1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Барав ваква тема, но не успеав да најдам, па затоа направив. ( Во случај да е дупла, се извинувам, ама навистина не видов :^) )

    Најпрвин бев убедена дека сакам во Георги, но некако одбивно почна да ми станува откако сите што ги прашав ми рекоа дека ќе одат во Георги, па така и изгубив интерес. Моментално се двоумам помеѓу ЈБТ и Орце. Свесна сум дека Орце е малце потешко, ама ниедно средно не е лесно, така да... Не можам да се одлучам помеѓу овие две гимназии бидејќи ми е потполно исто. :worried: Иако за ЈБТ не сум до толку сигурна со оглед на тоа дека сите ми имаат кажано дека е потешко за вклопување па дури и МАЈКА МИ. :^) :|

    Потребен ми е совет или како би постапиле вие на мое место. :)
     
    На Love.love му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Па колку што знам истото што се учи во ЈБТ се учи и во Орце. :^)
    Ме интересираше за тоа „вклопувањето“, наставниците и слично. :angel:
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
  4. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Теди и јас ќе бидам следната година 1ва ама јас не избирам дали сите ќе одат во таа гимназија. Избери ја гимназијата која тебе ти одговара без разлика на друштвото. Јас ќе одам Георги, и не одам за да се дружам или да избегам од друштвото, одам таму за да завршам добро средно училиште. Орце е мн тешко средно училиште и јас би те советувала да не одиш таму затоа што мн. пијатели имам што завршиле таму или уште учат и викаат дека е мн тешко . А за ЈБТ незнам. Ова е од мене се надевам дека ќе избереш добро. :)
     
  5. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Да, знам дека глупо звучи ова со Георги, ама не можам да објаснам точно што мислам и плус веќе го изгубив интересот за таа гимназија.

    Што се однесува до Орце, имам братучетка која учи таму, сега е втора година и вели дека не е толку тешко колку што опишуваат сите, плус татко и рече дека ретко коа ја гледа со книга во рака, а има сосема солидни оценки (без врски!) :^) Очигледно зависи од тоа кој како го сфаќа учењето. :$

    Кате читав тоа, али не ми помогна баш. :worried:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Кога ти е потполно исто што има да се двоумиш? Каде и да отидеш исто ќе ти биде. Разгледај некои други фактори, која гимназија ти е поблиску и некои други практични причини. Друго е да се доумиш дали гимназија или нешто по струка... Ама вака и не е некој голем проблем.
     
  7. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Имаш право али некако баш бидејќи е потполно исто потешко ми е до одлучам. :lol: За тоа која гимназија ми е поблиску ми е речиси исто. И сеа прашувам за наставниците, друштвото, иако свесна сум дека не се паѓа секоја генерација исто, и веројатно секој би си го фалел училиштето каде што учи/учел. И се обидувам да најдам нешто што би ми помогнало да одлучам која точно гимназија. :)
     
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Братучетка ми учеше во ЈБТ и ми кажуваше дека таму професорите ги информирале односно упатувале учениците за стипендии за студирање во странство, што мене лично многу ми се допадна. Инаку, јас не сум од Скопје и не можам да ти кажам вака или онака, но сакав да го кажам ова за ЈБТ.
    Поздрав и не се преоптоварувај многу, мислам средното училиште секој го завршува и само уживај, зашто средношколските се најубавите години :)
     
  9. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Па и не сум баш некој скроз одличен ученик за стипендија така да тоа не ми менува многу. :lol: :rofl:

