Ако ти е изборот стриктно меѓу овие две тогаш оди Моша, барем струка ќе имаш а со ова другово ќе бидеш ко школо да не си завршила, а башка и поблиску до центар е Моша.И во него одат и одлични по успех деца, не е до толку пропаднато школото.Е единствено со албанциве може некој проблем да имаш ама ако не се закачаш не верувам дека би ти направиле нешто. Ама ако си со послаби оцени, тогаш можеш и во Гуц или некој смер во Георги да одиш, кај кај поцивилизарани школи од овие другиве ти се.
Не сум со слаби оценки,досега бев одлична само до 1-2 четворики,а и годинава изгледа така ке биде(ако учам).Можам да се запишам во појако школо (барем така мислам),ама не сум сигурна дали тоа ке биде правилно.. Иако сега малку попуштив со учењево,овој период ми беше малку лош,од летоскаа,ама порано си учев..
Одлична си, а се двоумиш меѓу Браќа Миладиновци и Моша? Е ова да видам, да не поверувам. Е во овој случај, ако те влече повеќе економско оди Борис милион пати подобро, а ако сакаш гимназија од мене најголема препорака за Орце имаш.
1-2 четворки?? и се двоумиш меѓу тие две? јас колку што знам во Моша и Браќа Миладиновци одат со ептен слаби оцени...2ки, 3ки...ако одиш економско-оди во Борис...а ако сакаш гимназија, тогаш Карев, Орце, ЈБТ или Корчагин
Ако си одлична не ни помислувај на Миладиновци! Најдобро ти е Јосип Броз, Орце, Корчагин или Карев да идеш, ако имаш основа (ако не ти се петките поклони) ќе пројдеш многу полесно отколку што мислиш. Плус ќе стекнеш знаење што многу ќе ти користи на факултет. Ова се едни од најелитните училишта во Македонија, така што кога веќе имаш петки, најдобро ти е за една од овие гимназии да се одлучиш.
Орце или КОрчагин? Ваше мислење? Не ме плаши фактот дека во Корчагин е построго, но да прашам каде е подобро за дружба и каде е подобро општо? Да сте на мое место, каде?
Што и да избереш нема да згрешиш. И двете гимназии се многу добри, дури и најдобри. После со гордост ќе кажуваш каде си завршила. Инаку да ти дадам одговор на твоите прашања: друштво ке најдеш и таму и таму ама можам да ти кажам стриктно за корчагин дека не се све бубалици многу се дружливи и фини децата, најубавите денови ќе ти поминат во школово, нема да сакаш да се разделиш од нив, учењето нема да те лажам тешко е сестра ми си треска глава од книги зошто и покрај толку учење добива тројки а на крај година со петни жили едвај петки ги прави (ама сепак успева) . Ако се запишеш тука ќе ги поминеш најубавите 4 години во твојот живот верувај, само малце учењето биди нон стоп со два прста во вис да те научат како добра и внимавај да не те фати на пик некоја професорка зошто има кожата да ти ја излупи и пак петка ке немаш (како математика на сестра ми). Сепак да не навлегувам толку детално општо мислам дека корчагин ти е подобро и дека ќе дојде ден гордо ќе кажеш ЈАС ЗАВРШИВ ВО КОРЧАГИН Толку од мене се надевам ти помогнав А сега да си прашам за мене Јас сум сега осмо и до сега бев со сите петки и оваа година ќе биде така сигурна сум. Но во дилема сум за тоа кое средно да го одберам. Се двоумам меѓу две: ЈБТ и Браќа Миладиновци - ветерина. Можеби ќе ми се смеете затоа што се довумам меѓу едно јако училиште и едно слабо ама навистина многу сакам животни и сигурна сум дека факултет ќе изберам ветеринарен, но од друга страна ме загрижува фактот дека тешко ќе ми биде на факултет бидејќи во ветерина без учење петки ке ми стават и исто така ме загрижува какви се децата друштвото. Ако заминам ЈБТ ќе имам добра основа и навика за учење на факултет и ќе ми биде полесно. Стварно незнам ептен се мислам и татко ми ме убедува да се запишам на ветерина него животна желба му е да станам ветеринар и ми вика дека со гордост ќе кажува каде сум се запишала (ако се запишам во ветерина средно) и еден ден (со господ напред) станам ветеринар. Да не ме разберете погрешно јас сакам да се запишам во средно ветеринарно ама очекувам мислења за учењето и друштвото таму, ако ептен не бидува втора опција ми е ЈБТ. Очекувам ваши мислења
Каде и да се запишеш ако учиш секаде ќе научиш. Моето школо не бараше многу учење, можеби бидејќи и немаше предмети со учење, но јас она што сметав дека ќе ми треба го учев, завршував претежно со сите петки, вкупно две четворки и една тројка, која верувале или не професорот и денес после 8 години се прашува зошто ми ја ставил, Мора да сум бил пијан Мики, ми рече во една прилика. Муабетот ми беше, ако имаш толкава желба за Ветерина ич не се двоуми, зошто да го трошиш времето на предмети кои нема да ти бидат од полза, пренасочи се на она што го сакаш, а за учење ич да не се сеќираш, ако сакаш, секаде можеш да научиш.
