Која по ред фризура ти е месецов? Како се фарбаш ? (Им одговарам со рацете? ) ЛЕЛЕ ОД КАДЕ ТИ СЕ ОБЕТКИТЕ многу се јаки ( и за инат лажам пошо не сакам да идат и да земат исти )
Кога свадбата тоа прашање веќе ми звони мислам во главата како да тоа е најбитно себеси не се гледаат за др. животи се секираат,или од каде пари да одам на одмор или да си купам нешто мислиш од нивните земав па треба да ги пријавам
Имаш дечко? И одговорот ист со години : Не немам, ако има ќе ти кажам. Друго: ,,Како на факултет?" И тука ги лажам по малце: ,,Супер ми е, многу ми е убаво." ( Од ова убаво сакам да си куртулам ASAP) Има и друго, ама ова е повеќе како коментар од двете мои бабички (ко договорени- а и се најверојатно): ,,Ајде што чекате само ти и сестра ти сте ко смотани! Не ги гледате другаркине ваши свадби прават? Ги гледам де не сум слепа Мене не ми се брза. Нели ,,брзата кучка раѓаше слепи кучиња " ?
ИСТОТО. А и колкава ти е платата?(и кога културно ќе избегнеш одговор ти кажува дека знае отприлика сите по толку демек земаат,ми се згади од таква безвезна безлична работа а од луѓе што распрашуаваат веќе не ги приметувам дека постојат штом такви нешта ги занима).
Твоја е косата? Пак ли нокти ставаш? Да не купивте уште некоја канта? (Ретро кола) КОГА БЕБЕ? АЈДЕ ЗА МАШКО. You're gonna hear me ROAR!!!
Последнава година најчесто ме прашуваат дали сум завршила факултет и дали сум се вработила. Што се однесува до свадбата, тоа одамна не е прашање, туку констатација: Ајде, па сега веќе ти е време да се мажиш.
Најнекултурно прашање е кога бебе -.-... Сериозно не бев свесна дека толку директно ви го поставуваат тоа прашање.. Срамота. И за мажење.. Цц каков народ бе. Мене, како на факултет? Уште си со дечкото? Шо има ново?