Иан, Даријан, Доротеа, Габриела, Кјара, Исидора.. ако даде бог еден ден кога ќе имам деца би му дала некое од овие имиња
Михаела и Евегенија....ако имам ќерка еден ден дефинитивно ќе одберам едно од овие имиња, а за машки имиња немам нешто омилени, ниту сум размислувала....некако сум сигурна дека ќерка ќе имам !
Како мала многу сакав да си играм мајки со сестра ми, и си имав две замислени деца, Алигора и Алигор Уште од времето на Зоки Поки се заљубив во името Лидија, и знаев декаќерка ми ќе се вика така - но падна на гласање дома хехе па си носи друго име сега. А за машко многу сакав Матео -исто падна на гласање, а и секако синко ми се роди на еден прекрасен празник и без дискусии си го доби името на светецот. Колку што ве читам, сите си имате некое омилено име и си планирате дека ВАШЕТО дете ќе го носи тоа име, но во животот не е секогаш по план, особено кога се работи за и НЕЧИЕ дете со семејна позадина и традиции за иниња, и сл....
Моето, Викторија. Ме асоцира на нешто моќно, на победа. Порано си го мразев името, сега вака како што го гледам според другите популарни имиња, моето ми е баш супер. Други имиња кои ги сакам се Ивана, Сара, Елена, Магдалена, Наташа... Машки Бојан, Иван, Јован...