Разговарав со неколку пријателки во врска со ова прашање, па одлучив да отворам тема и анкета. Оние кои имате завршено со вашето образование, пополнете ја анкетата. Доколку сеуште сте во процес на образование, може да испратите одговор кои се вашите планови за во иднина.
Моментално сум студент значи го завршувам високото образование. Уште 3 семестри пред мене! Кога ли поминаа, како вчера да бев матурантка.
Средно, паузирам неколку години, со желба во последно време во иднина да запишам и факултет. Можеби вонредно нешто, можеби и редовно ако одлучам дека ќе имам можност со деца да се посветам и на тоа.
Што е разлика во вишо и високо образование? Мислам дека е разлика во годините на дипломирање дали 3 или 4 или грешка сум ? Просветлете ме
Сигурно највкусни сендвичи правиш Шала на страна таква ни е дРЖАВИЧКАТА, јбг. Пс. Виц на твоја светка, у склоп со темата Зошто кафето во Македонија е највкусно? Затоа што го прават факултетски образовани луѓе. *само ја исмевам ситуацијата во која живееме, не се потсмрвсм никому, не е до нас...
Нивото на образование не е некој репер на интелигенција но е на други битни особини, истрајност, трпеливост, одговорност, амбиција и многу кажува за една личност ако има завршено факултет или некое повисоко образование.
Средно медицинска сестра,виша запишана во штип за истото,ама паузирам се зафатив со друга работа и некако незнам дали сакам да го работам тоа што го учам..
Високо- да го имав овој ум кога се запишував ич немаше да одам, туку ќе си работев и ќе си шетав по други држави, ќе си уживав. Вака џабе време, нерви и пари потрошив за со средно некој да оди да ја работи работата за која јас учев 4 години, а јас да работам нешо скрос трето.