    Едит: Би сакала ако има некој што учи или завршил во Орце да ми каже свои „впечатоци“, искуства и слично. :)
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Теди, јас веќе станав стручњак за средниве. :lol: Не, стварно, и јас треба да се запишувам и сите ги распрашувам како е, што е. Прво да ти кажам, немој да дозволиш да те разубедат околу тоа каде ТИ сакаш да се запишеш. И не верувај на разно разни муабети, зашто сигурно некои ќе имаат негативни критики за училиштето каде што ти ќе сакаш да се запишеш (а тоа може да е од чиста љубомора :^) ) и сега ти да се обесхрабриш. Ама еве штом веќе побара мислење, можам да ти кажам за трите гимназии. Видов дека не сакаш толку во Георги, ама зашто? :^) Школото си е баш добро и солидно, според образованието што го нуди, наставниците и друштвото што ќе го имаш таму. За тешко - средно тешко е. Е сега, Орце во моментов води и е рангирано како прво. (дури Корчагин го симна од престолот што беше прво :lol: ) Ама баш и не значи дека е потешко од Корчагин или ЈБТ. Сега сите си имаат различни мислења.. На пример во ЈБТ (ова ми имаат кажувано) оваа година за 2-3 месеци имале обработено 6 лектири, а во Орце само една. Ама па затоа може во Орце, пример зборам, се 5 лекции понапред со историја.. Така да, не значи тоа. Орце е построго од ЈБТ, тоа знам, мислам дека бараат повеќе да знаеш и имаат построги наставници. Па, ако не си баш одлична (добро сега зависи, не ме фаќај за збор, незнам колку четворки или тројки имаш ти :) ) можно е да не те примат ама не верувам. А, ако те примат ќе треба здраво да се стегнеш и да учиш. Братучед ми учи таму и е втора година и има стипендија, зашто беше прв во генерација.. и он си нема проблеми. Ајде сега за ЈБТ, омиленото мое, јас планирам да се запишувам таму. :) ЈБТ си е баш добро школо, имам таму братучетка и познајници. Нуди солидно образование, а за друштвото можеш добро друштво да најдеш таму. Сите викаат дека во ЈБТ учеле шмизли и дигнати, ама како што пишува во темата за ЈБТ, тие ги има само на почетокот и после се смируваат. А и да не се смират, игнор или ние сами ќе ги спуштиме, што ти е гајле. :D А и што ти е гајле дали некои носи штикли или ташна за искачање, ти дружи си се со тие што ти одговараат. Има некои построги наставници, како Ачковска по биологија и некоја Калајџиева, како ја викаат по хемија. Кај нив мора секој час да знаеш, без исклучоци. А другите наставници се онака океј. Според мене, ЈБТ е за нијанси построго или подобро од Георги (без навреда сега :$ ) ама со Орце неможе да се споредува. Т.е таму каде што ЈБТ потфрла, таму Орце е подобро, а таму каде што Орце потфрла, таму ЈБТ е подобро. Ама сепак, Орце си е построго. Мило ќе ми биде ако се запишеш во ЈБТ, јас 99 посто планирам таму, а ако не, сигурно одам во Георги. Се надевам дека ти помогнав. :* :*
     
    На dakaranani, cupcake27a и Viki.i им се допаѓа ова.
  11. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Многу ме израдува со постов, гледам си одвоила доста време за да ми одговориш. :)
    За Георги више кажав и не мислам да се предомислам иако можеби ви изгледа глупо. :worried:
    Иначе баш и го спомнав ова на мајка ми дека Орце е рангирано како најстрого (Дури и пред Корчагин) :^) и слатко ми се изнасмеа, сеа незнам можеби и навистина е така али... ! :)
    :lol: Ако идам у ЈБТ недај боже да ми се падне некоја од тие две наставнички бидејки баш тие два предмети ми се најголем проблем :$
    За запишувањето не ми е некој проблем. :$ :lol:
    И незнам зошто ама некако померачки ми е Орце, а сепак не сум сигурна. :worried: :(
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Нема проблем, кажи што и да ти треба. А инаку ако си се померачила за Орце, оди таму, зашто да не? Еве според мене, за мене подобро и полесно школо е ЈБТ, ама секој со своите размислувања и вкусови. ;) А инаку и јас сум тапа по хемија, а па биологија многу добро ми иде. :lol: Сега зависи ти што сакаш, дали сакаш да е полесно (нормално тоа скоро сите го сакаме. :lol:) или повеќе гледаш да стекнеш што подобро образование или да имаш подобро друштво. Сепак, јас мислам дека и двете школи го нудат истото, само мислам дека Орце има малку подобар образовен кадар и построги наставници. Сепак, одлуката е твоја.
    П.С. Ако се запишеш во ЈБТ, да ми кажеш, ќе си помагаме таму, а и што знаеш може да се паднеме во ист клас. :lol:
     
