Можело да се отворат и интересни теми алелуја... Зошто се скаравте со дечкото,толку години што бидна бла бла бла?(можи јас на нив ќе му кажам или му должам објаснување) Косата ја осветли? Ослабена си? Кога ќе заминваш?(најактуелно сега)... Да напоменам,не ми е тешко да одговорам на ниедно прашање,ама преку глава сигурно ни е на сите од дволични луѓе,кои не немат видено времиња и ќе те сретнат уста неможат да затворат од прашвање и коментирање од нив до збор да неможи да дојдиш,затоа мн.добро знам што да изигнорирам и од прашање и од луѓе...Јас кога ќе сретнам некој што го немам видено подолго време културно ќе го прашам како е и што има ново,и толку ако сака некој да кажи нешто ќе кажи инаку не сум фан да претурам по нечиј живот... Исцрпно се објаснив.
Природна си или фарбана? На почеток ми беше интересно, сега веќе ми се смачи да повторувам една иста работа толку често.
Многу си ослабната,диети да не држиш? Ајде еднаш,двапати океј.Ама јас немам променето тежина скоро година,а луѓево ме гледаат често,и пак исто прашуваат.Еднаш се изнервирав и одговорив:Пазам што јадам,не јадам како крава Како факултетот?-ова е рутинско прашање,не ме нервира толку,одговарам кратко и јасно,положено е,тера или слично Имаш дечко,кој ти е дечко,од каде е дечко ти?.. и се друго поврзано со дечко Што и правеше на косата?-Ова не го разбирам.Ако е светла,како станала светла.Ако е фенирана,зошто сум ја фенирала. Има сигурно уште некои,ама ова ми текна во моментот
Свадба ќе правите? Обично викам, и да правиме, ти нема да знаеш/да бидеш поканета. А свадба кога? А деца? Ко само тоа да е у животов.
1.Многу си ослабена (повеќе констатација отколку прашање) 2.-Дали јадеш?-Да -Па кај ти иде храната?- Во мозок ! Затоа сум толку паметна а слаба ! 3.Имаш ли дечко и зошто НЕ? 4. Ајде време ти е за мажење/кога ке те мажиме/што чекаш уште/кога ке рагаш деца ? (ова прашање особено ме напиња и во рок од 5 секунди ми се крева притисокот пошо нели плукни-залепи е целата процедура) 5.А како се вработи? Со врски или на оглас ? -Гордо можам да кажам дека без врски САМА со свој труд и пот. Од прилика ова се 5те прашања изминатава година кои ми ја тероризираат психата
Ми се допаѓа твојот одговор на прашањето кога свадба. На љубопитни и трачарки само вака може да им се одговори, па да не им текне да прашаат нешто што не е нивна работа следен пат.
1. Имаш дечко/ А оти немаш дечко/ Кога планираш да си фатиш дечко? (Не ми е јасно зошто толку се замараат зошто немам дечко.. Олабавете луѓе, не се наоѓа туку така дечко како да расте на дрво.. ) 2. Многу си слаба јадиш нешто?? (Да на ваше неверување јадам но некако на некој необјаснив начин за вас имам брз метаболизам а и не можам да му наредам на килограмите да се распоредуваат рамномерно на телото ) 3. Како можиш да се шминкаш на секое? Не ти е мака? (Не, не ми е мака.. Зошто да ми е мака? Сакам да се шминкам и уживам во тоа, а вам ако ви е угодно да шетате наоколу како наркомани пуштени од рехабилитација свакам вам част.. Никој не е совршен океј??) Дефинитивно едне ден ќе испечатам ливчиња со одговорите на неморам на секое да повторувам одново и одново.. Стварно некои луѓе немаат попаметна работа од тоа да се мешаат во туѓ живот
1. Кога имаш за полагање? ( е од ова поглупо амин, што ви е гајле не знам едноставно, што е толку битно) 2. До каде си со факултетот? ( не знам дали да се смеам или да плачам на ова) 3. Дечко имаш? ( да имам и?? уствари немам и?? што?? ) 4. И најглупото од најглупите прашања, што ме вади од кондури....баба ми (т.е. двете баби) кога ќе ме праша: -Кај шетна и со кого беше? WTF бабо? И тоа преку телефон ме прашува во кој кафич хеллоууу од кај ги знаеш кафичите бре бабичке 5. И исто некоја од бабите: Кога ќе го донесеш дечкото да го видиме? ( Абе ај, стварно? )
1. До кај си со факултетот? 2. Имаш нешто положено? 3. Кај ти е дечкото? 4. Шо прај Марли(кучето)? 5. И пошто живеам во Битола класиките како- Шо прајш ле? Каде вака? Кај си бе? итн.
Koga ke te mazime? Sto da ne raskinavte? Silikoni imas na ustata? Od kaj tolku pari ti? Najde rabota po struka?
Zosto tolku vikas/se nerviras?(zosto mnogu ste site naporni) Imas pari? (Ne nemam majka mi ima) Ke go fatis avtobusot??(pa golema e verojatnosta ako ne me zadrzuvas) Ke si odime zaedno??(da) Ke dojdis kaj mene??(paa nz...) Ke setnime vikendov???(zavisi od vremeto) Imas nauceno/ke odgovaras???(ne nemam nauceno ama ke odgovaram) ....i uste eden kup glupavi prasanja...koi ne mi teknuvaat bas sega...
Поради мојата здравствена ситуација ненормално секојдневно,ги добивам прашањава по 6 пати.. Ќе одиш во школо? Што ти рекоа? И сега? Аман веќе ми се смачи од овие нено
Zatoa sto sum mn mladolika imas prasanje non stop 1 deteto tvoe e ? A na kolku go rodi be devojce ? A kako se vika? A sto tolku cudno ime ste mu dale masko e neli ? Hehehehe
Уште не си замината?! (не сум идиоти, штом стојам пред вас очигледно дека не сум! Подобро прашај нешто покреативно)
И заборавив да кажам, како ти порасна толку многу косата? Ставаш нешто? И 100 пати имам кажано дека редовно ја шишам, за побрзо да ми расте, и пак тоа па тоа.