старче, сакаше сок да земе ама сокот беше спакуван во тие најлонските кеси и не можеше да извади едно шише па се сврте на другата страна и исто имаше завиткани шишиња пиво и кога видов дека и нив не може да ги отвори го прашав дали му треба помош, дали сака да му извадам едно шише. Рече да и јас извадов шише, му го подадов и вика Каков е овој сок, јас му викам Пиво е тоа и тој се помисли, го остави, го отвори фрижидерот и си зеде Кока Кола. Е ај добро...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    И најдов работа на братучетка ми...и што ми е најдраго што е задоволна и пресреќна
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Му дадов на моето куче сабајле да јаде. Ама не ова сабајле. Пред неколку недели.
    Јас ретко му давам, мајка ми му дава да јаде.

    Ама јас ова си го рачунам за добро дело.

    Друга работа...

    Има една бабичка што проси тука кај мене пред влез. Живее во зградата и понекад кога е сончево си излегува надвор и си побарува културно некој денар за лепче и Аргета паштета.

    Јас направив добро дело што и дадов 5 денари.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.