Од машките: Павле, Алек, Михаил (Михајло), Петар, Христијан Од женските: Јоана, Јана, Вале(нтина), Искра, Ирина, Калина
Алексеј не е руско име Alexei \a-lexei\ as a boy's name is a variant of Alexander (Greek) and Alexis (Greek), and the meaning of Alexei is "man's defender, warrior"
Од машките- Дамјан,Силван,Марко,Валентин,Горан,Даниел,Ристе.. Од женските- Даниела,Николина,Ивона,Евгенија,Михаела,Миа,Марија,Христина...
Значи Алексеј е верзија на името Александар што се употребува најчесто во Русија. Исто како што Американците го користат Алекс како скратеница, или (уште подобро за споредба) како што шпанската верзија на името е Алехандро. Пред да солите памет за нешто треба забелешките да бидат на место.
Руската верзија на Александар е ОЛЕКСАНДАР. А Алексеј е словенизирана верзија на Алексиос, како на пример Алексиос 1-ви Комненос и Алексиос 2ри Комненос, значи по нашки Алексиј 1ви Комнен (Византиски императори со старогрчи имиња). И не СОЛИМЕ ПАМЕТ, туку информираме. Ако нешто најчесто се користи некаде, немора да значи дека ќе биде на одмет да се знае вистинското потекло на истото.
Не се викам Мишел, но ми е едно од поубавите . Дениција (ќерката обавезно го добива ова име, здравје ако има ќерка) Аврам, Константин.
Значи ако не ме разбра убаво, јас спомнав ВАРИЈАНТА, а не потекло. Името Александар кое преку вековите се наметнало во толку многу јазици и го припишуваш строго на Грција. Настрана тоа што историски и лингвистички. многу работи не се разрешени тука. Друго, нема потреба упорно да шириш полуточни информации за да создаваш забуна кај некој што би го прочитал ова. Ајде провери си убаво статистички во кои држави името Алексеј е најзастапено и ќе ти стане јасно Малку се сплетка, ОЛЕКСАНДР (без А) Е УКРАИНСКА ВАРИЈАНТА, руската гласи АЛЕКСАНДР (исто без А) но ајде да земеме за точно дека и ОЛЕКСАНДР е чисто руска варијанта, ако е така, тогаш АлександАр е македонската, па Алексеј треба да го бришеме според тебе од листата, така? Нема потреба за ономастика да ми објаснуваш, добро ги познавам овие работи. УБАВО ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ПРЕД ДА ИСТАПУВАТЕ СО ПОДАТОЦИ НА СВОЈА РАКА!
Ај УБАВО прочитај ми ги постовите, па врати се и провери си го твојот пост... ок? Никој не рече дека треба да го бришеме од листата, не се пали. Туку беше спомнато дека е руско име, јас единствено што кажав е дека НЕ е руско име (иако таму највеќе се користи) туку е старогрчко. што си образована цура! Ние другите обични смртници за жал солиме памет на своја рака, не знаеме да читаме и не сме иделе на факултет.... А околу потеклото на името Алексеј е ЈАСНО од каде е и не е ништо научно непотврдено. Не и го препишав на Грција туку реков дека е СТАРОгрчко, како Алексеј така и Александар. За некој што е убаво информиран, многу се буниш со основни термини како Грција и СТАРА Грција. Али добро, можда на факултет не лажат, можда и они се неинформирани и на своја рака даваат информации. Гледај сител и све ќе ти кажат, така испаѓа муабетов И те молам, читај ме убаво! Поздрав.
Па во врска со болдираното, без љутиш, искрено, таков впечаток оддаваш. Не скокај со навреди и бескорисни обиди за омаловажување кога немаш што друго да кажеш бе девојче, извини што ти разграничив основни поими што не си можела самата да ги разграничиш. Откако објаснив одма се налути. Кој сака може да провери, јас не лупнав ништо од ракав, за разлика од тебе. А и да, да, си ме разбрала убаво тука, цело време ти зборувам за НОВА Грција Нема белки да ме тераш и основни поими да ти објаснувам сега. Сител телевизија инаку не дека пратам, ја оставам на таквите како тебе и нивните набавтана муабети... НЕПОТКРЕПЕНИ. Се надевам дека ме послуша барем и провери статистика, ќе поднаучиш можеби нешто. Јас те читам убаво, ама и ти треба убаво да провериш некои работи пред да ги шириш на форум. Ако според тебе Алексеј е грчко име, тогаш сигурно и Аце, и Алесандро, и Алекс и Алехандро ги сметаш за грчки имиња кои слободно можат така да се наречат, тогаш нема со тебе што да се дискутира повеќе (не дека беше којзнае каква дискусија). Секое добро