Епаа ги има многу. Од манџи на пример грав, Од брза храна имам многу како пица,хамбургер, тостови и др. Од овошје имам многу бидејќи ми се менува мислењето. Од десерти се разбира сладолед и торти. А од грицки чипс.
Омилено јадење ми е сутлијач(се научив сама да го готвам), после полнети пиперки(и тоа сама го научив секако со помош на мајка ми која ми кажуваше по телефон што како), сладолед и торта со пудинг од ванила
пааа омилено јадење... ги имам неколку меѓу кои пица , мусака, печено пилешко со компири.. ама само пица знам да направам и мусака со мала помош од мајка ми
Шпагети со сос од мелено месо со свежи шампињони.. мм милина бе... Инаку..не знам да го зготвам па не сум по готвење бе
Хмм има повеќе,не можам да се одлучам за едно. Компирчиња пржени, сос од печурки мешан со доматен сос, пилешко или плескавичиња , знам да го напрам, пица од побрзите јадења, Ориз Бел во тава со пиле ,шпагетки мммм убавини
Пица! Знам да ја направам, само понекогаш знам да го зезнам тестото па да биде многу тврдо. Палачинки! Уф, прсти да излижеш. Благи или солени сеедно, битно јас да ги правам зошто никој дома не знае да ги погоди палачинките
Јас многу си сакам тавче ориз со морковчиња и по некое нарфлено мевце колку за мирис и вкус (најчесто месото не го јадам). Не сум правела до сега, ама знам како се прави, па ако се нафатам, ќе го направам И супа, домашна, со многу моркови, компири, пашканат, магдонос...
па омилено јадење.. сарма, али незнам да го зготвам, затоа баба ми ги прави супер. исто така сакам и многу тестенини или па риба или пилешко..