За тие што сакаат да се запишат во "послабите" гимназии запишете се.Кој каде сака таму.Зарем морало во Јбт,Орце или Корчагин? И да се одличен можеби несакаш таму и затоа немораш.Не ги слушајте другите,правете како мислете за вас дека е најдобро.И јас така ги слушав,ама убаво се зафркнав.
Ако си одлична или многу добра, мислам дека Браќа Миладиновци не е за тебе таму одат послабите ученици, со 2ки и 3ки додека ЈБТ е многу подобро, а и во центар е...после можеш да си избереш Природно-Математичко подрачје комбинација Б и да си одиш на ветеринарен Спојлер (не ми замерувајте за ваквите мислења, во повеќе наврати имам пишувано во овој стил...но што да правам, можеби тоа се некои предрасуди
можеби ми е рано (почеток на 7мо одд.) ама сите другарки веќе знаат каде ќе одат а јас уште појма сум инаку од Битола сум, и се мислам да одам во долната - Таки Даскалот ама сите другарки ми викаат таму оделе послабите ученици, ако одам во горната ќе можам што сакам да работам во иднина, во Таки Даскалот многу пушеле (што нема врска, во секое училиште има ученици што пушат) и сто други причини ми даваат да не одам.. инаку добра ученичка сум ама уште е рано, до осмо можеби многу работи ќе се сменат инаку секоја година поминувам со сите петки освен по физичко (секогаш четворчиња, на крај ми подаруваат петки, ама во средно не верувам дека ќе биде така).. незнам ништо за средните училишта, така да ако има Битолчанки во темава (а сигурно има) сакам да прашам кои се предностите од горната гимназија во споредба со долната ?? нешто другарките ми велат дека ако одам горната ќе можам што сакам да бидам, а ако одам во долната има одредени смерови.. е сега кога прашувам - а што можам во иднина да бидам ако одам во долната??? никоја не знае што да кажи.. малце ми е глупаво, сите знаат каде ќе одат, а јас ништо незнам
Ако имаш желба да се запишеш во ветерина, нека не те спречува фактот што не е толку елитно училиште. Вистина, оценки можеш да добиеш со 1 реченица што се вели, ама ако сакаш да имаш основа учи си. Никој не би ти пререкол зошто учиш повеќе, кога полесено можеш да добиеш оценка. Веќе не се учи за оцена, туку за знаење, така што ако ја имаш таа желба за ветеринарно не размислувај за гимназија. За децата во Миладиновци сум зборела и не би повторувала пак, единствено ако те интересира нешто повеќе пиши ми ЛП, двете училишта ги знаам како сопствената дланка хаха.
Па јас се запишав во Орце, супер е школото (не дека си го фалам, ама стварно ). Децата се супер, стварно некои шмизли такви скоро и да нема, или неои фраеришта што се прават, фини деца, на земја. За учење, па има учење не викам не, зависи и кои професори ќе ти се паднат, на пример мене најстрога генерација ми се падна , али се снаоѓам сега за сега. Зајадее има доста места - Форнети, маркет, бурекџилница, има и во школото бифе али не преферирам многу од таму да купувам.Исто тука ти се парк и зоолошка, нема нешто сообраќај, баш си е на мирно место школото.За автобуси незнам од кај си ама директно пред школо поминуваат 15А и 8, ако не ти се одговараат на Симпо ќе си чекаш.
За навиката за учење ич да не се плашиш. Ако ја имаш желбата и ако ти е интересно ќе си ја задржиш навиката Јас во средно не учев скоро ич. Ми беше лесна материјата и прочитував само кога не испрашуваа, колку да помине ред. Па еве ме на факултет, си ја сфаќам работата озбилно уште штом почнеме со учење. Се е до желбата. Ако те интересира и си сигурна дека тоа сакаш да го работиш слободно запиши се. И така од гимназија повеќе од пола од работите што се учат нема да ти користат никогаш повеќе во животот.
Здраво феминки Сега сум за прва година и уште се двоумам што да се запошам,највеке ме влече економски. Дали некој од вас учи средно економски..ве молам кажете ми нешто повеќе кои предмети се учат,дали е тешко и дали има работа за економистите.
Незнам ништо за школово ама за да ти помогнат феминките кои учат таму треба да кажеш кој смер сакаш да одиш за да ти кажат нешто за предметите, наставниците и сл. Инаку работа за економистите - кој како ке си се снајде. Ама секако дека е тешко, замисли ти 1000 економисти и сите да најдат работа - нема шанси.
Јас учам во гимназија,а братучетка ми сака да учи или во гимназија како мене или угостителско. Колку просекот треба да ти биде за во угостителско? Дали после може факултет да се учи за нутриционизам? Дали може да се учи за куварка во угостителско? И дали е добро школово?
Дечко ми има завршено во угостителско, туризам додуша ама после со многу труд заврши Економски и ете го сега е на постдипломски и доста е успешен во работата, вика дека средното многу му помогнало, поготово во неговиот смер, Маркетинг. Јас сум со средно уметничко па завршив Архитектура, нема правила, само тоа ќе кажам