Макарони со кашкавал, момички (дома така ги викаме, инаку се лепчиња со салама, кашкавал исто ако пица) и да знам да ги подготвам.
Омилени ми се тестенините, кои заради диетата не можам на раат да си ги јадам Пица, шпаѓети, макарони, а особено макарони во рерна направени. Се од тоа знам да направам, а за макароните во рерна станав експерт кој сака давам рецепт Друго омилено јадење ми е сладоледот И него знам да го направам, нема ништо тешко, само се мати И палачинките кои не знам да ги правам Е има да научам
Дефинитивно салата од марула, краставици, брокула и роквица. Само што пишувам лиги ми течат. Нема ништо повкусно на светов.
Моето омилено јадење,посебно за ручек е селско. Потоа полнети пиперки црвени со месо без ориз и затворени со домат парче. Пиперки зелени полнети со урда и полиени со црвен сос томато. Оризник одгоре со танки октугли компирчина ред,запржен превкусен. Риба ослич пржена ,компири печени со оригано,и сос од лук толчен и киселина малку масло и сол. Стек стоен неколку саати во пиво,потоа пржен со сите намирници брашно,веѓета итн, и пире од компир варен со млеко и веѓета, за сервирање запржувам црвена пипер само и поливам една супена лажица врз пирето во чинијата. Гравче тавче со сува пиперка,ако ја немам пиперката сува ,ставам да се вари пресна црвена и потоа ја ставам во тавчето да се печи. И мн други.
Najomileno mi e meseno za spanak i sirenje cesto si go pravam koga ke najdam da si kupam svez spanak mmm mi se prijade
Нема јаденје што не јадам само сарма не и риба другите се ми е омилено тестенините ми се врв е и знам секакви лазанји , макарони и сосови работејки во ресторант преку викенд имам можности се да пробам и зготвам
Шпагети во болоњезе сос, пилешко во кари - не знам ама ќе научам дефинитивно. Кајганата и кобасиците ми се врв
Селско месо ( се научив по рецепт на свеки да го правам , потоа си додадов мои состојки и зачини ) , палачинки ( знам да ги правам и ги вртам со фрлање нагоре , ама додека научив 10-тина завршија во канта ) , руска салата ( патем готова земам , сеуште не знам да ја правам ама ќе ја научам и неа ) макарони во рерна со јајце изматено со кисело млеко , кашкавал и сирење/урда ( знам да ги правам и со тек на време ги исовршувам само ) , пица ( со готово тесто да , а скроз домашна не знам ) . За благо освен да го изедам , знам една парена торта и сладолед да направам . Друго со помош на мајка/свекрва инаку не се фаќам сама на глава бидејќи знам дека ќе заврши во ѓубре .
Па само јадењата што ми се омилени и ги готвам ... кога готвам. Јадење никогаш не сум згрешила, прв пат да го припремам - го погодувам. Имам талент за во кујна, ама ретко го користам.
Било какво месо,печено или скара,со прилог помфрит со сирење и многу салата. Делумно знам да го подготвам,со исклучок на скара.
Како стареам, сфаќам дека омилено јадење - немам. Знам да готвам, и со мерак правам се', ама не секогаш ми излегува исто. Не знам на што се должи тоа, а сакам кога еднаш сум го погодила, повторно така да излезе. Иако чекорите се исти, крајниот резултат не е.