Знам да зготвам повеќе работи,сепак најомилено ми е печени компири во комбинација со печени кременадли или ребра,мммммммммммм
Шпагети со сос од домати и сиренце! м м м.. незнам да ги готвам али знам да ги изедам за 1 сек. Мајка ми ги прави совршено!
Хмм за оваа прилика ќе ги издвојам посните сармички, тава ориз со пилешко и пита со зелка. Ова 2во знам да го направам а сармичките и питата слабо
http://sitel.com.mk/mk/podgotvete-go-na ... a-i-banana не ми е јасно каков јогурт јас ќе ставам овошен од јагода па незнам дали ќе е соодветно за ова.Вие дали сте го направиле ова и каков јогурт да ставаммм? П.С.прашањето не знам за каде е па оваа тема ми е најсоодветна за ова.
Макарончиња потпечени и палачинки ми се омилено јадење и знам да си ги приготвам .Најчесто јас ги готвам кај нас дома пошто другите ги мрзи .
Ееее сесто слатка дали знам да го зготвам? Знам јас се да готвам и работам, не сум од оние кои чекаат и мајките да им принесат затоа што тие биле уморни од глувчето на компјутерот. Ги сакам оние традиционални јадења, турли тава, сарма, мусаха, секако неизбежниот грав.... Почнав да учам да готвам од прво одделение, бидејки мајка ми, мораше да работи по ниви, а некој мораше да готви, чисти..... Не се жалам само кажувам дека ако исчистите или зготвите нешто нема да ви биде ништо, напротив, нема да се чувствувате како паразити а и јадењето зговено со своја пот, е многу повкусно.