Пица лист тенка, со многу суви печурки,кулен и доматен сос.Знам да направам само кога правам со мерак.А ретко имам мерак.Не за друго, немам време, па затоа немам ни време. Инаку знам многу работи да зготвам ама ме мрзи.Плус не сум фалбаџија
имам многу омилени јадења како на пример омлет со печурки,солени/ благи палачинки,јуфки и макарони потпечени во релна ,тортичка ,пица и ред други јадења што мама не сака да ми зготви ,тоа што си јадам знам и да си го зготвам
Моето омилено јадејне е пица јас знам сама да направам, исто така ми е омилено и стек но за жал тоа не знам да го зготвам сама!
Омилено мое јадење-лазањи, знам да ги спремам. Рецептот го најдов тука на фемина и се испраксирав, сега ги правам екстра. Друго омилено јадење ми се полнети пиперки, нив не знам да ги правам. Пробав еднаш по рецепт на мајка ми и беа катастрофа. Оризот преварен, месото живо, мирисаа чудно и ич не беа вкусни. Затоа кога одам кај моите и нарачувам на мајка ми да ми направи.
Полнети пиперки, пита со спанаќ, гравче тавче, гулаш со сварен ориз и грашок мљац, мљац ... I know it all.
Абре не е тешко домаќинке, и јас ќе дојдам ако сакаш и ќе те научам да правам, како беше кинескана пословица, нема да ти дадам риба, ќе те научам да ја ловиш Сарма од лозов лист, лазањи, секаков вид на тестенини, спанаќ, пита или бурек, гибаница... Ма све знам да правам
Манџа со оривче,компирче,грашак потпечена ми е омилено јадење и да знам да го зготвам и секогаш јас го правам,од мајками не јадат
Имам 2 најомилени јадења: 1. Пица. Знам да ја зготвам, ама најчесто со дечко ми јадеме готова. 2. Зелникот на Бадник што го меси мајка ми. Тогаш ми е најубав. Еве со нетрпение да дојде вечер и да го прејадам.
омилени јадења: пица-знам ориз на тавче со копани-знам тестенини-знам супа домашна-знам супа говедска-знам