Имам повеќе омилени јадења кои секако знам сама да си ги направам, а ако не го направам јас енма кој да ми зготви ручек кога маж ми е по цел ден на работа Вака , мусака ми е едно од омилените јадења, спанаќ и ориз, ориз со компир, ориз и макарони во тавичка , шпагети,тортелини,макарони со секаков вид на сос, полнети пиперки, пилешко со компири во фурна мјаммммм .....итн.
Имам повеќе и сите знам да ги готвам ама ќе кажам само едно МАКАРОНИ со сос од мелено месо скоро секој ден си правам макарони ги обожавам
Сите видови тестенини со сосови, салати што ми се омилени си ги правам. Ќофтиња од месо, од тиквица, поховани работи, сето тоа знам да правам, ама најчесто ме мрзи. Компир на сто начини, пица, тесто, месени работи што ги сакам, си ги готвам. Слатки работи не љубам многу, а од она што ми е мерак да си направам е сутлијаш со џем од јагода и многу цимет. Единствено лазањите со зеленчук и сирење што ги обожавам, а ги имам јадено во едно глупо ресторанче во Бања Лука не научив да ги правам, зошто мислам дека сирењето тамошно беше домашно, и им дава на лазањите неповторлив вкус. Селско месо со помош на мајка ми еднаш направив, ако се брои тоа, тогаш знам
Лазања е едно од најомилените кои што знам да ги подготвам.. купи си тие лазањите, црвениот сос се прави со мелено месе, кечапи и зачини по вкус, бешамелот со брашно и млеко.. и на печенје одкако ќе омекнат лазањите и ќе ги покриеш со слоеви сосови
И јас многу сакам да јадам лазања но не знам како се подготвува.. Треба да си научам... Инаку многу сакам тиквички.. Порано ич не ги можев но во последно време многу си ги сакам..Ама рендани кога се, а не на тркалциња сецкани... Рендани тиквички знам да подготвам и мислам дека ептен добро ги правам( сепак - мое мислење хх). Сакам и палачинки со кремче и банани и тоа знам да го направам, но морам да се потсеќам на рецептот за тестото од палачинките.. Толку ми текнува за сега...
Моите омилени јадења се едноставни и многу лесно се приготвуваат. Пример: Печени пиперки (зачинети со сол, масло, киселина и лук) со сирење и црн леб... Потпечено лебче премачкано со маргарин и изрендано сирење... Шпагети... Ако ми текне уште нешто ќе напишам
Омилено јадење ми е пилешка тава, ама незнам да си ја зготвам исто како што и кога јадам надвор. Најдобра до сега сум јадела во Рустико (можи го згрешив името) Битола, а исто така и во пицеријата Ангела (Струга) е многу добра, обично тие многу ја зачинуваат ама ги опоменувам. И онда то.
омилени јадења ми се: -пржени компирчиња и знам да подготвам -лазањи и незнам како да ги подготвам -палачинки и пак незнам како да ги подготвам. далеку сум од домаќинка
Морска риба(ослич,скуша,лосос),но незнам да ја направам и шпагети за кои нема потреба од некоја готварска вештина
Од нашите домашни омилени ми се - полнети пиперки, сарма, и тава со ориз и копанчиња и знам да си ги подготвувам, а сега во последно време пилешко на таи начин и тоа знам да го готвам..
moeto omileno jadenje e przeni kompircinja..pica,pastramalija i se razbira i nekoj desert po jadenjeto palacinki sekako deka znam da zgotvam pica sekogas pravam koga mi se jade ...
Полнети пиперки, сарма, мусака, печени компири и стек приготвен на било кој начин. Се знам да зготвам освен сармата, али решив кога ќе научам да правам сарма ќе се омажам и затоа нема потреба од брзање
Омилено јадење ми се пржени компирчиња, полнети пиперки, пица, сарма, летна манџа со сирење...а знам да зготват или испржам компир, пица и летна манџа др не ама ке научам некогаш.