Обожавам да јадам кромид и џигер пица и уште неки не ми текнуваат во оментов и знам да ги правам поточно повекето јадења знам да ги правам.
Омилен ми е грашокот, прво незнаев да го правам потоа ја натерав мајка ми да ми го напише на лист па јас да го направам, го научив и сеа 1 во неделаа мора да има грашок
Омилено домашно јадење ми се полнетите пиперки. Знам што треба, како треба, но до сега не сум се обидела да си зготвам и сигурно не би биле како што треба, барем не како мамичка што ги прави. Убавини. А кога одам некаде на јадење секогаш си порачувам топено сирење. И ова не сум пробала да го зготвам, а и не би било исто бидеќи не ги знаам сите состојки што му ги ставаат, не сум се обидела ни да ги дознаам но дома не би се мачела кога можам да земам само еден нож да си сечам и пак да ми биде вкусно.
Moeto omilena jadenje e musaha ,neznam samata da go zgotvam toa jadenje.Majka mi koga go pravi posebno e
Пица по мој вкус, со многу кашкавал Сакам и стек, го пржам со јајца и лебни трошки, или пак го сечам на коцкички, го пржам и на крај му додавам павлака и пеќурки. А сакам и мусака, ама најубава ми е таа што ми ја прави баба ми. За шпаѓети и ситни макарони со ќечап, па ми стануваат скоро секојдневие
Се утепав коментирајќи низ темава и заборавив уствари да пишам дека мене омилено јадење ми е домашно пире од компири, без млеко, затоа што некои такво го правеле. Не знам да го готвам, и така нека остане, страв ми е да не утнам па вечно да го одјадам.
За време на зимскиот период само пита јадам,тоа ми е и појадок и ручек и вечера,не се одвојувма од неа,а за време на летото пролетта и есента ориз со копанче Пс. знам да ги направам и двете.
Имам повеќе омилени, но бидејќи најмногу ја сакам рибата на врвот на листата омилени јадења ќе го ставам лососот. Печен лосос со рузмарин, пред тоа неколку часови стоен во маринада од бело вино, во комбинација со многу лимон и печени компири. И да.. Знам да го зготвам и го готвам со ЕПТЕН ГОЛЕМ мерак!
Па повеќе ми се омилени, ама ете ќе издвојам пица и знам да ја направам, посебно затворена пица, ммммм прсти да излижеш
Паста е моето омилено јадење, а поготово карбонара! Секако знам сите пасти да ги спремам, како родена италијанка сум!