Се двоумам помеѓу Корчагин и ПТТ(Електротехника-Електроника и телекомуникации смер). Од една страна многу ме интересира и влече електрониката, имам одено по натпревари автоматика и електроника со освоени места на државно. Додека, од друга страна сум првенец на генерација и успехот ми е 5,00. Ве молам за совет бидејќи уписите се утре и задутре.
Па многу зависи од тоа со што планираш да се бавиш во иднина, иако во текот на образованието тоа може да се промени. Јас би ти препорачала гимназија односно Корчагин, бидејќи ако случајно се предомислиш ќе имаш знаење од повеќе области, плус како што кажа, првенец си на генерација и не би требала да имаш потешкотии во Корчагин. Јас секогаш сум за гимназија пред некое стручно училиште. Но конечниот избор е твој.
Чекај, се двоумиш меѓу Корчагин и ПТТ?!Ме зезаш? Никој не се двоуми меѓу Корчагин и ПТТ затоа што тоа се две различни класи на училишта.Корчагин ти е за деца со просек 5,00, кои не ги мрзи да го загреат столчето и да научат како што треба.А во ПТТ одат деца на кои што не им се учи баш, и не се со многу јак просек.Ако си заинтересиран за електроника и автоматика, можеш да одиш во Корчагин зошто имаш и таму разни натпревари за тие области.И секако е она што го кажа Tenkai-во гимназија учиш се, па ако се предомислиш, не е проблем...Одлуката е секако твоја, ама размисли убаво...
Јас се запишав на економски.. Многу се мислев мегу општа гимназија и економски и на крај одлучив економски. Што мислите дали постапив добро? Тие што учат или економски или гимназија нека кажат дали им е тешко/ лесно ..
Мене не ми менува баш ништо и онака желба мми е економско...така дааа,во секој случај добро си постапила,според мене ако си сигурна дека сакаш да се занимаваш со економија тогаш да...
Ми треба совет!!! Јас сеуште сум тинејџерка,но имам голема желба кога ке пораснам да бидам фотограф и да работам во Њујорк.Но не сум сигурна дали ке ми се исплати да одам во гимназија или да одам во средно за камера.Бидејќи има шанса да не успеам во тоа.Ако отидам во средно за камера можам и да немам можност да одам во Њујорк,туку ке морам да барам работа со тешкотии.Затоа ми треба совет!!
Ми треба совет!!! За да фотографираш, за да пишуваш, за да црташ, за да пееш не ти треба школо и диплома. Ако тоа го правиш од срце и навистина вреди, самото ќе те однесе онаму каде што сакаш. За друг пат, имаш вакви теми за совети и мислења, провери пред да отвориш тема.
Ми треба совет!!! Како што рече gingerchild за тоа не ти треба диплома, треба само да имаш желба. Сепак, ако отидеш Гимназија имаш поголем избор за да се запишеш на факултет. Но ако веќе имаш некаква идеја за својата идна професија и мислиш дека ќе можеш да успееш во тоа, можеш и да одбереш средно училиште со таа струка
сакам средно да учам информатика и компијутерска техника..И сега за тоа треба да одам средно во техничко училиште или гимназија?Ве молам за помош.Благодарам однапред
Ама јас не знам за Битола, ама доколку има техничко училиште би требало и смер информатика да има. Најубаво ти е да си прашаш некој од Битола.
Гимназија, во трета бираш смер ПМА, после на информатички факултет. Ама ако имаш директен смер информатички во техничко училиште, оди си така, подобро е.
Маркетинг агент Јас сум 8-мо одделение и треба да одлучам наредната година во кое средно ќе се запишам. Сакам да се занимавам со реклами. Сакам да бидам маркетинг агент. Дај боже ќе бидма Јасмин Но незнам каде треба да продолжам. Ве молам помагајте. Кое средно треба да го упишам. Дали треба општа или пак има стручно училиште за тоа?И знам дека е рано за тоа, но сепак ќе прашам каде после средното ? Каков факултет да одберам за тоа? Рано е ама да знам на што сум.
осмо сум сеа и ств неам појма каде да идам средно. се мислам мегу горги, карев и орце. (дека ми се најблиску) за струка во горги несакам дека таму заврси сестрами, а гимназија неми е проблем да се запишам ама ми е глупо пошто после тешко е за на факултет.и за запишување и за учење. како професии што ме привлекуваат,незнам. сакам да бидам стјуардеса, ама мајка ми ми вика не дека е лошо после за со семејство кога ке имаш итн. друго сакам да фотографирам ама за тоа школо незнам дали има.и последна професија што ја сакам е како туристички агент или нешто др во врска со патување. -За туристички агент треба историја да се знае? -Помош?