    На Teddey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Искрено, јас имам завршено средно гимназија и тоа не би го препорачала на деца( ниту на моите деца) кои не се баш солидни ученици ,бидејќи ќе си имаат работа со 4 години хемија, 4 години математика, физика, билогија и ред работи кои нема да им требаат. Најпаметно е да се запишеш во средно училиште кое има насока, економско, правен смер итн. Јас бев на пракса во Орце и таму владее голема дисциплина и строгост, сум била и во Јосип Броз, не можеш да замислиш колку обврски им даваат на учениците. Jас сум дефинитивно за некоја определена насока, каде ќе се усмериш баш за тоа што те бива. Aко си добар математичар оди во Корчагин, ако ти одат јазици оди во Јосип Бро, ако ти одат општествени науки оди во Орце, но ако сакаш да се усмериш во одреден правец оди си во стручно училиште. Поздрав
     
  14. Teddey

    Teddey Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    За стручно училиште не би можела да се одлучам бидејќи не сум сигурна што сакам за понатака. Така да гимназија е мојот избор, поточно Орце. :) Мајка ми се обидуваше вчера на сите начини да ме разубеди, кажувајќи ми дека Карев и Георги ми се поблиску, дека до ЈБТ можам полесно да стигнам за разлика од Орце, дека Карев е многу полесно, дека со исто учење во Карев можам да имам многу подобри оценки за разлика од Орце, дека ќе ми биде подобро за на факултет, дека Орце е едно од најтешките, дека можно е и да не ме примат и слични работи, не но успеа да ме разубеди што значи дека сум сигурна дека сакам Орце. :lol:

    Исто така да напоменам дека овој пост доста ми помогна.. :) И фала на сите. :D

     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Јас би ти препорачала да се запишеш во Георги.
    Во ЈБТ и Орце Николов, ќе се убиеш од учење. Тројката што ќе ја имаш во овие две, ваму ќе ти биде петка. ;) Гимназија си е гимназија.

    Што спомна Кет.Рин погоре, мене ми имаат кажувано дека баш поради рејтингот на училиштето не дозволуваат на крај многу да завршат доволни.

    Мене ме мачеше проблем дали да одам во „Никола Карев“ или „Орце Николов“, ама математика, физика и хемија ич не ми одат од рака, па се решив за „Лазар Личеноски“, но сепак уште некои 30% во мене ми викаат да се запишам во „Никола Карев“.
     
  16. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    И јас имам еден сличен проблем за средно незнам каде да се запишам. Се двоумам помеѓу "Никола Карев" и економско. Ми викаат дека економско било тешко подобро во Карев, ама па ваму има физика, хемија, биологија и математика, а овие предмети мене не ми се баш лесни.

    Ве молам за совет :) фала однапред
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    За Орце јас ќе ти кажам.. братучедка ми учи таму, сега е втора и нема врска не е ТОЛКУ тешко како што се збори.. Ок, она ми кажува дека бараат знаење, дисциплина и се тоа, ама па ако така гледаш сепан зависи од професорите а не им се сите такви.. Има и добри професорки на пример таа по историја што ја кажува срцка им е... Значи Орце да, највисоко рангирана гимназија е ама според мене тоа е плус само... И на крајот на краиштата сегде треба учење.. и јас се утепувам од учење некогаш и не спијам цела вечер ама тоа е... И исто така она ми кажува дека з адруштво Орце е супер.. многу добри деца се запишуваат таму, што и немора д ами каѓе, знам имам и други другарки од таму што ми го потврдуваат тоа.... Орце ако одбереш нема да згрешиш ;)

    А инаку Карев или економско :?: Па тоа се сосема различни правци :^) :!:
    Ако повеќе ти оди право, економија или такви некои предмети за бубање тогаш иди економско.. а ако сакаш хемија физика биологија и такви прирпдни науки тогаш гимназија.. ама како што викаш не ти идат, тогаш не се заглавувај во гимназија.. јас сум гимназиско и стварно некогаш ми доаѓа преку глава од хемија двојни и тројни врски |( , сепак и да одбереш гимназија во трета има распределба па пак можеш да си одбереш општествено ( тоа ти е со право и економија) ама пак ќе си тупиш глава 3 години со хемија физика... ако не ти идат, тогаш од старт иди си економско.. барем јас мислам полесно ќе поминеш ;)
     
  18. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Вака, јас ќе ти кажам нешто од мое лично искуство... Еден мој заклучок кој го донесов, во однос на изборот на средно образование( сега сум на факултет) ама пред 1 година излегов од тие клупи... Значи ако сакаш гимназија не ја бирај најстрогата, рејтингот нема врска... Средното ти е најважно да го завршиш со одлични оценки, никој за на факултет не ти гледа дали си завршила во Орце или во ПТТ ако си со сите петки и таму и таму, или некој од ПТТ може и да ти го земе местото тој со сите 5ки ти не.... Се е ова како пример... Јас завршив во Борис, бидејќи знаев што сакам, меѓутоа мн се каам, бидејќи требаше да одберам нешто полесно, каде што ќе поуживам и ќе си соберам нерви за на факултет... така да оди си во Карев, не се мерачи во Орце, Корчагин и слично... Карев, Ѓорѓи се одлични гимназии а плус ќе си ги изнаживееш средношколските години, и ќе уживаш во нив, верувај... Јас имав мн другари и другарки од таму и им завидував... Тоа ти е мојот совет... :D

    П.С. На кого му е опција економско, нека не го бира Борис. Јас завршив скрос одлична секоја година, меќутоа душата ми знае... Мн врскаџиско школо е, ќе ве иритира тоа премногу, а вие ќе окапувате од учење и од стрес на секој можен час...
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Воопшто не се согласувам!
    Како прво, сите предмети не се учат сите четири години. Ликовно и музичко се учат само две, а биологија, физика и хемија - 3 (освен ако не се определиш за природно математичко подрачје). Втора работа: имам многу другарки и другари од основно, што во средно се запишаа за определена струка, а потоа продолжија на факултет кој немаше никакви допирни точки со средното стручно (имам колешка на правен што завршила медицина средно :^) )! Ретко кој од полуматурантите знае што сака да биде во животот, ама откако ќе се запише средно стручно - после нема враќање. Си се определил за некоја струка, си се фокусирал на предмети кои би ти требале ако продолжиш со истата, ама на крајот сфаќаш дека не се пронаоѓаш во тоа и се запишуваш на некој сосема друг факултет кој нема врска со струката која си ја учел. Како сега мојата колешка што учела биологија и хемија како луда во медицина да напише есеј, критика на некој предлог закон или споредба на правни системи? И самата кажува дека кај нив во средно не се обрнувало толку внимание на македонски јазик и предмети од таков тип!
    Според мене гимназиското образование е најдобро, освен секако за средношколци кои знаат што сакаат да бидат во животот (ретки случаеви се, ама секоја чест за нив). За што и да се определиш после матурирањето во гимназија, нема да имаш толку големи потешкотии за разлика од проблемите со кои ќе се соочиш ако одбереш поразличен факултет од стручното средно.
     
  20. CoverGirl88

    CoverGirl88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Може ли за совеет?? сега 8мо сум и одлична сигурна дека сакам да се запишам факултет п.академија но за жал средно незнам,пошо мислам дека треба да имаш предзнаењет т.е стручно илии може некојаа гимназија??